Враќањето на името е најважна работа за Македонија

Не сум бил и не сум член на ниедна партија.

ИНТЕГРА конзервативна македонска партија, партија во подем и со компетентен водач, ме покани да бидам непартиски министер за правда во сенка, доколку дојде во позиција да формира влада. Заклучив дека оваа партија најмногу наликува на Партијата на македонскиот народ, што ја насликав во мојата колумна „Каква партија му треба на македонскиот народ за да го употреби моето правно средство и да ја победиме Грција и цел Запад”.

На ИНТЕГРА и кажав дека се разликуваме (се гледа од моите колумни), но се согласивме дека и на партијата и мене најважна работа ни е да го вратиме името.

Како евентуален министер, јас би имал целосна независност во враќањето на името. Избор на светски познати адвокати, како и мој предлог за судија ad hoc за Македонија. Се договоривме дека името за внатрешна употреба ќе го вратиме во првите сто дена (доколку дојдат во позиција да формираат влада). Тоа значи дека таблите ќе паднат во првите сто дена, врз основа на меѓународното право, односно член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН.

За сево ова подготвивме меморандум за соработка и разбирање, кој што деновиве треба да биде потпишан.

Изготвив програма за условно мојот ресор која што во целост не е прифатена од партијата, како програма (платформа) на партијата.

Дозволено ми е ангажирање на судии и обвинители странци, за воспоставување на владеење на правото.

Уште еднаш повторувам: евентуалната влада на оваа партија за најважно прашање во својата програма го има враќањето на името, со помош на решенијата од мојот докторат стекнат во Словенија. Напишан и одбранет на совршен Словенечки јазик и достапен за секого на интернет.

 

Како адвокат со триесет години искуство, кој цело време можел да прави споредба помеѓу македонските и словенечките судови, утврдив дека најлоша е состојбата во врховниот и во жалбените судови.

Исто е и со обвинителството. Најлоша е состојбата на врвот.

За да можам да се бавам со најважното прашање, со враќање на името, партијата ми дозволува кадровски да се екипирам со странски кадри по мој избор. Тие ќе воспостават владеење на правото според критериумите што важат за нивните земји.

Доколку мојот разумен читател се убедил дека со моето теориско знаење и практично искуство и со мојот докторат, можам да го вратам името, потребно е оваа партија да дојде во позиција да формира влада.

Мојот разумен читател ќе може да го контролира однесувањето на партијата преку меморандумот за соработка и разбирање што ќе го потпишеме со партијата.

 

Само во еден случај меѓународното право дозволува употреба на сила, а тоа е кога е загрозено правото на постоење од член 51 на Повелбата. Македонија има право на колективна самоодбрана на правото на постоење, што значи со договорот што ќе го склучи со Англија, или Русија, ќе бидат опфатени и пријателските земји на Англија, или Русија, што не се непријатели на Македонија.

Откако во моите колумни интелектуално ги уништив главните во ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА)[1] за проблемот со името, очекував да се појави некој подобар од нив.

Се појави новинарот Миленко Неделковски со тезата дека главно прашање било; кој може да го победи Заев? Самиот, на ова прашање одговара дека тоа бил д-р Кристијан Мицковски, со ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА).

Во една моја колумна и порачав на класната да си го прибере: „ Најмногу го претставува како бел новинарот Миленко Неделковски, но не можам да тврдам дека е свесно, бидејќи има направено многу добри работи. Во секој случај, “класната”[2] да си го искара.

Миленко Неделковски ја крши логичната доследност во форма на ignoratio elenchi (непознавање на спорната точка). Тој како спорна точка го поставува прашањето; кој може да го победи Заев. На ова прашање одговара, дека тоа е д-р Мицковски.

Меѓутоа, спорна точка е кој може да го врати името и да го заштити правото на самоопределување. Д-р Мицковски се изјасни дека ќе го почитува Преспанскиот.”

Но таа ништо не направи. Дури и го легитимира неговиот став со гостување кај него. За волја на вистината самата никогаш не го искажа неговиот став.

Миленко Неделковски, во време на д-р Никола Груевски, тврдеше дека промена на името со име во заграда не претставува промена на идентитет.

Тоа значи дека го оправдуваше предлогот на д-р Никола Груевски; Република Македонија (Скопје).

Тој тврдеше дека Република Македонија=Република Македонија (Скопје).

Причината за лагата е во намерното кршење на првиот закон за мислење на Аристотел; законот за идентитет. Тој гласи: Секој предмет е со себе идентичен=скратено А е А.[3]

Според законот за идентитет: Македонија е Македонија.

Миленко Неделковски го крши законот за идентитет на Аристотел и вели: Република Македонија е Република Македонија (Скопје) а бидејќи го фативме во лагата, тоа е исто како да рекол; А е НЕ А.

 

Ерго, нема разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. И едните и другите го кршат првиот закон за мислење; законот за идентитет:

1. ВМРО ДПМНЕ: Република Македонија=Република Македонија (Скопје)

 

А е НЕ А

 

2. СДСМ: Република Македонија=Република Северна Македонија

 

А е НЕ А.

 

 


[1] Д-р Гордана Силјановска Давкова и д-р Христијан Мицковски.

[2] Мирка Велиновска не му помогна досега на д-р Мицковски.

[3] SCHNEIDER, Egon, Logika za pravnike-3. predelana in preoblikovanaizd.-Ljubljana : Cankarjeva založba, 1995, stran 95.

  •