Биографија

alt

Марјан Попески дипломирал право 1983 и истата година се вработил во Општина Струга. Во 1984 два месеци обавувал приправништво во судот во Струга.

Во 1986/87 со највисоки оценки ги положил сите дипломатски испити и странски јазик во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во Белград, како кадар на Македонија. Бил еден од најдобрите во Југославија.

Во 1987/88 завршил полугодишен курс за Словенечки јазик во Љубјана, како најдобар студент дотогаш во постоењето на школата “Цене Штупар” во Љубјана.

Од 1987 до 1988 година работи во судот во Љубјана.

Од 1988 до 1989 работи како секретар во стопанство.

Во 1989 година го положил правосудниот испит, покажувајќи одлични резултати.

Во 1989 година станал адвокат и судски преведувач за француски и словенечки во Охрид.

Во почетокот на 2007 положил прв степен на Словенечки јазик, на единствено овластениот Филозофски факултет во Љубјана. Без овој степен не може да се добие државјанство. Вториот степен, без кој не може да се дипломира на универзитетите во Словенија, го прескокнал. Третиот, највисокиот степен, го положил со оценка девет, кон крајот на 2007 година.

Се специјализирал за човекови права и од 2003 до денес има вложено околу 60 апликации против Словенија, Хрватска и Македонија. Во предметот Петкоски и други против Македонија е досуден највисокиот износ досега против Македонија во цивилните предмети.

Во 2009 година објавува колумни во “Нова Македонија”. Во 2010, “Нова Македонија” му ја објавува како фељтон “Стратегијата за зачувување на името”.

Во 2010 ги положил испитите на постдипломските студии по меѓународно право со просек десет. За секој испит напишал и семинарска работа од 20 до 40 страници.

Во 2011 станал магистер по меѓународно право.

Во 2011 година запишал тригодишни докторски студии во Словенија. Ги положил сите испити, изготвил две докторски семинарски работи и составил диспозиција на докторската дисертација.

Во 2016 година, го одбранил докторатот по меѓународно право во Љубјана и станал доктор на науки, под менторство на еден од најугледните меѓународни правници на светот, проф. д-р Ернест Петрич.