Генерално полномошно (член 81-86 од ЗОО)

Со генералното полномошно, полномошникот се овластува да го застапува властодавецот во сите негови работи, без ограничувања.

Нема специјален пропис за генерално полномошно, но од општите одредби на Законот за облигационите односи што го регулираат полномошното, произлегува дека може да се даде генерално полномошно.

Обично се издава на адвокат, но во случајов е подготвено како за лаик.Секако дека вакво полномошно пожелно е да биде заверено од нотар.

Read More

Трговско полномошно (член 89 од ЗОО)

Со трговското полномошно, полномошникот е овластен да ги презема само оние работи што се однесуваат на продажбата на стока и што се наведени во полномошното што му ги дало трговското друштво.

Read More

Обично полномошно (член 81-86 од ЗОО)

Полномошното е овластување за застапување што властодавецот со правна работа му го дава на полномошникот. Полномошник може да биде и правно лице. Изјавата на волја, што ја дава полномошникот, делува за и против застапуваниот.

Read More

Адвокатско полномошно (член 80-92 од ЗПП)

Современото процесно правопоставува многу обврски за странките заради остварување на правото на судење во разумен рок. Заради тоа, добро е уште при првиот контакт со странката, адвокатот да и укаже на тоа, како и истото да го внесе во полномошното.

Read More