Има правни лекови за нашата болест

Слогата меѓу Македонците е многу поголема отколку што тврди Европа. Над 60 отсто не би се согласиле да станеме членка на ЕУ, под услов да си го смениме името. А кој се сомнева дека промената на името не е промена на идентитетот би го потсетил на Аристотел, односно првиот закон на мислењето, Законот на идентитет, кој вели дека А=А и мора да остане А.

Сé што е нелогично пропаѓа. Доколку не го почитуваме Аристотел, ќе пропаднеме. Според него, слогата е најважното нешто за државата. Поважна и од правичноста. Зашто, таму каде што има правичност, има потреба од слога, а таму каде што има слога, нема потреба од правичност. Слогата помеѓу државјаните е како пријателството помеѓу поединците. Сé е заедничко. Но поради доблест, а не поради марксистичка идеологија. Лично не сум најзадоволен со однесувањето на најбројното малцинство во Македонија. Но подобро е да се претрпи, отколку да се направи неправда (Цицерон). Доколку дојде до оној критичен момент, нашата праведност ќе ни даде натчовечка сила да победиме.

Неправдата која што ни се чини на очиглед на целиот свет, не треба повеќе да ја трпиме. Меѓутоа, во Македонија се разликуваме во тоа кој е нашиот избор. Кое средство треба да го употребиме за да ја отстраниме неправдата.

Едните велат прекин на преговорите врз основа на Привремената спогодба, а другите велат продолжување на преговорите и постигнувањл4а преговараме. Доколку ги прекинеме преговорите, ќе ги прекршиме договорните обврски. Од друга страна, врз основа на таа привремена спогодба поднесовме тужба за исполнување на Привремената спогодба, барајќи да се санкционира попречувањето на Грција за зачленување во НАТО.

Вториот избор е исто така погрешен, бидејќи, како може да се постигне разумен компромис, доколку врз основа на големата премиса на Аристотел, цитирана од „Никомахова етика“ во почетоков на овој текст, спротивно на природното право, односно неразумно е да се прави компромис.

Што ни преостанува?

Најдолго експлоатиран избор е предлогот на господинот Игор Јанев, кој е многу познат во јавноста и кратко ќе го образложам. Тој се темели на членот 4 од Повелбата на ОН и е комбинација од дипломатија и право. Доколку се исполнат одредени услови, се добива советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата, кое не е обврзувачко. Овој предлог е веќе реализиран во практиката и се очекува одлука во судот во блиска иднина. Ова е најголемата предност на овој предлог.

Еден предлог дадов и јас, предлагајќи во колумна во „Нова Македонија“, Македонија да ја тужи Грција пред Европскиот суд за човекови права, поради прекршување на правото на идентитет, заштитено со членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Одлуката на Европскиот суд за човекови права е обврзувачка. Во случај на успех, Грција мора да ја почитува, бидејќи во спротивно ќе биде исклучена од Советот на Европа. Во шеесеттите години на минатиот век, Грција веќе беше исклучена од советот на Европа, како досега единствена исклучена членка на Советот на Европа. Ова повлекува реперкусии и во Европската Унија, бидејќи незамисливо е една држава да е членка на ЕУ, а да е исклучена од Советот на Европа. Во ситуација кога на Грција и се закануваат санкции од ЕУ, а некои предлагаат и нејзино исклучување, Грција не може да си дозволи постапка пред Европскиот суд за човекови права.

И двата предлози го отстрануваат стравот кај Македонците, но досега не е направена анкета да се испита односот на Македонците кон овие правни средства.

Доколку се вратиме на изборот, одлуката за прекин на преговорите има врска со предлогот на господинот Јанев, но го носи во себе ризикот Грција да ја тужи Македонија за исполнување на Привремената спогодба. Доколку преговорите се прекинат врз основа на Привремената спогодба, ова правно дело и понатаму останува во правниот промет и Грција може да го искористи пред Меѓународниот суд на правдата(доколку Македонија побара советодавно мислење според Јанев) како доказ дека постоел писмен договор помеѓу Македонија и Грција, кој предвидувал преговори за името.

Доколку го компарираме случајот на Србија, Србија не потпиша никаков договор за Косово во Рамбуе и покрај силните притисоци, и покрај војната, и покрај поразот во таа војна.

Значи, српскиот случај и македонскиот случај се разликуваат во тоа што Србија не се согласи со самостојноста на Косово, а Македонија се согласи да преговара за промена на името.

Мојот предлог е релативно нов во однос на предлогот на господинот Јанев и досега нема никаква реакција или коментари. Ниту позитивни, ниту негативни.

Поради тоа, за овој предлог доволно е она што е кажано погоре.

За двата предлози може да се заклучи дека нема слога кај Македонците, што не значи дека тие не ја зацврстуваат слогата да не се смени името. Бидејќи со самиот факт што Македонците знаат дека постојат два правни лека за нашата болест, се зголемува храброста да се истрае, а со тоа во најмала рака се зачувува истиот процент на слога да се сочува името. Секако, ова во многу поголема мера го постигнува предлогот на господинот Јанев.

Објавено како фељтон за “Стратегија за зачувување на името” во Нова Македонија на 3 мај 2010
Сите делови:
1. Дали случајот помеѓу Македонија и Грција правно е меѓународен спор?!
2. Зошто Европа ја поддржува грчката неправда кон Македонија?
3. Има правни лекови за нашата болест
4. Привремената спогодба е неправда за Македонија
5. Сојузот со САД – причина што Грција не го користи правото на војна
6. Пресудата на Меѓународниот суд на правда ќе биде како светилник