Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 12)

5. Човековите права на самоопределување и идентитет

 

5. 1 Потекло и степен на човековите права

Според словенечкиот превод на оксфордскиот учебник за меѓународни односи, поглавје Човекови права[1], многу култури и цивилизации ја развиле идејата за иманентните вредности и  достоинството на луѓето, меѓутоа поимот дека луѓето се „носители на права“, е карактеристично европски. Според својот извор е средновековен, а во раниот модерен период бил вклучен во позитивното право на неколку европски држави. Во осумнаесеттиот век почнува бавен процес на ширење на идејата за „правата на човекот“ со признавање на правата на жената и преку кампањата против трговија со робови, како и правата на Неевропјаните. Овие воведни придвижувања, го подготвиле теренот за глобализација на процесот по 1945 година. Дошло до многу глобални и регионални спогодби и декларации, кои што се однесувале на човековите права и до настанок на невладина организација, каква што е Амнести Интернешенл, која што се бави со реализирање на човековите права. Истиот автор потенцира дека владата на САД, меѓувладината организација, како што е Меѓународниот монетарен фонд и Британската заедница на народи (Комонвелт), се повеќе и се поспорно го разбираат потпирањето на човековите права, како дел од својата надлежност.[2]

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 11)

4.5 Здрав разум

„Никој, на пример, не може да се откаже од способноста за расудување:со какви награди, или закани е можно да го натерате човек да верува, дека целото не е поголемо од еден негов поединечен дел, дека не постои Бог, дека телото, кое што се гледа дека е конечно, дека е нешто бесконечно, или воопштено, да верува било што, што е во спротивност со она што чувствува, мисли, верува? (Спиноза,„Политичка расправа“).“

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 10)

 4.4 Право на суд

 

Правното средство што денес ќе го претставам е наменето за Меѓународниот суд на правдата, темели на тврдење за ништовност на Привремената спогодба, а одлуката на судот ќе биде задолжителна за двете земји.

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 9)

4.2 Природно право

Цела Европа се крена на ноѕе во подршка на грчката неправда кон Македонија. Дваесет години ги применува Европа сите „научни“ достигнувања за да му заповеда на природниот закон и не и успева.

Европа заборавила, или мисли дека Македонците не знаат дека Антигона го ризикувала својот живот, сметајќи дека природното право да го погреба својот брат е појако од правото на Креонт, кој што забранил да се погреба нејзиниот брат, велејќи го следново за природните закони:

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 8)

На врвот на хиерархијата се обичајните прописи, а меѓу нив оној посебен вид, кој што го претставуваат општите правни начела, заеднички за внатрешните уредувања. Значи, обичајот е извор од највисок степен и е извор на општи норми, кои што како такви ги обврзуваат сите држави.[1]На второто скалило е договорот, а основа на неговиот обврзувачки ефект е пак обичајниот пропис и тоа нормата pacta sunt servenda.[2]На трет степен се извори кои што ги одредуваат дооговорите и  заради тоа тука спаѓаат и актите на меѓународните организации.[3]

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 7)

4. Ништовност на привремената согласност

4.1 Етика и право, како дел од етиката

„Никој не би сакал да постане некој друг, па дури и доколку тој „некој друг“ би ги имал сите добра (бидејќи Бог веќе ги има сите добра), туку сака да остане тоа што е(Аристотел, „Никомахова етика“).[1]

Доколку ниедна жива душа не сака да постане бог, за да ги поседува сите добра на овој свет, туку сака да си остане она што е, зошто Македонецот би сакал да постане некој друг, за да стане член на Европската унија?

Виде ли Грција плашливост кај нас Македонците, или некаква наша глупавост, па ни го смисли ова?[2]

Целта на секоја политика е постигнување блаженство(среќност) на сопствените државјани, а тоа се постигнува со етика, односно со природни и разумски доблести.[3]

Највисоката етика на Аристотел(според Спиноза, Цицерон и други) вели дека не е етички некој да ве уништи, уште помалку е етички самиот да се уништиш.

Доколку според највисоката етика, казнувани биле самоубијците со одсекување на рака, а наследниците трпеле последици, бидејќи се сметало дека самоубијците и нанеле штета на државата, уште пострашно е да се самоубие една држава. Меѓународната заедница треба да реагира како државите во антиката и да го казни поттикнувачот на самоубиство Грција, а не да ја поттикнува Македонија на самоубиство. Тоа никако не е етички.

Според мене, lex specialis за решавање на овој проблем е Виенската конвенција за договорно право, која што Македонија ја наследи од СФРЈ. Ова конвенција упатува и  на Повелбата на Обединетите нации, а исто така треба да се примени и Европската конвенција за човекови права.

Но, пред се, треба да се утврди дали случајот помеѓу Македонија и Грција, ја исполнува содржината на поимот меѓународен спор.

Државите имаат право на некој меѓународен суд да му го предложат било кој спор, кој што ги засега нивните односи. Важно е да се согласни, дека спорот ќе го предложат пред меѓународно правосудно тело, а неговата одлука ќе ја прифатат како обврзувачка. Заради извршување на меѓународната правосудна функција , во важност е поимот спор, кој што е еднакво широк и силовит и го обликува Сталниот меѓудржавен суд 1929 година, а го презеде и сегашниот Меѓународен суд на правдата:„спор е несогласување во однос на правната или фактичката состојба, спротивставеност на правните погледи или интереси на два субјекти“. Накратко, нема спротивставеност која што би била „примерна“, или „ непримерна“ за судење, бидејќи, доколку не поинаку, меѓународното право може да се произнесе во конкретен однос меѓу државите, во корист на слободата на државата, од која што спротивната страна нешто бара.Во конкретниов случај промена на име на држава.Постојат спорови во однос на кои што спротивставените страни се обврзуваат дека ќе му се подредат на секаков начин на востановениот меѓународен суд и спорови за чие што решавање не преземаат таква обврска, така да нивното евентуално решавање останува во рацете на „дипломатските канали“.Во конкретниов случај во Привремената спогодба е договорена надлежност на Меѓународниот суд на правдата, со еден исклучок.Самото разликување помеѓу правни и политички спорови кое што беше омилено помеѓу двете светски војни, денес има ограничено значење.Судската пракса не ја одрекува надлежноста на меѓународните судови.

Помеѓу одредбите, кои што се однесуваат на правните спорови спаѓа и член 36 став два од Статутот на Меѓународниот суд на правдата, кој што е закоренет според статутот на стариот Стален меѓудржавен суд, востановен во периодот на друштвото на народите.Како што веднаш ќе забележиме, членот 36, став два одредува дека државите што ќе дадат изјава ad hoc дека ја прифаќаат јурисдикцијата на судот како обврзувачка, можат да повикаат пред судот било која држава, која што објавила иста таква изјава, при што овој член одредува, дека изјавата за прифаќање на јурисдикцијата се однесува „на сите правни спорови, кои што се однесуваат на: а)толкување на некоја спогодба, б)било какво прашање од меѓународното право, в) постоење на некаков факт, што доколку се утврди, би значело кршење на некоја меѓудржавна обврска, г)природата, или опсегот на надоместот на штета, кој што мора да се даде за кршење на меѓународна обврска“.Меѓутоа не постојат случаеви, во кои што Меѓународниот суд на правдата не би сакал да суди во спорови заради приговор за „политичност“ на предметот, приговор кој што го истакнуваа(а судот го одби) Иран и САД во врска со предметот Дипломатски и конзуларен персонал во Техеран(пресуда од 24.05.1980.) и во предметот Војни и паравојни активности во Никарагва, надлежност и прифатливост.

Меѓународниот суд на правдата е формиран 1945 година, седиште има во Хаг и делува врз основа на статутот, кој што е анекс кон Повелбата на обединетите нации.Овој суд е израз на висок степен на институционализација:се работи за стален совет на судиите , кои што ги избира Генералното собрание и Советот за безбедност и кое што суди врз основа на прецизни и комплексни процедурални правила, кои што странките не можат да ги укинат.Меѓутоа и покрај тоа се работи за арбитражен суд, кој суди врз основа на спогодба помеѓу сите странки во спорот.

Не помалку важно, за правилно решавање на овој проблем е и хиерархијата што  владее помеѓу изворите на правото.



[1] “Nihče ne bi želel postati nekaj drugega, pa četudi bi to “nekaj drugega” imelo vse dobro)kajti bog že ima vse dobro), ampak želi ostati to, kar je(Aristotel, “Nikomahova etika”, Ljubljana, 2002, stran 279).”

[2] „ЕДИП…Та кажи богова ти, виде л’плашљивост ил’ какву глупост моју, те ми смисли то(Софокле, „Цар Едип“, Београд, 2001, страница 555)?“

[3] “Če je torej razum v primerjavi s človekom nekaj božanskega, tedaj je tudi življenje razuma nekaj božanskega v primerjavi s človeškim življenjem(Aristotel, “Nikomahova etika”, stran 317.Превел М.П.).”

Read More

Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 6)

3.4 Право

Како меѓународна организација, Меѓудржавниот суд во Хаг, мора да делува во склад со меѓународното право.Ги употребува сите категории на правни правила, кои што се однесуваат на правата и должностите на меѓународноправните субјекти. Статутот на меѓудржавниот суд[1] ги наведува следните три категории:

Read More