Дали ќе се раздени

„Јас своето ќе го откукурикам, а дали ќе се раздени не е моја работа(Осетска поговорка)“

Според авторот на тужбата д-р Дескоски и поранешниот  министер за надворешни работи м-р Милошоски, пресудата од Хаг била голема победа против Грција на патот кон ЕУ.

Меѓутоа, Македонците не мислат така, според „Нова Македонија“ од 24.12.2011. година. Околу 50% не мислат така, а 13% од нив сметаат дури дека сме и подалеку. Околу 39% сметаат дека сме поблиску, а околу 11% не знаат.

Read More

Паника

Не чекав долго за да се потврдат наводите на мојата последна колумна.

Еден дневен весник близок до власта денес панично(така ја свќаме чуденката на крајот од насловот) објавува дека грчкиот адвокат Фотис Канелопулос изјавил за грчките медиуми дека привремената согласност е невалидна, затоа што грчкиот парламент не ја ратификувал и не била објавена во службен весник. Според грчкиот адвокат; привремената согласност била невалидна, не се применувала и Грција можела во секое време да се повика на своето право на вето против Македонија, без за тоа да сноси одговорност.

Основно правило во медицината е; не наштетувај.

Истото важи и во правото. На оној што бара правда немој да му наштетуваш. А дали тужбата на д-р Тони Дескоски не и наштети на Македонија. Каква е таа победа доколку грчкиот адвокат има право?

Дали јас со моите решенија врз основа на ius cogens и наштетив, или може да и наштетам на Македонија?

За да си одговорите на овие прашања, ви го нудам интервјуто што уредникот Зоран Трајчески го направи со мене непосредно пред пресудата, на емисијата “Радио спектар” за Македонското радио.

Read More