Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 12)

5. Човековите права на самоопределување и идентитет

 

5. 1 Потекло и степен на човековите права

Според словенечкиот превод на оксфордскиот учебник за меѓународни односи, поглавје Човекови права[1], многу култури и цивилизации ја развиле идејата за иманентните вредности и  достоинството на луѓето, меѓутоа поимот дека луѓето се „носители на права“, е карактеристично европски. Според својот извор е средновековен, а во раниот модерен период бил вклучен во позитивното право на неколку европски држави. Во осумнаесеттиот век почнува бавен процес на ширење на идејата за „правата на човекот“ со признавање на правата на жената и преку кампањата против трговија со робови, како и правата на Неевропјаните. Овие воведни придвижувања, го подготвиле теренот за глобализација на процесот по 1945 година. Дошло до многу глобални и регионални спогодби и декларации, кои што се однесувале на човековите права и до настанок на невладина организација, каква што е Амнести Интернешенл, која што се бави со реализирање на човековите права. Истиот автор потенцира дека владата на САД, меѓувладината организација, како што е Меѓународниот монетарен фонд и Британската заедница на народи (Комонвелт), се повеќе и се поспорно го разбираат потпирањето на човековите права, како дел од својата надлежност.[2]

Read More