Ентузијазам

Неколку години наназад Македонскиот народ има нескротлива желба да го одбрани правото на самоопределување во спорот со Грција.

Веројатно голема заслуга за овој ентузијазам има партијата на власт, но тоа не е целата вистина.

Имено, за да ја потенцира љубовта кон татковината, Цицерон не потсетува дека Одисеј одбил да стане бесмртен, само да ја види Итака.[1]

Сакаме да дадеме мал допринос да се задржи ентузијазмот кај Македонскиот народ во одбрана на правото на самоопределување.

Според проф. д-р Петрич, поранешен претседател, а сега член во втор мандат на Комисијата за меѓународно право (го кодифицира меѓународното право), како и Претседател на Уставниот суд на Република Словенија; правото на избор на име е дел од правото на самоопределување. Проф. д-р Петрич е еден од најугледните правници на светот. Согласно член 38 од Статутот на Меѓународниот суд на правдата, неговите ставови се помошен извор на правото.

За ентузијазмот на еден народ е важно и што е вредност за народот. За најмудриот крал на светот[2] не било вредност што неговиот син како вистински мајстор игра со прстите по жиците и ги забавува присутните на една забава. Тој му се обратил на Александар Македонски: „Зарем не ти е срам, така убаво да свириш? За крал е доволно доколку одвои време цитрашот да го слуша, а не самиот тој да свири. Тој им укажува голема чест на музите, доколку ги гледа другите кога се натпреваруваат во тие работи (превел М. П. ).“[3]

Филип за својот син обезбедил најдобро образование. Најголемиот ум на сите времиња Аристотел неколку години лично го подучувал и го создал Платоновиот идеал: државник филозоф. Најголемиот човек на сите времиња. Затоа Македонија била најдобрата држава на сите времиња. Затоа Спиноза („Теолошко-политичка расправа“) вели дека Евреите ја направиле својата држава по примерот на Македонија, само што на чело на таа држава го ставиле сам бог, за разлика од Александар Македонски, кого што Египќаните го сметале за син божји.

Александар еднаш сретнал лав. После борбата бил задоволен кога слушнал како се зборува дека се борел како во двобој во кој што се одлучува кој од нив двајца ќе биде крал. Александар бил најличен крал од сите кралеви дотогаш. Со убави црти на лицето, меки сини очи и бујна костенлива коса. Сексуално бил беспрекорен. Имал многу жени, но тоа било жртва принесена заради политиката. Кога неговите аѓутанти му довеле една убава жена доцна навечер, тој прашал зошто толку доцна. Кога му одговорила дека морала да го заспие мажот, Александар ја вратил и ги укорил слугите велејќи им дека за малку избегнал да стане прељубник. Кога Теодор од Тарас му понудил да му продаде две момчиња со исклучителна убавина, Александар го избркал, а своите пријатели ги молел да му кажат каква нискост на душата покажал, кога некој такво нешто можел да му предложи. Неговата репутација на великодушен му помагала во многу војни; многу непријатели дозволувале да бидат заробени, додека многу градови му ги отворале портите не плашејќи се дека можат да бидат ограбени.[4]

Спиноза, еден од најголемите филозофи, вели дека пред Александар Македонски се распарало морето, кое што ја одвојувало неговата војска од Персијците. Александар тргнал по патот што му се отворил и го срушил Персиското царство.[5]

Александар како државник бил поучен за важноста на реториката од Аристотел и бил одличен во примената на реториката.

Кога Македонците го обвиниле дека е надуен штом дозволува да го ословуваат со син божји, тој му одговорил на Хермолај дека не е надуен, туку дека смислено го дозволува тоа, бидејќи е корисно за неговите планови. Им кажал на своите Македонци дека во војна победува славата и најчесто она што по грешка се чини вистинито, наместо вистинитото. Од друга страна, тој не се прогласил за син божји, туку тоа го направиле неговите непријатели.[6]

Вредноста на ставовите на Александар за реториката ги потврдува и учебникот на Оксфорд за меѓународни односи: „Во реалноста, се чини дека правното расправање е исто толку реторичко, колку и логично. Како што вели Friedrich Kratochwil: правното расправање се занимава со барање и толкување на важечките правила и постапки и со претставување на релевантните факти и нивна оценка. Двете прашања зависат од тоа, дали е одредено толкување на фактите поприфатливо, отколку „вистинита“; последично строгата логика во тој процес на барање на законот игра помала улога (превел М. П. ).“[7]

И проф д-р Петрич мисли исто како Александар Македонски и Оксфорд: „Во современиот политички живот, особено во надворешната политика, често е помалку важно тоа што се случува во стварноста, отколку тоа што ја интересира јавноста и она што таа го смета за стварност, отколку вистината.“[8]

Имајќи го во предвид значењето на реториката во меѓународното право, ние го побивавме проф. д-р Декоски и со реторика во неколку колумни и две интервјуа. Го побивавме кога беше најсилен; веднаш по објавувањето на пресудата. Употребувајќи го моќното реторичко средство метафора, тврдевме дека неговата пресуда е магаре, а не прекрасен коњ, за каква што ја претставуваше тој пресудата.

Од ова временска дистанца, на секому му е јасно дека бевме во право. Воопшто не ќе се бавевме со проф. д-р Дескоски, доколку тој не побараше; Македонија да изјавела дека се откажува од иредентизам.

За жал, Македонија преку изјавата на м-р Милошоски (според д-р Драган Павловиќ Латас веќе бил доктор) дека единствената окупација што ја прави Македонија е летната окупација на Грција со 300.000 туристи, ја даде изјавата што ја бараше прф.д-р Дескоски..

Сигурно, и проф. д-р Дескоски и м-р Милошоски сметаат дека ова е корисно.

Сократ со право го проколнал оној кој што прв ја одвоил користа од правото и се жалел дека тоа е извор на сите зла.[9]

Значи, проф. д-р Дескоски, како експерт за право (додуше меѓународно приватно право, а не меѓународно јавно право), наместо да го каже правото, тој ја поучува Македонија што е корисно. Тоа не е негова работа. Тоа е работа на политичарите. Аристотел („Реторика“) вели дека работа на политичарот е да уверува што е корисно, а што штетно за државата, а работа на правникот е да уверува што е праведно, а што неправедно.

И сега; како што оние што не знаат и се невешти луѓе доколку некому му препишат смртоносно средство наместо спасоносно, нивните лекарски совети со право не го заслужуваат тоа име[10], исто така и правните совети на проф. д-р Дескоски, Македонија да изјави дека нема иредентистички цели кон Грција, не го заслужуваат тоа име. Ваквата изјава е смртоносна за Македонја и ја потврдува тезата на Грција дека Македонија има иредентистички цели, со што му се дава легитимитет на барањето на Македонија да си го промени името.

Аристотел („Органон“), вели дека за работите што се очигледни не се потребни икакви докази. За да се види дека снегот е бел, потребен е вид. За да се види дека Македонија не е никаква закана за Грција, доволен е фактот што во однос на Грција, може слободно да се каже дека Македонија, ниту има војска, ниту има вооружување.

Како што проф. д-р Јанев прифати (барем според медиумските настапи) дека правото на самоопределување е ius cogens, така и проф. д-р Дескоски треба да го прифати тоа, или да го побие, како што ние го побивме неговиот правен силогизам, уништувајќи му ја големата премиса.

Ги побиваме ставовите на проф. д-р Јанев и проф. д-р Дескоски, бидејќи се најпрсутни во јавноста, а зад вториот застана и власта.

Ставовите на проф. д-р Дескоски ги побивме со контрасилогизам, а ставовите на проф. д-р Јанев (во две интервјуа) со наведување на над десет разлики со нашите ставови.

Се чини дека кај проф. д-р Владимир Ѓуро Деган најдовме аргумент кој што го уништува прецеденсот на кој што се повикува проф. д-р Јанев. Бидејќи судската пракса е помошен извор на правото, унштувајќи му го прецеденсот, ја уништуваме големата премиса на проф. д-р Јанев.

Имено, проф. д-р Јанев се повикува на правно мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година[11], според кое што, кога ќе се исполнат условите за прием, би требало Советот за безбедност да му препорача на Генералното собрание, донесување на одлука за прием. Во однос на условувањето на потврдниот глас со барање за прием на други кандидати, судот потврдил дека таквото барање претставува нов услов, неспоив со словото и духот на повелбата.

Со новото советодавно мислење од 1950 година, Меѓународниот суд на правдата го дерогира своето мислење од 1948 година и вели дека Општото собрание нема право да прима нова членка, доколку Советот за безбедност не го препорачал нејзиното примање, било поради тоа што односната држава не добила доволен број гласови, било поради тоа што некоја стална членка гласала против.[12]

Значи останува нашиот ius cogens недопрен и неоштетен. За среќа на ентузијазмот на Македонскиот народ, кој што мораме да му го сочуваме.

„Мудроста за душата е она што е здравјето за телото (превел М. П. ).“[13]



[1] Цицерон, „Закони“, Плато, Београд, 2002,страница 40.

[2] Цицерон изјавува дека Филип е најмудриот крал на светот (Mark Tulij Ciceron, »O govornku«, Druina, Ljubljana, 2002, stran 270).

[3] Plutarh, »Življenje velikih grkov«, Mladinska knjiga, Ljubljana 2003, stran 88.

[4] Вил Дјурант, „Живот грчке“, Народна књига-Алфа, Београд, 1996, страница 568-570.

На внимателниот читател му е јасно зошто Филип и Александар се сместени во Грција. Македонскиот народ немаше своја држава. Сега е веќе поинаку.

[5] Baruch de Spinoza, »Teološko-politična razprava«, Društvo za teoretsko psihoanalizo, Ljubljana, 2003, stran 109.

[6] Ибиде, страница 239.

[7] John Baylis, Steve Smith and Patricia Owens, »The Globalization of World Politics«, Oxford University Press 2008, slovenečki prevod, Fakulteta za družbene vede, Ljubljana, 2008, stran 107.

[8] Ernest Petrič, »Zunanja politika«, Center za evropsko prihodnost, Ljubljana, 2010, stran 305.

[9] Цицерон, „Закони“, Плато, Београд, 2002, страница 25.

[10] Ибидем, страница 45.

[11] Според д-р Душко Димитријевиќ, на судот му било поставено следното прашање: »Dali je osnovano da članica Ujedinjenih nacija učini zavisnim svoju saglasnost za prijem od uslova koji nisu izričito predviđeni u članu 4 st. 1 Povelјe, odnosno, dali je moguće da nakon što se ustanovi da su propisani uslovi ispunjeni, potvrdan glas uslovi zahtevom za prijemom drugih kandidata?«

Според нас не постои идентитет помеѓу овој пример и нашиот пример. Во нашиот пример не е услов прием на други членки, туку промена на името.

[12] Поради опасноста кај нас да преовлада волјата, а не интелектот, ставовите на проф. д-р Деган ги даваме во оригинал:

»U gornjem savetodavnom mišljenju Sud je zaključio da država članica koja je pozvana da se izjasni glasovanjem, bilo u Vijeć usigurnosti bilo u Općoj skupštini o primanju nove države u članstvu, nema pravo vezivati svoj pristanak uvjetima koji nisu izričito predviđeni u stavku 1. članka 4. Takva država naročito ne smije svoj pozitivan glas uvjetovati primanjem u članstvo i drugih država zajedno s tom državom (p. 65).

Ali je u novomu savjetodavnom mišljenju iz 1950. o Nadležnosti Opće skuštine o primanju neke države u članstvo UN-a sud precizirao da Opća skupština nema pravo primiti novu članicu ako Vijeće sigurnosti nije preporučilo njezino primanje, bilo stoga što odnosna država (u njemu) nije dobila dovoljan broj glasova bilo stoga što je neka stalna članicaglasovala protiv (p. 10.) (potenciral M. P. ) (Vladimir Đuro Degan, »Međunarodno pravo«, Školska knjiga d. d. , Zagreb, 2011, stranica 429. 

[13] La Rochefoucauld, »Maksime«, Mladinska knjiga, Ljubljana, 2007, stran 94.

Read More