Сојузот со САД – причина што Грција не го користи правото на војна

Втора повреда на императивна норма на општото меѓународно право е нормата содржана во членот 21, став 2 од Привремената спогодба.

Со оваа одредба на Македонија и се забранува пристап до Меѓународниот суд на правдата за прашања од членот 5, став 1, односно за името на Македонија.

Оваа одредба го прекршува правото на суд, односно членот 6(1) од Европската конвенција за човекови права, која е императивна норма на општото меѓународно право.

Според членот 93 од Повелбата на Обединетите нации, секоја членка е странка на Статутот на Меѓудржавниот суд и може да се обрати до судот.

И според членот 96 од Повелбата за Обединетите нации, Генералното собрание и Советот за безбедност можат од Меѓудржавниот суд да побараат советодавно мислење за секое правно прашање, што посредно значи дека и Македонија преку овие тела може да побара советодавно мислење за нејзиниот прием под привременото име ПЈРМ, како и мислење за нормите од Привремената спогодба што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право. Тоа значи дека Македонија е попречена да ги остварува правата загарантирани со императивни норми на општото меѓународно право.

Спорните норми од Привремената спогодба се во спротивност и со Виенската конвенција за договорно право, членот 66, како императивна норма на општото меѓународно право.

Имено, членот 66 од Виенската конвенција за договорно право одредува:

доколку во рок од 12 месеци од денот на ставањето примедби не беше можно да се постигне решение според точката 3 од членот 65, се применува следната постапка:

а) Секоја странка во спорот околу примената или толкувањето на членовите 53 и 64 може со молба спорот да го поднесат на решавање пред Меѓународниот суд на правдата, освен доколку членките не одлучат спогодбено спорот да го изнесат пред арбитража.

б) Секоја странка во спорот околу примената или толкувањето на кој било друг член од одделот 5 на конвенцијата, можат да ја применат постапката спомната во прилогот на конвенцијата, упатувајќи во таа смисла барање до генералниот секретар на Обединетите нации.

„Никој, на пример, не може да се откаже од способноста за расудување: со какви награди, или закани е можно да го натерате човек да верува дека целото не е поголемо од еден негов поединечен дел, дека не постои Бог, дека телото, кое се гледа дека е конечно, дека е нешто бесконечно, или воопштено, да верува што било што е во спротивност со она што чувствува, мисли, верува? (Спиноза, ‘Политичка расправа’).“

Уште повеќе ова важи (Спиноза) за оние дејства, пред кои човековата природа толку силно се згрозува, што тие дејства и се чинат полоши од секое друго зло, како на пример, човек да сведочи против самиот себе, да се мачи, да ги убие своите родители, да не се обиде да ја избегне смртта. Вакви нешта не е подготвен да направи никој, ниту за награда, ниту под притисок.

„Доколку и покрај тоа, сакаме да кажеме дека државата има право, односно моќ, да нареди такви работи, тоа можеме да си го претставиме само во таа смисла, како кога некој би рекол дека човек има право да биде луд, или душевно болен: бидејќи, што друго би можело да биде право, кое не може да обврзува никого, доколку не е душевна болест (Спиноза, ‘Политичка расправа’)?“

Значи, тие што тврдат дека Македонија има право да го смени името, тврдат дека Македонија има право да биде луда.

Тие, пак, што тврдат дека доколку Македонија не го смени името, ќе се распадне, треба да го имаат во предвид фактот дека над 60 насто од Македонците не сакаат членство во НАТО и ЕУ како луди. А бидејќи правото на државата е одредено со заедничката моќ на мнозинството, сигурно е дека нејзината моќ и нејзините права се помали, во зависност од тоа колку на поголем број државјани самата им дава причини да се здружат против неа.

Значи, најголема опасност за Македонија е да го смени името. Оттука, секоја власт, што ќе го смени името дејствува директно против државата Македонија.

Кој не ја гледа ова опасност, навистина е ограничен или има други мотиви. Ниту албанското малцинство, ниту незачленувањето во НАТО и во ЕУ не се толкава опасност за државата Македонија, како промената на името Македонија.

Основниот мотив на Грција да ја склучи Привремената спогодба со Македонија беше наводната безбедносна закана на Македонија за Грција. Македонија ги прифати тие причини како релевантни и направи интервенции во Уставот за македонското малцинство во Грција, го смени знамето, се согласи со ново привремено име, а за возврат побара Грција да не ја попречува во зачленувањето во меѓународни организации. Веќе овие отстапки, како што беше кажано, се правно ништовни, а и политички неправилни.

Државата е независна толку колку што може да ги осигури своите интереси и да се заштити пред притисокот на друга држава и толку подредена на правата на другата држава, колку што се плаши од нејзината моќ, доколку другата држава ја попречува, да го направи тоа што сака, а исто така и колку има потреба од помош на другата држава за сопствено зачувување.

Бидејќи секому му е познато како стои Македонија во однос на Грција кога се во прашање наведените релации, порационално е да се премине на кршењето на Привремената спогодба од страна на Грција со попречување на Македонија да стане членка на НАТО, што е јасен акт на непријателска држава.
Оттука, неосновани се обвинувањата кон Македонија.

Имено, за мир е потребна согласност на волјата на двете држави, а Грција со недозволувањето Македонија да се зачлени во НАТО, кој гарантира пријателски односи помеѓу Грција и Македонија, јасно манифестира непријателство и го истакна правото на војна. За разлика од правото на мир, кое не зависи ниту само од Грција, ниту само од Македонија, правото на војна зависи само од Грција. Самиот факт што Македонија е оставена надвор од НАТО (воен сојуз), Македонија ја прави непријател и воена цел. Некогаш ни според делата не треба да судиме за нечии намери, ама според зборовите никако. Грција ги погази зборовите (Привремената спогодба), а според дејствата, на овој или оној начин сака да ја уништи Македонија. Само договорот за сојузништво со САД е причина што Грција не го користи правото на војна. Се работи за силен сојузник, кој остава простор Македонија да ги искористи правните средства за да се одбрани од Грција и да стане членка на НАТО и на ЕУ.

Објавено како фељтон за “Стратегија за зачувување на името” во Нова Македонија на 5 мај 2010
Сите делови:
1. Дали случајот помеѓу Македонија и Грција правно е меѓународен спор?!
2. Зошто Европа ја поддржува грчката неправда кон Македонија?
3. Има правни лекови за нашата болест
4. Привремената спогодба е неправда за Македонија
5. Сојузот со САД – причина што Грција не го користи правото на војна
6. Пресудата на Меѓународниот суд на правда ќе биде како светилник

  • George

    Ете, испадна, овој 3ти септември да го запамтам по тоа што во коментарите на НМ видов линк до овој сајт. Па, најпрво би рекол САМО НАПРЕД.
    Иако не сум толу чест гостин на НМ за моето име да биде спомнато во вашата дискусија, со радост читам вакви работи и делувам каде што и кога што можам. Покрај тоа мислам дека сме на иста фреквенција. После летошното разочарување од некои работи во Македонија (види го краткиот коментар за ‘Магарињата’), ме радува тоа што сретнувам луѓе од оваа фреквенција.

    Thumb up 0

    • Марјан Попески

      „Георге“, добредојдовте и благодарам за подршката.
      „Така исто, академиите и филозофските катедри се фирми, надворешен изглед на мудроста. Но таму мудроста, во најголем број случаеви ја откажала службата и треба да се бара на сосема друго место (Шопенхауер, „Парерга и паралипомена“).“
      Овој „сајт“ нека биде тоа друго место. Со мене, со Даниел, Ангел, Кузе, „Мусо“, „Георге“ и други што ќе ни се придружат. А веќе се знае и кој ќе ни се придружи. Тоа што вие кратко и јасно го викате „фреквенција“, Шопенхауер го објаснува вака:„Никој не може да се види повеќе себеси. Со ова сакам да кажам, дека секој на друг гледа, колку што е самиот, бидејќи секој може другиот да го појми и разбере само во онаа мерка, која што му ја допушта неговата интелигенција (истото дело).“

      Thumb up 0

  • Musso

    Мрајан, да не ти беше последниот коментар објавен во Нова Македонија, немаше да ми текне ддека можеби имаш свој сајт. А беше логично да претпоставам такво нешто бидејќи од сето досега објавено твое “писание“ во НМ лесно беше да се сфати дека си личност која има што да каже, следствно и потреба тоа да го каже.
    Очигледно е дека имаме блиски (иако не и идентични) ставови. Фактот дека не се познаваме лично (а според биографијата потекнуваме од една иста генерација)мене ми дава еден вид сатисфакција дека не сум “осамен“ во размислувањата, а рекациите кои ги предизвикуваат моите коментари во НМ исто така покажуваат дека ниту ти нити јас (не замерувај за ТИ бидејќи сме од иста генерација)не сме осамени. Твоите учтиви колумни и коментари сепка се “помалку иритирачки“ од моите. Тоа заради пристапот кон она што сакаме да го кажеме. Ти се однесуваш во склад со совојата професија (правник – адвокат) и тежнееш кон аргументација, додека јас исто така се однесувам во склад со својата професија (економист, специјализиран за маркетинг и менаџмент) па истѕпувам со “приземностЌ, повемени вулгарности, досетки и вецеви, а со цел да ИЗИРИТИРАМ – педизвикам реакција, а потоа да ја мерам и анализирам секоја реакција одделно – за “свои политички“ потреби и кроење “стратегии и тактики“ за влијание врз широката популација (пред се младата родена од осамостојувањето па наваму) која беше, и сеуште е подложна на еден страшно лош, дури би рекол и дегенративен, образовен систем. Твојот фељтон објавен во Нова Македонија во многу нешто ми помага во “мојата мисија“ за што мислам дека дадов коментар на web-от на НМ. Фактите коои ги изнесувам, иако делуваат “шашави“ во основа се факти до кои сум дошол со лични контакти, лично присуство на некои настани, семејна “судбина“ да имам многу блиски лица (со македонско потекло) кои се и странски дипломати, професори со високо реноме на странски (претежно САД) универзитети, брат странски (САД) државјанин кој ја напушти Македонија пред опасноста да биде регрутиран за нечии потреби во БиХ. Кога се има за цел да се “иритира“ секако дека има и шпекулации, но такви кои не се без основа и од “ракав истресени“. Сега на овој твој текст. Сосема точно изведени заклучоци и не само што се точно изведени, туку и основата за иведување е во основа издржана. Догворот со САД е токму тоа – фактор кој треба ад спречи, дестимулира било каква воена интервенција врз Република Македонија. Сега може да имаме одредено “несогласување“. Имено, Грција диркентно никако немала да направи агресија бидејќи, и покрај целата воено прадерска маскарада, Грција, воено -0 од борбен аспект е “мивка“. Бидејчи еднаш приметив дена не ти е непозната проблематиката на Блискиот Исток, Израелско-Арапскиот “конфликт“, јасно ти е дека не мора да бидеш “голем и вооружен“ за да некој ти се плаши или да не може да те “отфикари“ за 7 дена. Договорот со САД, кок некому е “трн во око“ и непријатен аргумент при “дебатирање“ превенира било чиј обид за воено интервенирање врз Република Македонија. Тоа е (за некого) “болната“ констатција и насушната потреба тој момнент и тој акт да се става во заборав и да се игнорира – од страна најавноста, кој е мета на нечие политичко и, секако антимакедонско, делување. Истиот документ има “порака“ и врз потенцијални “внтарешни агресори“. Значи тој договор е појак од било какво формално зачленување во Алијансата, но неговото потпишување – времето, момемнтот, укажуваат на тоа дека “некому“ му станало (ако веќе и не му било) јасно дека Република Македонија, токму заради “правилата“ на Алијансата, долго(трајно) ќе остане надвор од формално членство во таа воено-политичка структура. Тој “некој“ сфатил суштината на “македонско-грчкиот спор“ не е проблем, туку на тезата за “Версајска Европа“, која, верувам си приметил, упорно ја предочувам пред јавноста, но тешко се прифаќа, а на неа реагираат токму оние “коментатори“ чии штабови буквално се потресуваат кога тоа ќе излезе во јавност. Инаку, во “Версајска Европа“ не постои држава Македонија.

    За лична комуникација можев да ја користам мејл адесата дадена на овој сајт, но не ја искористив. не дека не умеам и не се снаоѓам, туку и натаму, во мој стил, правам обид “комуникацијата“ да ја прочитаат и други. Инаку за лилна комуникација, доколку имаш потреба, на располагање е дадената мејл-адреса при моето регистрирање, односно најавување.

    Сега одам да видам како Мирка ја искоментирале и дали вреди и јас да се “додадм како миродија“.

    Поздрав од Муссо

    Thumb up 0

    • Марјан Попески

      „Мусо“!
      Вашиот коментар предизвика кај мене задоволство.
      Доколку овој сајт го посетуваат стотина како „Мусо“,“Димитар“, „Гандето“, „Раге“, „ЈованАН“, „ММ“, „Дедо Борис“, „НС“, „Луково“, „Никола СР.“,„Орест“, „Јован“ и слични на нив, целта е постигната.
      Забележувате дека сум одстранет од „Нова Македонија“, заради критика на министерот Маневски, но уште пред да сватат што се случува, се појавив на свој „сајт“, за да им говорам на моите, кога ќе имам што да кажам.
      Констатирам дека „Нова Македонија“ стана комунистичка:

      1.Билјана Ванковска,
      2.Ристо Никовски,
      3.Венко Андоновски,
      4.Мирка Велиновска
      5.Дарко Јаневски.

      Овој факт говори дека на една страна го имаме Црвенкоски како стигматизиран политичар и персонификација на злото, а од друга страна комунистите на десната влада:

      1.Димитар Мирчев,
      2.Ристо Никовски
      3.Владо Поповски,
      4.Михајло Маневски,
      5.Љубисав Иванов Ѕинго,
      6.Павле Трајанов,
      7.Благородна Дулиќ,
      8.Бранислав Саркањац,
      9.Панде Лазаревски,
      10.Филимена Маневска.

      Рубриката „Академија“ е замислена како просторија за „гозба“ на душата(во Палтоновска смисла), на која што “дијалектички би се гоштевале“ за најважните теми за Македонија и Македонецот.
      Како што можете да забележите, поставен е образец на апликација за Европскиот суд за човекови права во „ворд“ верзија. Нешто што според мене досега не постоеше во Македонија. Тоа ќе им ја олесни работата на адвокатите што сакаат да вложат жалба, а со тоа ќе се зголемува притисокот врз Маневски и Македонија, да ги почитуваат човековите права. За многу важно прашање за Македонија (како на пример веронауката), лично ќе дадам допринос во изготвувањето на таква апликација, а добредојдени се и други компетентни стручњаци. Од вас очекувам да не „гоштевате“ со разни теми, заради вашиот широк опфат на знаење, а особено од економија и маркетинг. Во рубриката „Академија“ ќе бидат преведувани прецеденси на судови на ЕУ за да ни го осветлуваат патот, а особено за да се потенцира погрешното одлучување на Уставниот суд на Република Македонија, како најголема опасност за правото во Македонија, како и компаративни закони на ЕУ, за да се потенцира лошото работење на втората најголема опасност за правото во Македонија, министерот Маневски.
      На крај, неколку пати ме прозвавте за едно прашање. Од куртоазија го избегнував одговорот, бидејќи секој одговор ќе го компромитираше вашиот интелект, а тоа воопшто не го заслужувате, бидејќи пологично и похрабро размислувате од многу формално образувани правници.
      Сепак, бидејќи цел на овој „сајт“ е вистината, а не куртоазијата, ќе ви цитирам дел од G.R.Berridge, “DIPLOMACY – THEORY AND PRACTICE”, Hampshire, 2005, а вие ќе препознаете, дека тоа е одговор на вашето прашање, што ми го поставивте неколку пати:
      „Терминот договор (treaty) потекнува од францускиот глагол traiter, што значи да се преговара. Самиот овој поим е дефиниран со Виенската конвенција за договорно право од 1969. година, која што стапи на сила 1980. година. Во неа е наведено дека изразот договор, означува „меѓународна спогодба склучена помеѓу држави во писмена форма, која што е регулирана со меѓународното право, било да е содржана во еден правен инструмент, или во два или повеќе, правно поврзани инструменти, без оглед на тоа, како е наречена таа меѓународна спогодба. “Покрај ова што го наведовме, важно е да го додадеме и следново: за да биде „регулирана со меѓународното право“, спогодбата мора да биде (врз основа на член 102. од Повелбата на ОН) „регистрирана, што е можно побргу, во Секретаријатот на (ОН)…кој што потоа ја објавува“. Причината е таа, што никој не може да се повикува пред „било кој орган на Обединетите нации“, помеѓу кои што и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, на нерегистрирани спогодби (ВАР, 1990, Стр. 1). Накратко, оние страни, кои што со својот договор сакаат да створат меѓународни обврски, мораат писмено да го состават во неговата интегрална форма и негова копија да им достават на Обединетите нации. Доколку тоа го сторат, тогаш тие склучиле „договор“.“

      Thumb up 0