Интервју

Во колумната „Дали ќе се раздени“ најавив колумна во која што ќе докажам дека Грција не ќе може да ја реализира својата закана за раскинување на „Привремената согласност“. Ова закана е многу сериозна, бидејќи е порака дека тужбата на д-р Декскоски(консеквентно на тоа и пресудата) не и може ништо на ова сериозна закана, бидејќи нема да постои правно дело кое што би го санкционирало блокирањето за НАТО и ЕУ.

Впрочем, тие што ме читаат знаат дека ова го најавив лани и уште тогаш кажав дека со „мојот“ ius cogens, Грција нема да може да ја раскине Привремената согласност.

Меѓутоа, во меѓувреме добив понуда од „Телевизија сонце“ за интервју, кој што го прифатив. Бидејќи во интервјуто е објаснето како Грција ќе биде оневозможена да ја раскине Привремената согласност,  сметав дека нема потреба од посебна колумна.

Ви го препорачувам интервјуто. Тие што ме читале ќе споредат и ќе донесат заклучок дали сум поуверлив во пишуваниот, или во усниот говор(Кант во „Критика на моќта на судењето“ вели дека човек само во усниот говор, со помош на артикулацијата, гестикулацијата и модулацијата, може целосно да се изрази).

Тие што воопшто не ме читале, ќе бидат пријатно изненадени кога аргументирано ќе сознаат дека Македонија има можност да примени решение што ги исправува неправдите од минатото, ја контролира сегашноста и ја одстранува неизвесноста од иднината во спорот со Грција.

Има доста работи што се првпат кажани. На пример;споредба помеѓу моето и решението на д-р Јанев.

Read More