Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 10)

 4.4 Право на суд

 

Правното средство што денес ќе го претставам е наменето за Меѓународниот суд на правдата, темели на тврдење за ништовност на Привремената спогодба, а одлуката на судот ќе биде задолжителна за двете земји.

Кога Македонија ќе истакне приговор дека е во спротивност со меѓународното право да се преговара за името, ЕУ и ОН велат дека сме во право, но дека самите сме се согласиле со Привремената спогодба да преговараме.[1]

Поинаку кажано,;ЕУ и ОН ни велат дека тоа навистина е неправда, но дека сами сме си ја нанеле таа неправда.

Дали е така?

Имено Арисотел во петтата глава на „Никомахова етика“, која што ја обработува областа правда и правичност(како дел од етиката како наука), тврди дека:„… да се „трпи неправда“ не може да биде нешто посакувано.“

Тој тврди дека со сакање никој не дозволува со него да се постапува неправедно. Тоа не го сака никој, тоа не го сака ниту оној кој што не знае да се совлада самиот себеси; тоа се случува спротивно на неговото посакување. Никој, дури ни тој што не знае да се совладува самиот себеси, не сака нешто за што не е убеден дека е добро; тој греши само во тоа, што не го прави она, што по сопствено убедување би морал да го прави.“

Во конкретниов случај, тоа значи дека Обединетите Нации, односно Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации Сајрус Венс, на Македонија и ја претставиле Привремената спогодба како нешто добро, иако таа е неправда за Македонија, односно нејзините претставници.

Со непосредно учество на Обединетите Нации, повредено е едно од основните правила на Обединетите Нации и Европската Унија, а тоа mala fides. Обединетите Нации и Европската Унија не можат да се оправдаат со незнаење на сопственото ius cogens, кое што го прекршиле учествувајќи во склучувањето на Привремената спогодба. Лошата намера на ОН се утврдува според стандардот, дали просечен правник вработен во Обединетите Нации би составил ваков договор. Меѓутоа, во конкретниов случај стандардот мора да се подигне на најдобар правник во Обединетите Нации, бидејќи во склучувањето на Привремената спогодба како гаранција за праведноста и правичноста на Привремената спогодба гарантираат Обединетите Нации, преку свој Специјален претставник. Санкцијата за лоша намера е ништовност[2] на правното дело. За да биде појасно, кај нас лошата намера беше санкционирана во Законот за облигациони односи (1978) член 74, 104, 135, 136, и 264.

Во конкретниов случај, од суштествено значење е кое право треба да се примени за да се докаже ништовност на Привремената спогодба. Со оглед на тоа да се работи за договор меѓу две држави, се чини дека Виенската конвенција за договорно право (потпишана на 23 март 1969 во Виена, објавена во „СЛ.лист СФРЈ-Меѓународни договори и други договори“, бр.30/72, стапи на сила 1980) треба да биде правото што треба да се примени за да се докаже ништовноста на Привремената спогодба.

Според член 42, став 1 од Виенската конвенција за договорно право:

1:Важноста на договорот или согласноста на државите да бидат обврзани со овој договор може да се оспори само врз основа на ова конвенција.

Според член 44, став 2 од Виенската конвенција за договорно право:

2. На причината за ништовност или гаснење на договорот, повлекувањето на една членка или прекинувањето на примената на договорот кој што го признава ова конвенција, може да се повикува само во поглед на целиот договор, освен под условите што ги предвидуваат следната точка и член 60.

Како причина за ништовност на Привремената спогодба претставува фактот што во Привремената спогодба има одредби кои што се во спротивност со меѓународното ius cogens.

Според член 53 од Виенската конвенција за договорно право, ништовни се договорите кои што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право (ius cogens):

Ништовен е секој договор кој што во моментот на своето склучување е во спротивност со императивна норма на општото меѓународно право.[3]За потребите на ова конвенција, императивна норма на општото меѓународно право е норма која што ја прифатила и признала целокупната меѓународна заедница на држави како норма, од која што не е допуштено никакво отстапување и која што не може да се измени со нова норма на општото меѓународно право од ист карактер.

Од одредбата на член 30, став 1 на Виенската конвенција за договорно право, може да се заклучи дека во дефинирањето на ништовноста заради кршење на императивна норма на општото меѓународно право, влегува и членот 103 на Повелбата на Обединетите нации кој што гласи:

Доколу постои противречност помеѓу обврските на членовите на Обединетите нации според ова Повелба и нивните обврски по било кој меѓудржавен договор, преовладуваат нивните обврски по ова Повелба.[4]

Во конкретниов случај, Привремената спогодба има две норми, кои што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право.

Имено, членот 5 , став 1 одредува дека договорните страни ќе ги продолжат преговоорите за разликите во името на Македонија:

1. Страните се согласуваат да ги продолжат преговорите под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, според Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност, со намера да се постигне договор за разликите наведени во таа резолуција и во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност.

Цитираната норма е во спротивност со член 8 од Европската конвенција за човекови права, кој што го вклучува и правото на име, односно идентитет.

Повикувањето на Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845(1993), не можат да го одстранат овој недостаток, бидејќи тие резолуции се во спротивност со член 103 од Повелбата на Обединетите нации, која што на императивен начин одредува дека доколку некоја договорна норма е во спротивност со норма на Повелбата на Обединетите нации, се применува нормата од Повелбата на Обединетите нации. Во конкретниов случај резолуциите се во спротивност со член 1, став 2 и членот 55 на Повелбата на Обединетите нации. Како што беше кажано порано, Виенската конвенција за договорно право, која што претставува меродавно право за оценка на Привремената спогодба, во членот 30 се повикува на член 103 од Повелбата на Обединетите нации, односно на императивното право на Повелбата, во случајов член 1, став 2 и член 55.

Значи, со никакви резолуции и со никакви договори не смее да се постапува надвор од императивните норми, а во конкретниов случај, прво со резолуциите, а потоа со Привремената спогодба се повредени императивни норми.

Втора повреда на императивна норма на општото меѓународно право е нормата содржана во член 21, став 2 од Привремената спогодба.

Со ова одредба на Македонија и се забранува пристап до Меѓународниот суд на правдата за прашања од член 5, став 1, односно за името на Македонија.

Ова одредба го крши правото на суд, односно член 6(1) од Европската конвенција за човекови права, која што е императивна норма на општото меѓународно право.

Според член 93 од Повелбата на Обединетите нации, секоја членка е странка на Статутот на Меѓудржавниот суд и може да се обрати до судот. Поради тоа, се кршат когентните процесни правила на меѓудржавниот суд во Хаг.[5]

И според член 96 од Повелбата за Обединетите нации, Генералното собрание и Советот за безбедност, можат од Меѓудржавниот суд да побараат советодавно мислење за секое правно прашање, што посредно значи дека и Македонија преку овие тела може да побара советодавно мислење за нејзиниот прием под привременото име ПЈРМ, како и мислење за нормите од Привремената спогодба што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право.Тоа значи дека Македонија е попречена да ги остварува правата загарантирани со императивни норми на општото меѓународно право.

Спорните норми од Привремената спогодба се во спротивност и со Виенската конвенција за договорно право, член 66, како императивна норма на општото меѓународно право.

Имено, член 66 од Виенската конвенција за договорно право одредува:

Доколку во рок од 12 месеци од денот на ставањето примедби не беше можно да се постигне решение според точка 3 од член 65, се применува следната постапка:

а)секоја странка во спорот околу примената, или толкувањето на членовите 53 и 64 може со молба спорот да го поднесат на решавање  пред Меѓународниот суд на правдата, освен доколку членките не одлучат спогодбено, спорот да го изнесат пред арбитража;

б) секоја странка во спорот, околу примената или толкувањето на било кој друг член од оддел 5 на конвенцијата, можат да ја применат постапката спомната во прилогот на Конвенцијата, упатувајќи во тој смисол барање до генералниот секретар на Обединетите нации.



[1] Сосема поинаку смета Шопенхауер:„Ali pojam pravde, kao negacije nepravde, našao je svoju glavnu primenu, a bez sumnje i svoj pravi začetak, u slučajevima gde se pokušana nepravda silom brani. Sama ta odbrana ne može da bude nepravedna; ona je, dakle pravedna, iako bi s njom u vezi počinjeno nasilje-posmatrano po sebi i izdvojeno-bilo nepravedno. Ovde nju opravdava jedino njen motiv, drugim rečima-ona postaje pravedna. Ako neka jedinka u potvrđivanju svoje sopstvene volje ide tako daleko da ona prodire u oblast potvrđivanja volje, koje suštinski pripada mojoj ličnosti kao takvoj, i da time njega opovrgava-onda je moja odbrana od tog prodiranja samo opovrgavanje tog opovrgavanja i utoliko nije, s moje strane, ništa drugo doli potvrđivanje volje koja se suštinski i prvobitno pojavljuje u mom telu i koja je već implicite izražena pukom pojavom ovog tela; dakle, moja odbrana nije nepravedna; ona je, prema tome, p r a v e d n a. To znači: ja tada imam p r a v o  da ono tuđe opovrgavanje silom koja je potrebna  za njegovo ukidanje, a što može-iako se to da uvideti -ići sve do toga da usmrtim drugu jedinku od čijeg zločinjenja, kao prodorne spoljašnje sile, mogu protivdejstvom koje donekle prevlađuje tu silu da se branim, ne čineći pri tom nikakvu nepravdu, mogu, dakle, s pravom da se branim; jer, sve što se dešava na mojoj strani uvek leži samo u sferi potvrđivanja volje, koje suštinski pripada mojoj ličnosti kao takvoj i koje je već njome izraženo, (leži u sveri koja je poprište sukoba) i ne prodire u tuđu sferu, prema tome, nije ništa drugo doli negacija negacije, dakle afirmacija a ne negacija. Znači, ja mogu tuđu volju-koja opovrgava moju volju što se u mom telu i u primeni njegovih moći na njegovo održanje pojavljuje ne opovrgavajući ičiju tuđu volju koja se drži istih međa-da bez n e p r a v d e  p r i s i l i m da odustane od tog opovrgavanja: to jest, ja utoliko imam p r a v o  n a  p r i s i l u (“Svet kao volja i pretstava” I/2, Beograd, 1984, stranica 98-99).”

[2]Ex nihilo nihili. Iz nič ni nič. Za dosego določenega pravnega učinka so praviloma potrebna ustrezna pravna dejanja. Samo izjemoma nastopajo pravni učinki  sami po sebi (ipso iure). Kolikor je ravnanje strank nično, nima nobenih pravnih posledic. Ničnost nima za posledico nastanka pravice ali kakega drugega pravnega učinka (prof.dr.Janez Kranjc, “Latinski pravni reki”, Ljubljana, 2000, stran 86).”

[3] Conforti B., “Mednarodno pravo”(VI izdaja, slovenski prevod), stran 175-182.

[4] Ибидем

[5]Cursus curiae est lex curiae.Postopek sodišča je zakon sodišča.Postopkovna pravila zavezujejo sodišče, ki se jih mora držati.(Bistvena) kršitev določb postopka je zato praviloma razlog za uveljavljanje rednih in izrednih pravnih sredstev(prof.dr.Janez Kranjc, “Latinski pravni reki”, stran 62).”