Груевски да и го отповика полномошното на адвокатката Мирка Велиновска

Tempora ne culpes, cum sis tibi causa doloris(Не обвинувај ги приликите, кога самиот си причина за својата болка).

Јас на м-р Груевски со колумната „Последна шанса за одбрана на името“ му направив контрасилогизам и го уништив правниот силогизам на д-р Тони Дескоски(самиот на телевизија изјави дека е автор на тужбата против Грција).

Значи, на м-р Груевски му докажав дека не Америка и ЕУ, туку тужбата на д-р Тони Дескоски е причина за неговата болка.

Меѓутоа, после колумната на адвокатката на м-р Груевски, Мирка Велиновска, „Политика на обратност во се и по секоја цена“, заклучив дека УДБОМАФИЈАТА и македоноидите го одработиле поразот на м-р Груевски и само прашање на време е кога тоа ќе се официјализира.

Read More

Соросоиди и македоноиди (TUTTI KOMUNISTI)
(втор дел)

„На еден евреин, возот му избегал пред нос. `Тотален антисемитизам`-горко промрморел евреинот. Ова е пример за логичка грешка `преурането воопштување`. Така и авторот , од референдумот за минарето, преурането заклучува дека швајцарците се верски нетолерантни(па  сходно и европјаните).  Еве контрасилогизам за македонска верска нетолерантност, односно атеистичко комунистичка диктатура. Слободата на манифестирање на верата и верската поука се основни човекови права, заштитени со член 9 од ЕКЧП И член 2 од првиот протокол кон ЕКЧП. Во Швајцарија и во старите членки на ЕУ, овие права се практицираат така што државата и дава пари на црквата(некаде и црковен данок) и другите религиозни заедници за да функционираат и имаат верска поука(сите верски заедници). Кај нас државата не и дава пари на црквата и другите верски заедници, а Уставниот ја укина и веронауката. И кој е сега верски нетолерантен?

Read More

Соросоиди и македоноиди (TUTTI KOMUNISTI)
(прв дел)

„Кога големите луѓе стануваат малодушни од постојани неприлики, тоа ги снашло поради силните амбиции а не поради снажниот дух…(Франсоа Ларошфуко, „Максими“, Мисла, Скопје, 2001).“

За сите Македонци, Македонија е  најголема работа. Бидејќи Црвенкоси беше, а Груески е премиер на Македонија, некако им следува она „големи луѓе“ во очите на Македонците.

Но, веќе долго, лицето на Црвенкоски е измачено и на него се гледа трајна болка. Тој е малодушен, заради своите амбиции, а еден Папа изјавил(според Шопенхауер) дека за се што ни се случува, самите сме криви.

Меѓутоа, во последно време и лицето на Груески не изгледа весело и задоволно.

Read More

Кој кому му е пријател

„Не сметај го за пријател, оној што се дружи со твојот непријател(данска поговорка).

М-р Драган Павловиќ Латас е главен уредник на телевизија „Сител“, а сопственик на оваa телевизија е Љубисав Иванов, стар комунист, сега социјалист.Социјалистичката партија, ССРНМ и слични организации, беа сателити на комунистичката партија.

За ССРН пратеникот од партијата на Јанша, д-р Гримс изјави дека била депанданс на УДБА.

На една телевизија неодамна видовме и слика на која што се м-р Драган Павловиќ Латас, Љубисав Иванов и Слободан Милошевиќ.

Во 1988 Јанез Јанша беше уапсен од словенечката УДБА, предаден на органите на ЈНА, суден и затворен.

Значи, м-р Драган Павловиќ Латас и Јанез Јанша се заколнати непријатели.

Read More