Привремената согласност не може да се раскине
„Од криво дрво нема прав стап(германска поговорка).“
Од ништавната Привремена согласност не можете да направите разумен компромис.
Изминува втората година откако во една колумна во „Нова Македонија“ го цитирав Шопенхауер: „Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив мораат да се плашат од секоја вистина(„Светот како волја и претстава“).“
Охрабрен што ни по толку време никој не ја оспори вистината што тогаш ја соопштив, денсе сакам да ви соопштам друга вистина.Пред да го направам тоа, сакам да го потенцирам значењето на зборот што ќе го употребам во ова колумна, а не знам дали некој тоа го направил подобро од д-р Матеј Ацето, од правниот факултет во Љубљана. За да го потенцира значењето на избраните зборови во правото, тој во својата колумна „За значењето на избраните зборови“ ја кажува следнава анегдота:„За време на своите освојувања, наводно Филип II Македонски, некогаш се одлучил да ја нападне Спарта, а нејзините водачи ги повикал веднаш да се предадат со јасна закана:`Доколку со војскава продрам на вашата територија, ќе ги уништам вашите полиња, ќе ги убијам вашите луѓе и ќе го срушам вашиот град. `Од нападот , наводно го одвратил спартанскиот одговор, кој што содржел само еден збор:`Доколку`.“
Јас цело време пишувам за ништавност на привремената согласност и направив полисилогизам за тоа. Други, сакаат раскинување, а Грција се заканува дека ќе ја раскине, врз основа на член 23, став 2 од Привремената согласност.
Е па не може.
Ништавен договор не може да се раскине. Еве правен силогизам.
ГОЛЕМА ПРЕМИСА: Quod nullum est, rescindi non potest (Што е ништавно, не може да се раскине).
МАЛА ПРЕМИСА:Привремената согласност е ништавна(направен полисилогизам во мојата колумна „Последна шанса за одбрана на името“).
_____________________________________________________________________
КОНКЛУЗИЈА:Привремената согласност не може да се раскине.
Ништавните правни работи не можат да се побиваат. Со оглед на тоа да немаат правно дејство, кое што странките го сакале, побивање и не е потребно.Тие не постојат и нема што да се раскине.
Тоа е како оној пример кај Аристотел со битие и небитие. Тој вели дека небитието не постои заради тоа што сме го нарекле небитие.Тоа само служи за да се направи разлика од битието.
Така и ништавниот договор. Тој не постои. А поимот служи само за да се направи разлика од валидниот договор.
Доколку овој мој правен силогизам е правилен(досега не е објавен никаде), тогаш Привремената согласност, која што требаше да биде стапица за Македонија, се претвори во стапица за Грција. После овој правен силогизам, таа наликува на некој кој што чудејќи се зошто дивечот не се фаќа во неговата стапица, проверувајќи ја стапицата, самиот се фатил во неа и не може да излезе.
Што значи ова за Македонија?
Ова значи дека јас, со своите досегашни правни силогизми за ius cogens сум ја ставил „на сигурно“ Грција, а новиот правен силогизам е „несовладливо обезбедување“ кое што нема да и дозволи да излезе.
Тоа значи дека, не само што Македонија заради правото на самоопределување (член 1, став 2 и член 55 од Повелбата) нема да го смени името, туку со една помакедонска влада(без комунисти), може да си врати се што даде врз основа на ништавната Привремена согласност.
Сега, гледате колку биле важни зборовите во правото.
Јас се обидов да и кажам на владата;сега, или никогаш, со мојата колумна „Последна шанса за одбрана на името“, но таа наиде на глуви уши. Веројатно подобро поминал Бајрон, познат по успесите кај жените. Тој долго и се додворувал на една угледна дама(според д-р Матеј Ацето), за на крај да се обиде со лист, на кој што напишал кратка порака: „Вечерва, или никогаш.“
Дамата пораката ја прочитала, листот го скинала на половина, едната половина ја згужвала, а другата му ја вратила на лордот. Колумната на љубљанскиот доцент не кажува која половина.
Последни коментари