Зошто Европа ја поддржува грчката неправда кон Македонија?

Дали меѓународните обичајни норми обврзуваат толку силно што со договор не е можно да се укинат?
Во начело, одговорот на ова прашање е негативен. Преовладува мислењето дека обичајните прописи се пропустливи и дека можат и да се укинат.

И при оној посебен вид на обичајни прописи, кој го сочинуваат општите правни правила, заеднички за внатрешното уредување, важи правилото дека договорот може да го укине начелото. Очигледен пример за такво укинување е членот 27, точка три, од Повелбата на Обединетите нации. Тој пропис одредува дека државата што е членка на Советот за безбедност мора да се воздржи од гласање за прашања што ја засегаат, меѓутоа ја ограничува обврската за несоработување на одредени помалку важни случаи. Така, на пример, обврска за несоработување не е одредена, доколку се работи за расправа за исклучување од Обединетите нации (членот 6 од Повелбата на Обединетите нации), или за донесување присилни мерки за зачувување на мирот (членот 39 и наредните). Се работи за пропис што ги штити велесилите, бидејќи имаат право на вето и така можат да ја спречат постапката за исклучување, или донесување присилни мерки, насочени против нив самите. Дека се работи за укинување на општото начело немо јудеџ ин цауса суа, е повеќе од очигледно.

Доколку се сите согласни дека обичајните прописи се пропустливи, од друга страна важи општо мислење, дека постои и група општи меѓународни прописи, кои како исклучок се когентни (јус цогенс). Во прилог на ова се определува и Виенската конвенција за договорно право. Имено, членот 53 од конвенцијата одредува дека е „ништовна одделна спогодба, која во моментот на склучувањето е во спротивност со императивна норма на општото меѓународно право“, при што под императивна норма на меѓународното право „се подразбира норма што ја донела и признала целата меѓународна заедница на држави како норма, од која не е дозволено никакво отстапување и не е можно да се промени ниту со нова норма на општото меѓународно право од еднакво значење“.

Очигледно е дека се работи за член што не го одликува редакциска техника, бидејќи се работи за повторување на истата заснованост: договорот не може да ги укине когентните прописи на општото меѓународно право. Очигледно е, исто така, дека когентниот пропис на меѓународното право не може да биде ништо друго освен пропис, за кој важи дека меѓународната заедница му припишува когентно значење. Исто така е логично дека моќта на прописот што е когентен и кој поради тоа не е можно да се промени со договор, може да се промени, или укине, само со подоцнежен когентен пропис. Со когентното право се занимава и членот 64 од Виенската конвенција за договорно право, во кој се зборува за причините за престанување на договорите. Членот одредува дека во случај кога ќе се обликува нов императивен пропис на општото меѓународно право, поединечниот договор станува ништовен и престанува, доколку би бил во спротивност со тој нов императивен пропис.

Виенската конвенција за договорно право (членот 66, точка а) одредува дека, доколку помеѓу државите-договорнички дојде до спротивставеност, што се однесува до важноста на спогодбата заради нејзина нескладност со јус цогенс, за таквиот спор одлучува Меѓународниот суд на правдата (Меѓудржавниот суд) врз основа на жалба на една од странките во спогодбата. Се работи за одредба што има карактер на исклучок (се чини дека досега не е употребена), со оглед на фактот дека таква можност не е дадена за ниту една друга причина за неважност или престанување.

Виенската конвенција за договорно право говори за когентното право, меѓутоа никаде не кажува што е тоа. Ја потенцира неукинливоста на меѓународното когентно право, меѓутоа избегнува да ги одреди поединечните императивни прописи. Говори, на пример, за начелото што забранува употреба на сила во меѓународните односи, за начелото на почитување на одредени човекови права, како што е на пример забрана на ропство, расно разликување и слично, меѓутоа не упатува на референтно мерило, кое на групата норми што спаѓаат во јус цогенс би можело да и даде карактер на целовитост.

Доколку се сумираат размислувањата и анализите, може да се каже дека таква група на прописи може да се препознае во членот 103 од Повелбата на Обединетите нации, според која „во случај на противречност помеѓу обврските што ги презеле членките на Обединетите нации со Статутот и обврските што ги презеле со која било меѓународна спогодба, преовладуваат обврските што извираат од Статутот“. Фактот што во практика одредени членки се обидуваа да ги избегнат обврските од Повелбата на Обединетите нации, не говори во прилог на заклучокот дека кога било се посомневале во неповредливоста и надмоќта на начелата содржани во Повелбата на Обединетите нации.

Повторна потврда дека постои таков обичај, која на начелата на Повелбата на Обединетите нации им припишува когентен карактер, нуди членот 30 од Виенската конвенција за договорно право, кој при кодифицирање на правилата, според кој о подоцнежниот пропис го укинува претходниот, категорично го наведува исклучокот од членот 103.

Објавено како фељтон за “Стратегија за зачувување на името” во Нова Македонија на 29 април 2010
Сите делови:
1. Дали случајот помеѓу Македонија и Грција правно е меѓународен спор?!
2. Зошто Европа ја поддржува грчката неправда кон Македонија?
3. Има правни лекови за нашата болест
4. Привремената спогодба е неправда за Македонија
5. Сојузот со САД – причина што Грција не го користи правото на војна
6. Пресудата на Меѓународниот суд на правда ќе биде како светилник

  •