Грција од Македонија направи карикатура

“Срамот трае подолго од животот (Арапска).”[1]

Секое општество, барем во својата претстава, се труди противникот да го сведе на карикатура и да го измачи. На пример, таква карикатура е нашиот “негативец”. Во Римската империја, Евреинот бил изредуциран до карикатура. За побожните, безбожникот е карикатура, а за аристократите, човекот од народот.[2]

Таква карикатура направи од нас Грција со Времената и Преспанскиот.

Сета наша социологија го познава нагонот на стадото, што значи нагонот на собрани нули. Доблесно е да се биде нула.[3]

Нашите нули распоредени во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и овозможија на Грција да направи од нас карикатура. И сега се чудат што им се случува со Бугарија, со едно нелојално албанско малцинство. Па и тие гледаат дека сме карикатура.

Дозволувањето да ни се прекрши најважното човеково право, правото на самоопределување, од нас направи карикатура.

И тоа, во ситуација, кога го имаа на располагање моето правно средство.

Она што беше Версајскиот договор[4] за Германија, тоа е Времената согласност за Македонија.

Франција не пропушта прилика да ја потресува Германија, кога ќе и се укаже прилика за тоа. Постојано бара нови разоружувања на Германија и поставува ограбувачки економски барања. Франција, систематски го поткопува државното единство на Германија. Чувството за национална чест на Германија е столчена и изумира.[5]

Хитлер ќе заклучи: „Ако таквото политичко угнетување и економскиот грабеж траат 10-20 години, тие би можеле да ја уништат и најсилната држава. И токму на тој начин, целта на Франција би била постигната.”[6]

Македонија издржа скоро триесет години со Времената согласност и попушти по мојот докторат донесен од ЕУ, кој овозможува утврдување ништовност на Времената согласност. Времената согласност е темелот на кој израсна Преспанскиот.

Тој темел, уште може да се сруши со мојот докторат, а тоа значи рушење и на Преспанскиот договор.

Моргентау, 40 месеци ги проучувал собраните дела на Ниче.[7]

Неговото искуство како млад правник било; дека сите судии ги мразат Евреите (самиот бил Евреин). Заклучил дека не се важни правните аргументи, туку распределбата на моќта. Врз основа на овој заклучок, основал нова наука Меѓународни односи, која се изучува на сите правни факултети на Западот и кај нас.

Јас, покрај тоа што го побив делот од неговата наука што му пречеше на мојот докторат, науката на овој неспорно голем ум, во докторатот ја нареков “франкештајн”, односно докажав дека не е наука. Словенечката наука тоа го прифати, иако и во Словенија, на сите три правни факултети се предава предметот Меѓународни односи.[8]

На еристичкиот трик argumentum ad baculum му се дава ново име и тоа се прогласува за нова наука. Апологети на ова нова измама, како д-р Малески и д-р Фрчковски, посебно и се склони и ја „дообјаснуваат” со поими како „мека моќ” и слично, за да можат да го кршат меѓународното право.

За овие луѓе цел на политичкото делување е моќта. А политичката моќ за нив е моќ над мислите и дејствувањето на луѓето.[9]

Така, полесно се освојува туѓото.

Но, Западот не заборава дека Демостен одамна кажал, дека никој не е подготвен за зголемување на својата сопственост да се бори така, како што е подготвен да ја брани оној  што веќе ја стекнал. Сите загрижено се трудат да го спасат загрозениот имот. Со настојувањето да се зголеми имотот, не е баш така; на луѓето може тоа да им биде цел, но доколку не го постигнат, немаат чувство дека им е направена неправда.[10]

Така, Грција, со помош на Германија и Австрија, преку Времената согласност и Преспанскиот договор, се бори да ни го одземе нашето, но ние ќе го одбраниме со помош на мојот докторат.

Во друга колумна веќе објаснив дека СДСМ (УДБА) и ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА) се внатрешна војска на Грција (формирана од Германија и Австрија) кои до референдумот успешно војуваа против Македонскиот народ со еристичките трикови argumentum ab utili (ЕУ) и argumentum ad baculum (НАТО).

Сега веќе не е така. Внатрешните војски на Грција се во паника. Не затоа што сватиле дека се жртви на еристичките трикови погоре спомнати, туку затоа што еристичките трикови исчезнуваат пред нивни очи.

Има ли човек со здрав разум што верува дека ЕУ ќе преживее после одлуката на Уставниот суд на Германија. После изјавата на Макрон, дека таа е на работ на амбис. После заминувањето на Англија. После Корона вирусот.

Има ли човек што верува дека НАТО ќе преживее после изјавата на Макрон, дека НАТО е во состојба на мозочна смрт. Трамп уште пред тоа кажа дека НАТО е прескап за Америка.

Кој, попрецизно, ги формира внатрешните војски на Грција?

Дипломатите на Западот, а пред се дипломатите на Германија и Австрија.

Зошто експлицитно споменувам имиња?

Заради тоа што мојот докторат е одбранет кај нив. Во дипломата и придружните акти пишува дека можам да работам на најсложени правни задачи (посложено од професор по право нема) во било која членка на ЕУ. Во докторатот е докажано дека ЕУ лаже кога вели дека мора да биде солидарна со Грција. Во докторатот е докажано дека ЕУ лаже кога вели дека на овој спор може да се примени volenti non fit iniuria.

Доколку не бев во право досега ќе ме растргаа.

Докторатот не можат да ми го прогласат за плагијат, зашто прв на светот го предлагам ова правно средство. Досега не е употребено. Како никој досега, составив полисилогизам, од кој што не можат да уништат ни премиса на било кој просилогизам. Сè е совршено и според Аристотел.

Значи, докторатот е најоригинален и решава светски проблем.

Затоа, јас оправдано го презирам[11] Западот. Особено Германија и Австрија.

Јас уживам во презирањето, а тие тоа го гледаат и го чувствуваат.

Последниот голем филозоф, германскиот филозоф Ниче, вели дека рецепт за среќност е да си се воодушевуваш самиот на себеси и да бидеш на улица за да можеш да презираш.[12]

Причина за да си се воодушевуваам на самиот себе е мојот докторат, кој што освен што го решава најголемиот проблем на Македонија, ја побива ЕУ (читај Германија и Австрија) кога лаже дека мора да биде солидарна со Грција и кога лаже дека во случајов треба да се примени volenti non fit iniuria.

Мојата улица се моите разумни читатели на кои што отворено им го соопштувам мојот презир кон Западот (особено Германија и Австрија), во ситуација кога никој не се ни обиде да ме побие, а камоли да расправа со мене.

Презирот е оправдан и здрав. Не само што докажав незнаење, туку и mala fides на Западот.

Наместо да си фрустриран заради неправдата, презирај и ти мој разумен читателу.

Презирот, освен задоволство, дава и голема моќ за борба до победа.

 

—————————————————————–

[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox Populi:Zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 299.

[2] NIETZSCHE, Friedrich, Volja do moči : poskus prevrednotenja vseh vrednot : Iz zapuščine 1884/1888-Ponatis iz leta 1991.-Ljubljana, Slovenska matica, 2004, stran 2015.

[3] Ибидем, страница 53.

[4] Наукат се согласува дека овој договор бил непрведен и една од причините за Втората светска војна.

[5] Хитлер, Адолф, Мојата борба-Скопје : Ѓурѓа, 2005, стрniča 573

[6] Ибидем.

[7] KOSKENNIEMI, Martti, Blagi prosvetitelj narodov : vzpon in padec mednarodnega prava 1870-1960- Ljubljana, Založba fakultete za družbene vede : Ministrstvo za zunanje zadeve Republike Slovenije, 2012, stran 426.

[8] Види во  мојот докторат „Problem imena države „Republika Makedonija”  v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[9] MORGENTHAU, Hans J. Politika med narodi : borba za moč in mir-Ljubljana : DZS, 1995, stran 184.

[10] Ибидем, страница 186.

[11] Многу негативен однос до некого, кој што извира од убедувањето за негова помала вредност, невредност (мој превод на дефиницијата на поимот презир, од Речникот на словенечкиот книжевен јазик, во издание на Словенечката академија на науките и уметностите https://fran.si/iskanje?View=1&Query=Prezir).
“Сета веселост на срцето произлегува од тоа што можеме за себе да мислиме убаво, во однос на друг (Шопенхауер).” Јас имав и имам проблем што страдам заедно со оние што заслужуваат презир, а самиот со ништо не сум заслужил презир. Така да, за мене и за другите добри луѓе, Шопенхауер е душевен лекар, кој не ослободува од страдањата и не учи да уживаме во презирањето, кое треба да биде резултат на спознавање на вистината. Од презирањето се плашат неспособните.

[12] NIETZSCHE, Friedrich, Vesela znanost-Ljubljana : Slovenska matica, 2005, stran 160-161.

  •