Договор за продажба на користен подвижен предмет (член 442-539 од ЗОО)

Овој договор е уреден со Законот за облигационите односи. За неговата важност не е задолжителна писмена форма, но во пракса, најчесто се склучува во писмена форма. Во случај на продажба на користен автомобил, други прописи налаггат писмена форма на овој договор.

Read More

Договор за дело (член 619-648)

Договорот за дело е уреден со Законот за облигационите односи (член 619-648).
Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка, или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест.
Со член 647 од овој договор се воспоставува залог и хипотека по сила на закон, во корист на вршителот на работата, кој обично е подизведувач во градежништвото, или занаетчија, кој што го менува местото на престојот и нема можност за водење парници, па законодавецот решил специјално да го заштити.

Read More

Договор за асигнација (член 1059-1073)

Договорот за асигнација е уреден со Законот за облигационите односи (член 1059-1073).
Со асигнација едно лице, упатувач (асигнант) овластува друго лице, упатеник (асигнат), за негова сметка да изврши нешто за определено трето лице, примач на упатувањето (асигнатор), а него го овластува да го прими тоа извршување.

Read More