Застрашување и употреба на нуклеарно оружје и кризата во Украина

“Непосредна цел на политичкото делување е моќта. Политичката моќ е моќ над мислите и дејствијата на луѓето.„[1]

Меѓународниот суд на правдата во своето правно мислење, кога е во прашање правото на постоење, за застрашувањето и употребата на нуклеарно оружје го дава следново мислење: „Што се однесува до денешната состојба на меѓународното право и елементите на фактите со кои што располага, судот не може конечно да реши, дека заканата, или употребата на нуклеарно оружје е законита, или незаконита во крајни услови на самоодбрана, во кои што би било загрозено самото постоење на државата.„[2]

Значи, судот во краен случај на самоодбрана допушти, дека кога е загрозено постоењето на државата, застрашувањето и употребата на нуклеарно оружје е законита.[3]

“На пример, можеби е точно дека ICBM длабоко во нашата внатрешност го загрозуваат Советскиот сојуз исто така како и проектилите со краток досег, насочени во него од другата страна на нејзината граница. Меѓутоа веројатно е дека советските водачи повеќе ќе се вознемират заради втората можност. За разлика од ICBM, се чини дека блиските проектили изразуваат ароганција, а исто така и моќ, а можеби и поголема нејасност за одговорноста за нивното истрелување. Доколку остане незаштитен, јасно покажува дека е наменет за почетен напад, а не за повратни мерки.”[4]

Војната помеѓу Русија и Америка нема да започне со стратешки нуклеарен судир, туку најверојатно ќе ескалира. Одбрамбената политика на Атланскиот сојуз темели на безобзирна ескалација. Службени метафори за ескалација се „синџир на застрашување„, „спирала на застрашување„, „непрекинато застрашување„; ќе инсталираат нови ракети, за да го усовршат тој синџир, таа спирала,тој континуум.[5]

Мисла водилка на Западот е да преговара од позиција на моќ. Преговарањето од позиција на моќ носи чудесни резултати и е многу ефикасен начин на преговарање. Но, овој начин на преговарање подразбира и да имаш навистина доволно воена моќ.[6]

Во конкретниов случај, Путин изјави дека само Русија има ракети против кои нема одбрана.

Од друга страна, познат е случај значењето на целта да влијае на психолошката предност. Унгарија беше поважна за Советскиот сојуз од значењето што Унгарија го имаше за Западот. Во ситуација кога Западот беше воено помоќен од Советскиот сојуз, Западот не посредуваше од страв, дека Советскиот сојуз би ризикувала се’ за да победи.[7]

Онаа страна што е подготвена повеќе да ризикува, или ќе успее да го убеди противникот дека е подготвена на тоа, добива психолошка предност.[8]

Во конкретниов случај со кризата во Украина, Русија уште пред почетокот на кризата изјави дека е притерана во ќоше. Во ваков момент науката смета дека се создадени услови за преговори.[9]

Русија понуди нацрт дневен ред со предлог решенија, кој што Западот го одби.

Западот на тој начин одби да прифати дека постои “притерување во ќоше” и токму во тој момент ја подигна “температурата” во Украина, за да ги зајакне своите преговарачки позиции.[10]

Низ директни и индиректни контакти, Западот и Русија, низ пропаганда наменета за своите сојузници и домашната јавност им пренесуваат три пораки. Првата е дека имаат важни заеднички интереси, како и интерси кои што ги раздвојуваат. Втората е дека катастрофата е неизбежна доколку не дојде до преговори, а третата е дека постои можност за пронаоѓање решение.[11]

Во конкретниов случај беше користен еуфемизам “златни скали” по кои што треба да се спушти Путин, кој значеше дека Западот е подготвен со еуфемизми, да ги прифати сите цели што ги постави Русија за Украина.

Од друга страна Русија парираше со “Наташа фром Раша” за да го релативизира дејството на санкциите и за да го предочи она што е важно за една држава.

Се покажа дека Кисинџер бил во право за застрашувањето. Застрашувањето не беше ефикасно против Русија кога Западот имаше монопол врз нуклеарното оружје, сега барем ич. Застрашувањето ќе распише награда за непромисленост и така ќе ја поткопа психолошката основа за надворешната политика на Западот. Доведе до дипломатија на преправање, во која што дури и успехот може да доведе до нестабилност. Доколку се стекне впечаток дека застрашувањето и противзастрашувањето секогаш ќе го реши некој што ќе се повлече, конечната пресметка помеѓу Русија и Западаот може да ја започне токму таквото привидно чувство на безбедност.[12]

“Велат дека САД ќе се отарасат од својата должност кон сојузниците. Со тоа, на државите каде што се нивните бази им велат, не плашете се, доколку Советскиот сојуз ве здроби, ве удри со повратен напад со ракети, ние ќе дојдеме на вашиот погреб, откако ќе ве здроби.”[13]                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                         


[1] Превел М.П. : MORGENTHAU, Hans J. , Politika med narodi : borba za moč in mir-Ljubljana : DZS, 1995, stran 184.

[2] Превел М. П. : TÜRK, Danilo, Temelji mednarodnega prava-Ljubljana : GV Založba, 2007, stran 98.

[3] Ибидем.

[4] Превел М. П. : Bernard Brodie vo : LUARD, Evan, Človek, država in vojna-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2001, stran 628-629.

[5] Leon Wieseltier vo: MORGENTHAU, Hans J. , Politika med narodi : borba za moč in mir- Ljubljana : DZS, 1995, stran 546.

[6] MORGENTHAU, Hans J. , Politika med narodi : borba za moč in mir- Ljubljana : DZS, 1995, страница  629.

[7] Henry Kissinger vo : LUARD, Evan, Človek, država in vojna-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2001, stran 630.

[8] Ибидем, страница 631.

[9] БЕРИЏ, Џоф Р., Diplomatija : teorija i praksa-Beograd : Filip Višnjić” :Akademija za diplomatiju i bezbednost, 2008, stranica 60.

[10] Ибидем, страница 60 и 63.

[11] Ибидем, страница 61-62.

[12] Henry Kissinger vo : LUARD, Evan, Človek, država in vojna-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2001, stran 635.

[13] Превел М. П. : Henry Kissinger vo : LUARD, Evan, Človek, država in vojna-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2001, stran 634.

  •