Плачи, плачи…
Јас се’ што ви говорам тоа го имам и видено, а доколку сум се излажал додека сум гледал, не ве лажам додека ви говорам..„.[1]
Read MoreСонот на Раскољников
Прва причина зошто се чини дека телесните уживања се најважни е таа, што уживањата ја изгонуваат душевната болка. Особено доколку болката е преголема, тогаш луѓето посегнуваат по прекумерно телесно уживање, како некаков лек. Секс, прејадување, пијанчење. Лековите мора да бидат ефикасни, затоа луѓето бараат такви лекови, кои што предизвикуваат впечаток дека се вистинска спротивност на душевната болка.[1]
Read MoreПлатон Каратаев
Тежнеењето за слава ни најмалку не се разликува од нагонот за самоодржување кај сите суштества. Се чини дека ние го зголемуваме своето суштество кога можеме да им го наметнеме на памтењето на другите; така стекнуваме еден нов живот, кој што ни станува исто така драгоцен како и животот што ни го дал бог.[1]
Read MoreСмрт, живот, страв
Во ова време на смрт, се сеќаваме на Америка и нејзините домородци.
Каква штета што ова освојување не го направи Александар Македонски.
Американците ги уништи тоа што беа подобри од Западна Европа и со тоа сами себе се предадоа. Подобри од Западна Европа во побожност, во почитување на закони, во доброта. Европските завојувачи ги подложија со лукавства и пеливански мајстории. Ги подложија со чудесно светкање на огледалца и ножеви, за кои домородците даваа цели богатства во злато и драги камења. Доколку на ова му се додадат громовите на западноевропските пушки и топови, кои што би го збуниле и Цезар, јасно е дека беа фатени на изненадување. Ги изиграа со привидно пријателство и добронамерност. Споредете ја ова несразмерност во корист на завојувачот и вие ќе им одземете секаква вредност на нивните победи.[1]
Read MoreЗастрашување и употреба на нуклеарно оружје и кризата во Украина
“Непосредна цел на политичкото делување е моќта. Политичката моќ е моќ над мислите и дејствијата на луѓето.„[1]
Меѓународниот суд на правдата во своето правно мислење, кога е во прашање правото на постоење, за застрашувањето и употребата на нуклеарно оружје го дава следново мислење: „Што се однесува до денешната состојба на меѓународното право и елементите на фактите со кои што располага, судот не може конечно да реши, дека заканата, или употребата на нуклеарно оружје е законита, или незаконита во крајни услови на самоодбрана, во кои што би било загрозено самото постоење на државата.„[2]
Read MoreДенацификација на Германија, како решение за кризата во Украина
Доколку целта на Западот е прогрес и ширење на цивилизација, тогаш многу лесно може да се претпостави, дека освен уништувањето на луѓето и нивното богатство, има други поупатни патишта за ширење на цивилизацијата.[1]
Read More
Што се случува во Украина
Доколку афектите ги поделиме на жалост и радост, ние сме под силен притисок на афектот жалост, или попрецизно страв.
Чудно ни е како државници сакаат војна, во ситуација кога се сигурни дека не можат да победат, ниту Западот, ниту Русија.
Read More
Последни коментари