Самоостварувачкото пророштво на Васко Ефтов за името

Еристичкиот трик (привиден доказ кој мами) самоостварувачко пророштво, уште се нарекува Пигмалионов ефект, или selffulfilling prophecy (англиски).[1]

 

Опис: трикот темели на познатиот психолошки ефект, според кој што самото пророкување на нешто, или некое дејствие, произведува ефект кој што бил пророкуван. Автор на овој трик е американскиот социолог Robert K. Merton. Вообичаено актерите овој ефект не го забележуваат, така да убедувањето дека се работи за „пророштво“ преовладува.[2]

 

Тоа е така, затоа што: „Повеќе вреди слатката лага, отколку горчливата вистина (Руска).“[3]

Овој трик е многу ефикасен и добрите луѓе треба секогаш да го прогонуваат и да му бараат пасош кога се претставува како вистина.

Психолозите Robert Rozenthal и Lenora Jacobsen во 1968 со децата во основно училиште направиле експеримент, кој што наводно покажува кои деца се исклучително интелигентни. Вистината е дека нивните резултати биле просечни. По една година, кога „генијалците“ се вратиле на училиште и го повториле тестот, навистина покажале подобри резултати од останатите.[4]

Пренесен во сверата на аргументирањето, трикот самоостварувачко пророштво е тој, со чија што помош говорникот го убедува противникот и слушателите. Притоа се прави дека трикот не го гледа и кон него се однесува како кон аргумент. Трикот е многу опасен во сверата на можна војна меѓу две држави. Доколку едната држава најави војна, другата отпочнува војна, бидејќи најавата ја разбира како објава на војна. Поимот најава (пророштво), го заменува со поимот објава на војна.[5]

Овој трик често го користат ВМРО[6] (Депанданс на УДБА) и СДСМ (УДБА).

Кога некого сакаат да елиминираат, прво ќе пуштат некој нивни „новинар“ кој што ќе пророкува дека одреден функционер ќе биде сменет. И навистина, откако ќе му се остави доволно време на овој трик (соработниците да почнат да се однесуваат во склад со трикот), функционерот бидува сменет. Јавното мнение со помош на трикот било подготвено и смената ја доживува само како остварување на пророштвото.

Истиов трик го употребуваат и кога сакаат да постават некој идиот на некое место. Некој нивни „новинар“ тоа ќе го најави, на трикот му се дава време да дејствува и се поставува идиотот.

Еве како се употребува и како делува трикот посликовито.

Словенија е добро уредена држава и кадровските промени, кои што кај нас се подразбираат со промена на власта, таму јавноста не ги прифаќа, доколку не се логички образложени.

Така и Словенците прибегнуваат кон овој трик, но на многу поперфиден начин.

Новата власт преку медиумите пушта најава (пророштво) дека ќе има „пролетно чистење“, а тоа ќе го опфати и директорот на полицијата. После неколку месеци, им се става крај на погодувањата дали ќе биде сменет. Директорот на полицијата одлетува, а министерот за внатрешни тоа го образлага со зборовите дека; за да се разбремени себе и директорот на полицијата од притисокот од медиумите (дали ќе има замена, кога ќе биде замената, што ќе се случи), го сменил директорот на полицијата. Бесмртни аргументи, нема што.[7]

Новинарот Васко Ефтов во својата емисија по изборите изјави дека името повеќе нема да биде важно. Не даде никакво образложение, што ни дава за право да заклучиме дека го употреби еристичкиот трик самоостварувачко пророштво против македонскиот народ. Многу опасен трик.

Васко Ефтов е новинар со широк репертоар на еристички трикови и од неговите емисии ќе давам примери во мојата евентуална книга за еристиката.[8] За да се овековечи опасноста што произлегува од употребата на еристиката. За да не ја употребуваат идните новинари против својот народ.

Инаку, еристиката е забранета во расправите.

Расправата со еристичар, веднаш треба да се прекине.

Употреба на еристика е дозволена само доколку еристички сте нападнати во расправата, а од прифатливи причини, не можете да ја прекинете расправата.

Ерго, Васко Ефтов, кој што нема никакво научно звање, а камоли познавање од меѓународно право, тврди дека прашањето за името ќе биде заборавено. Чист пример на употреба на трикот самоостварувачко пророштво против својот народ.

 

Преведено на разбирлив јазик; Македонците ќе се откажат од правото на самоопределување. Ќе се откажат од најважното човеково право.

 

Штом овој трик го употребува Васко Ефтов, тој тоа го сака.

На опишаниов начин докажавме дека од него зборува волјата, а не интелектот.

Лошата волја.

Васко Ефтов е тип на човек кој доколку интервјуира претседател на држава, се однесува како и тој да е претседател на држава. Тоа Фројд го нарекува криза на идентитет. Така тој својата криза на идентитет сака да ја проектира (Фројд) на македонскиот народ со употребата на овој опасен трик.

„Работата тешка за волк, лисицата лесно ја обавува (Персиска).[9]

Васко Ефтов си помисли дека штом работата со името не ја завршија такви волци како (за некои од волците место име ќе употребам епитети што им ги даде Трамп): „Бесно куче“, „Глупача“, „Кукавица“, Депанданс на УДБА и УДБА, време е за неговите лукави трикови.

Но заборави дека: „Кога лисицата ќе се најде во канџите на лавот, малку и помага нејзината лукавост (Руска).“[10]



[1] BREGANT, Janez, Zmote in napake v argumentaciji : vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu/Janez Bregant, Boris Vezjak.-Maribor : Subkulturni azil. 2007, stran 102.

[2] Ибидем.

[3] Превел М.П. : R.ADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 94.

[4] Ибидем.

[5] Ибидем.

[6] Јас во иднина за разлика од сите други, кои што го нарекуваат само ДПМНЕ, или ДПСНЕ, ќе ги нарекувам ВМРО.

Имено, Аристотел во „Никомахова етика“ вели дека однесувањето на потомците има извесно влијание на блаженството на мртвите претци.

Значи предавството на ова ВМРО има влијание на блаженството на историското ВМРО. Гоце Делчев.

Мислам дека ме разбравте што сакам да постигнам.

[7] Ибидем.

[8] Најчести му се триковите теорија на заговор и диверзија. Трикот теорија на заговор го објаснивме во една друга колумна, а диверзијата ќе ја објасниме во нова колумна. Со пример од емисија на Васко Ефтов, бидејќи досега ми беше пример како не треба да работи новинар, но сега веќе стана опасен за остварување на правото на самоопределување на Македонците.

[9][9] Превел М.П. : RADIČ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 126.

[10] Превел М.П. : RADIČ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 126.

  •  
  • neutrinoz

    Васко не е доволно за да свесно ја употребува наведената еристика. Вие всушност искрите со неговите странски брифери.

    (себеостварувачко??)