Одмазда за непочитување на крепост

Во своите чувства сум благ. Размислувам. Скоро никогаш на никого не се разгневувам и никогаш никого не сум мразел. Меѓутоа, кога некој ќе ме навреди, станувам одмаздољубив. Особено доколку станува збор за мојата чест, паметност и мудрост. Замерката за изречената или сторената навреда ја чувствувам како нужност. Убеден сум дека во таков случај, моето чувство за должност, така брзо ќе го заземе местото на омразата, за да можам на одмаздата да и се посветам со поголем жар, отколку другите.[1]

Откако ме навреди со непочитување на моите крепости мудрост, паметност и чесност, темелито му се одмаздив на д-р Груески[2]. Заради непочитување на моите крепости од страна на д-р Груески, престана да постои Македонскиот народ.

Во 2009 почнав да објавувам текстови за меѓународниот проблем со името во “Нова Македонија”. Уште пред да ја поднесе тужбата Груески, понудив свое решение со правото на самоопределување како норма ius cogens. Не помогна.

Потоа, директно му ја испратив магистерската за да го одбрани Македонскиот народ.

Кратко ми одговори, дека ми благодари за петицијата. Мојата магистерска ја нарече петиција.

После тоа, на конкурс бараше советник за надворешни работи. Се пријавив на конкурсот, со цел да го советувам за одбрана на Македонскиот народ. Бев повикан на разговор од негова комисија. Не бев примен. Не добив известување кој е примен.

Уште во 1986-1987 ги положив сите дипломатски испити и светски јазик на ниво на петти семестар во Сојузниот секретаријат за надворешни работи на СФРЈ, како најдобар од Македонија, а според некои извори најдобар, или втор во СФРЈ. Се сеќавам, пред заминувањето во Белград, Виктор Габер не предупреди да не одиме во Белград доколку не сме спремни. Да не ја срамиме Македонија. Дотогашните резултати на Македонците биле катастрофални.

После Белград, македонскиот министер[3]за надворешни Душко Апостолоски, побара да се сретне со мене и да го запознае тој Марјан Попески, кој постигнал таков успех во Белград. Речено ми беше дека како прв заминувам во Белград за месец дена. Тоа никогаш не се случи.

Горното го пишувам, за да истакнам дека со 29 години сум докажал во Белград дека сум бил тогаш најкомпетентен млад познавач на меѓународното право, а особено после дваест години врвна адвокатура со најзначајни победи против Македонија во Европскиот суд за човекови права и со научно звање магистер. Дека можам одлично да го советувам д-р Груески.

Бидејќи не сум малодушен, постапив како 25 години пред тоа[4]; запишав тригодишни докторски студии во Љубљана, под менторство на еден од најугледните професори по меѓународно право на светот, д-р Ернест Петрич.   

Докторските студии ги започнавме десетмина. Осум Словенци, еден Хрват и јас. Како прв и досега единствен докторирав само јас, под менторство на еден “човекојадец”, кој за осумдесет години живот имаше поделено само два докторати. Ниеден според Болоња. Доживеав да изјави јавно дека доста работи научил од мене.

По докторирањето, прв и единствен ме повика Претседателот д-р Иванов.

Забележувате, дека од говорот во ОН на 27.09.2018, зборува само за правото на самоопределување, што значи дека ги прифатил моите совети. Не ја спомнува повеќе пресудата.

И Груески, пред еден месец, изјави дека името и Македонскиот народ ќе го брани со правото на самоопределување. Мене не ме спомна.[5]

И д-р Гордана Силјаноска Давкова се повикува на правото на самоопределување во одбрана на Македонскиот народ, но мене не ме спомнува.

А само пред два, или три месеци нејзин фаворит беше д-р Јанев, односно неговиот ultra vires. Беше на врвот од тие 200 што се потпишаа да се примени ultra vires на д-р Јанев.

Мојот ценет читател, можеби е изненаден што отворено кажувам дека темелито му се одмаздив на д-р Груески. До таа мера, да мојата петиција, како што ја нарече тој мојата магистерска, стана негова нова парадигма за спас на Македонскиот народ.

Значи тој, откако го уништи Македонскиот народ со непочитување на моите крепости, јавно призна дека само моето право на самоопределување е решение за спас на Македонскиот народ.

Старите Грци, како најцивилизиран народ кој што било кога живеел на планетава, отворено кажувале дека одат на суд за да му се одмаздат на својот противник. Ова кај нас грижливо се прикрива денес во судските парници, како да е срамота да се одмаздуваш. Грците, тоа отворено го кажувале. За нив одмаздољубивоста била добра особина.[6]

И Аристотел (“Никомахова етика”), вели дека на непријателот подобро е да му се одмаздиме, отколку со него да се мириме.

За старите Грци, Хомер бил она што за Христијаните е Библијата. За секој правен, дипломатски, етички, или било каков проблем, го отвораш Хомер, особено Илијада и го решаваш проблемот.[7]

И Аристотел (“Никомахова етика”) вели дека решенија за етичките проблеми треба да бараме кај Хомер.

Јас мислам, дека одмаздољубивоста на Грците е добра особина, зашто пред се со неа се штити крепоста.

Имено Грците најмногу полагаат на крепоста сватена како должност према себе, а не кон други.[8]

Всушност, во Илијада, Ахил и Агамемнон се караат околу доблеста и наградата која претставува јавно признание за доблеста на јунакот Ахил.[9]

Кралот на Данајците Агамемнон му ја зема на Ахил убавата Брисеида, која што Ахил ја добил како награда за доблеста јунаштво при освојувањето на еден град. Ахил се разгневува и не учествува повеќе во борбата против Тројанците. Божествениот Хектор во отсуство на Ахил почнува масовно да ги убива Данајците и тие се пред целосен пораз. Гневот на Ахил, е истовремено и одмазда кон Агамемнон, за непочитување на доблеста јунаштво на Ахил. Диомед, Одисеј, Ајант, Нестор и другите највидни данајски јунаци, му предлагаат на Агамемнон да му ја врати на Ахил убавата Брисеида, во спротивно божествениот Хектор ќе ги испоубие сите Данајци.

Агамемнон, за разлика од д-р Груески, знаел што значи доблеста и веднаш се согласил да му ја врати на Ахил убавата Брисеида, како и да му предаде огромно количество на злато. Се заколнал дека Брисеида е чиста, односно дека со неа не легнал како со жена. Се направил, само да го смири гневот на Ахил и да ја избегне целосната одмазда, зашто божествениот Хектор веќе почнал да им ги пали бродовите и на Данајците им се заканувала целосна пропаст. Ахил одбил, а Данајците продолжиле да гинат. Дури по смртта на својот најдобар пријател Патрокло, Ахил прифатил да му биде вратена убавата Брисеида, огромно количество злато и друго богатство од Агамемнон лично, за тој да се врати во борба. Агамемнон се заколнал дека со Брисеида не легнал како со жена. Ахил го убива Хектор и Илијада тука завршува. Со тоа Хомер ни соопштува дека почитувањето на доблеста и јавно доделување на награди за доблеста е најважно за благосостојбата на полисот.

Кралот на Данајците Агамемнон го знаел тоа и го спасил својот народ. Дури и победил.

Премиерот (водачот) д-р Груески не го знае тоа и со непочитување на доблестите чест, паметност и мудрост, го уништи Македонскиот народ.

Доблестите што ги имам се толку големи, што сеуште можат да го спасат Македонскиот народ. Потребен е само македонски Агамемнон. Човек што препознава и цени доблести. Особено чест, паметност и мудрост.

 


[1]LA Rochefoucauld de, Maksime: misli o človeški naravi-Ljubljana: Mladinska knjiga, 2007, str. 168.

[2]Магистрира како премиер, пријави докторат како премиер и докторира непосредно по престнокот на премиерската функција.

За споредба, австрискиот премиер Курц, кога стана министер за надворешни работи на Австрија, ги прекина студиите по право.

Една новинарка го обвини д-р Груески дека во неговиот докторат има многу коруптивни елементи, поврзани со имотна корист на неговиот ментор.

На крајот од текстот, таа самата изјавува дека многу повеќе би сакала да е доктор на науки, отколку некој да и даде милион долари и плац на Водно.

[3]Мислам дека беше всушност Претседател на Комитетот за меѓународни односи.

[4]Кога видов дека и покрај тоа што во Белград нестрпливо ме очекуваат, а моите Македонци не ме пуштаат да заминам, после неколку месеци си дадов отказ во Македонија и заминав во Словенија. Се вработив во Љубљана, во најголемиот суд. Завршив полугодишен курс на словенечки како најдобар во историјата на постоењето училиштето, според директорката Вида Варга.

Веднаш ме повика претседателот на судот во Љубљана Емил Закоњшек и ми предложи да поднесам барање за приправништво, што беше услов за полагање правосуден.

[5]И Претседателот д-р Иванов сеуште не ме спомнал, но тој релативно чесно, остави писмена трага кој го советувал за правото на самоопределување.

[6]КИТО, Хмфри, Дејвид Финдли, Београд: Просвета, 2008, стр. 287.

[7]Ибидем, стр. 50.

[8]Ибидем, стр. 66.

[9]Ибидем.

  •