Заблуди во спорот со Грција

Заблуда е дека Европската Унија е виновна што ние преговараме за името. Со начелото за обврзно право, кое не може да го прекрши ниту една држава, докажувам дека не ни е крива ЕУ, туку ние, бидејќи и покрај ништавноста на Привремената спогодба, разговараме со Грција. Дури бараме и нејзино исполнување, што значи ние сакаме да си го смениме името.

„Ниедна заблуда не е толку голема за да не најде свои приврзаници“(германска поговорка).

Заблудата „привремено име“ најде свои приврзаници меѓу комунистите, а некои од нив навистина предлагаат промена на името. На овој степен, Глигоров рече не, Црвенковски и Фрчкоски се амбивалентни, а најгласни се Андов и Петковски.

Во критичен момент кога се чинеше дека оваа заблуда може да преовладува, се појави нова, наречена „идентитет“. Најмногу заслуги за неа има Велиновска. Оваа заблуда беше многу корисна за да се даде силен отпор на претходната и таа да се напушти. Хомонимното значење на поимот „идентитет“ е една од причините за појава на новата заблуда. Кога јас го употребував поимот „идентитет“, најчесто и го појаснував (идентитет=име, идентитет=прв закон на мислењето, идентитет=културно колективно човеково право како иус цогенс).

„Повеќе пријатели има старата заблуда отколку новата вистина“ (германска поговорка).

Кон крајот на април и почетокот на мај 2010 „Нова Македонија“ ја објави мојата „Стратегија за зачувување на името“. Во неа е направен правен силогизам во корист на Македонија. Мојата вистина се вика иус цогенс. Меѓутоа, мојата нова вистина има малку пријатели во однос на старата заблуда на Велиновска.
Еррор, цуи нон ресиститур, аппробатур (заблудата на која не и се спротивставуваме ја одобруваме). Бидејќи Македонија докажала пред светот дека е свесна за заблудата „идентитет“, „…а ништо не прави и не бара поништување на правната работа, се смета дека се согласува со настанатите правни последици. Имено, се смета дека тукуречи молчешкум ја одобрила својата изјава дадена во заблуда и ги прифатила правните дејства, кои настанале заради неа“ (проф. д-р Јанез Крањц, „Латински правни изреки“, Љубљана, 2000).

Значи, иако медиумот „Нова Македонија“ како четврта власт правовремено ја разобличил заблудата „идентитет“, која стана државна политика на десната влада, таа ја признава како валидна ништавната Привремена согласност. А разликата помеѓу заблудата „идентитет“ и вистината иус цогенс е како да чекате непријателот што доаѓа од исток да влезе во Македонија, наместо да го нападнете во Турција. Во Македонија ќе има многу силувани жени, убиени деца, а во Турција само загинати македонски јунаци и победа.

Во спорот со Грција најсилен доказ дека заблудата „идентитет“ ќе биде поразена е „Република Македонија (Скопје)“. Кој не знае дека и левицата и десницата се согласија во Букурешт да го прифатат ваквиот предлог? Меѓутоа, малкумина знаат дека Аристотел („Органон“) вели дека доколку додадениот дел само акцидентално и припаѓа на стварта, тогаш не е променет идентитетот. Тој го дава примерот со еден човек што седи, а ние не знаеме како се вика и велиме некој да го повика оној што седи. Тој само акцидентално седи и не е уништен неговиот идентитет. Така и Скопје, само акцидентално и припаѓа на Македонија како главен град. Во минатото имало и други главни градови на Македонија. Врз основа на заблудата „идентитет“ сте дозволиле да преговарате за идентитетот и ви нашле чаре, соодветно за вашата заблуда.

Има уште. „Горна Македонија“, од логички аспект, е уште подобар одговор за заблудата „идентитет“: „Доколку се случи она што е дадено во дефиницијата да и припаѓа на сегашноста, или минатото, додека она што има име не и припаѓа, тогаш нема идентитет“ (Аристотел, „Органон“). Приговорот на Аристотел, Грција го одби со „Горна Македонија“. Горна Македонија ја спомнува таткото на историјата Херодот (на страница 535 и 634 од словенечкиот превод: „Херодот из Халикарнаса“, „Згодбе“, Љубљана, 2006), со што најголемиот ум Аристотел е испочитуван. Значи, само новата вистина не дозволува да се преговара за правото на самоопределување.

„Некоја заблуда во која привидот му е очигледен и на здравиот разум (сенсус цоммунис) се нарекува некаква невкусност или бесмислица… Најнапред мора да му се предочи тој привид. Доколку сепак остане на тоа, тогаш тој се разбира дека е невкусен, но со него ништо повеќе не може да се направи. Тој со тоа се направил и неспособен и недостоен за секакво понатамошно упатување на прав пат и побивање на неговите причини“ (Кант, „Логика“).

Во борбата за ова најважно прашање за Македонија, сметам дека барем медиумите треба да се воздржат од потенцирање на словенството или потенцирање на македонството.
„Некој просед маж имал две љубовници, една млада и една постара. Онаа што била во поодминати години, срамејќи се што се дружи со помлад од себе, секогаш кога овој ќе дојдел кај неа, му ги скубела црните влакна. На помладата, пак, и било незгодно што има старче за љубовник, па му ги кинела седите. И така се случило овој, скубен од обете, да стане ќелав“ (Езоп, „Басни“).

Објавено во Нова Македонија на 11 февруари 2011

Read More