Како против Грција и удбомафијата

Ако законот предвидува затвор за тие што ќе именуваат кодоши, тогаш како да се изведе доказ дека најугледните луѓе не се во удбашката мрежа?

Како што логиката би се откажала од нас доколку пред неа на некоја друга наука и дадеме предност (Платон, „Филеб“), така и Македонија ќе се откаже од нас доколку на Грција и дадеме предност. А логиката вели Македонија да се одбрани од Грција и од УДБОМАФИЈАТА.

Како да дојдат Македонците до совет и влијание од најугледните, кога кодошот-директор го кодоши професорот д-р Стојан Ристески, плашејќи се за своето место: „Кодошите немаат образ. Тие продолжуваат да си ја вршат ‘работата‘. Кодошењето им станало занимање. Колкумина од нив денес се ‘големи‘ вмровци…?“ (д-р Стојан Ристески, „Моите кодоши“). Како да се изведе доказ дека удбашката мрежа не се најугледните луѓе, кога законот предвидува затвор за тие што ќе именуваат кодоши?„Бидејќи интегритетот на државата го одржува фактот што на народот секогаш му е неопходен совет и влијание од оние најугледните“ (Цицерон, „Закони“).“

Read More