Што по пресудата

„Дај му на будалата доволно јаже, па самиот ќе се обеси(англиска поговорка)“-, вака ја завршив една колумна во „Нова Македонија“ на 05.01.2011.година, сакајќи да предупредам  дека со тужбата во Хаг работиме против себе.

„Доколку Владата успее со тужбата, тогаш сами сме си го ставиле јажето и ќе мора да правиме компромис“, сум запишал во истата колумна, скоро пред една година.

Вчера(27.11.2011.година) ја добиме веста од грчкиот весник „Катимерини“ дека сме успеале со тужбата.

Намерно не велам;нашите медиуми, бидејќи на 24.01.2011.година сум напишал колумна „Грчка лажга“, објаснувајќи дека кршењето на Привремената спогодба е грчка лажга на која сме се фатиле, со голема помош на УДБОМАФИЈАТА.

Ни притисокот на сегашноста, односно „добрата вест“ за пресудата не ми го помати памеот, за да изменам нешто од својата колумна.

Значи, да го повторам заклучокот од моите колумни напишани пред една година;сега ќе мора да направиме компромис за името, во спротивно Грција ќе не тужи за неисполнување на Привемената согласност.

За време на траењето на спорот, благовремено предложив прејудициелна тужба за ништавност на Привремената согласност.

Бидејќи Владата не ме послуша, по завршувањето на парницата предложив Владата да вложи до Грција ијава за ништавност, а доколку Грција во рок од 12 месеци не одговори на изјавата, Македонија да вложи жалба пред меѓународниот суд на правдата.

Владата ни тоа не го направи и сега сме тука, каде што сме.

Дали победивме, или загубивме, како што тврдев и тврдам јас?

Мојот одговор го знаете, тој е содржан и во мојата „Стратегија“, а вие сами одговорете си на ова прашање.

Во ова Колумна ќе воведам сосема ново тврдење. Тврдење дека со Привремената согласност ни се прекршува човековото право на суд, бидејќи на договорните страни не им се дозволува суд за името.

Според член 21, став 2 од Привремената согласност:

„2. Сите разлики или спорови што ќе се јават меѓу страните во врска со толкувањето или спроведувањето на ова Привремена согласност можат да се поднесат од која и да е страна до Меѓународниот суд на правдата, со исклучок на разликата наведена во член 5, став 1.“

А членот 5, во спротивност со правото на самоопределување(член 1, став 2 и член 55 од Повелбата) одредува преговори за правото на самоопределување, колку и да се крие зад резолуциите, односно за името Македонија и гласи:

„Страните се согласни да ги продолжат преговорите под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, според Резолуцијата 845(1993) на Советот за безбедност, со намера да се постигне договор за разликите наведени во таа Резолуција и во Резолуцијата 817(1993) на Советот за безбедност.“

Меѓутоа, заради УДБОМАФИЈАТА која што владее со Македонија, ние не знаеме кој сакал ваква одредба:Македонија, Грција, или Меѓународната заедница.

Во моментов немам доволно материјал за правен силогизам, но важноста на темата ме тера да соопштам тоа што го знам, а некои од моите читатели можеби ќе ја продолжат мојата работа.Зашто, како што вели Аристотел, добриот почеток е повеќе од половина.

Голема премиса за моево тврдење, сосема сигурно е член 6(1) од ЕКЧП, но потребно е да се најде правото на суд и во Повелбата.

Реторички знак за моево тврдење е и Библијата. Кога Мојсие слегол со законите што му ги дал Бог од Синај, тој првото нешто што го направил било тоа што поставил судии, односно на Евреите им го овозможил правото на суд.

За да откриеме кој им го укинал човековото право на суд на Македонците за името Македонија,  мора да постапиме како големиот Цицерон и да се запрашаме:cui bono(кој има интерес)?

Всушност, така постапува и проф. д-р Боштјан Зупанчич(сега претседател на Третата секција на Европскиот суд за човекови права), напаѓајќи ја во издвоено мислење одлуката на Уставниот суд на Словенија, чиј што судија е и тој(1998 година):„Не се колебам да запишам, дека за Словенечкиот народ би било уште покатастрофално, доколку преку сегашната пререгулација, некоја друга политичка опција си обезбеди доминација над не-автономниот универзитет, која што над автономниот универзитет не би ја имала.Треба да се запрашаме Cui bono?-, кому значи му користи неавтономниот универзитет?

Се чини, дека на тие медиокритети, кои што во авторитарната пре-регулација, наоѓаат можност за авторитарно владеење со универзитетот.На комунистичкиот патернализам му беа потребни многу десетлетија, за да го клекне универзитетот на колена, а тоа е, во многу работи да и ги одземе мерилата за одличност, која што на секој универзитет мора да биде одлучувачка(Одлука на Уставниот суд на Република Словенија U-I-34/94 22.01.1998.).“

Она што се медиокритетите за проф. Зупанчич, тоа за Равникар(„УДБОМАФИЈА“) се козите што ја чуваат градината.

Значи, УДБОМАФИЈАТА во Македонија има интерес да и помогне на Грција, бидејќи Грција ќе ја остави да владее и по влегувањето на Македонија во ЕУ.

Дека Грција има корист на Македонија да и се одземе правото на суд за нејзиното име, не треба да се биде особено бистар.

Но, и ЕУ може да влезе во тие што би имале интерес.

Според учебникот од Кембриџ што ни го преведе Груески:

„Секако, многу од најсериозните меѓународни конфликти можат и никогаш да не се појават пред Суд, поради желбата од државите да не ги ставаат клучните интереси во рацете на задолжителна одлука од трета странка, додека порастот на други средства на регионални и глобални решенија за спорови не може да биде занемарено( M. N. Shaw, “International Law”, Cambridge University Press, 2008, македонски превод од 2009, страница 939).“

Read More