Груевски да и го отповика полномошното на адвокатката Мирка Велиновска

Tempora ne culpes, cum sis tibi causa doloris(Не обвинувај ги приликите, кога самиот си причина за својата болка).

Јас на м-р Груевски со колумната „Последна шанса за одбрана на името“ му направив контрасилогизам и го уништив правниот силогизам на д-р Тони Дескоски(самиот на телевизија изјави дека е автор на тужбата против Грција).

Значи, на м-р Груевски му докажав дека не Америка и ЕУ, туку тужбата на д-р Тони Дескоски е причина за неговата болка.

Меѓутоа, после колумната на адвокатката на м-р Груевски, Мирка Велиновска, „Политика на обратност во се и по секоја цена“, заклучив дека УДБОМАФИЈАТА и македоноидите го одработиле поразот на м-р Груевски и само прашање на време е кога тоа ќе се официјализира.

За тужбата на д-р Тони Дескоски докажав дека е причина за болката на Груевски, а сега ќе докажам дека пишувањето на Мирка Велиновска, наводно во корист на м-р Груевски, е всушност сигурен негов пораз.

Еве зошто.

Велиновска во погорецитираната колумна го обвинува Игор Ивановски-Шема, заради тоа што рекол:„Нема никаква разлика помеѓу комунисти и фашисти.“

Според Велиновска:„Дечкиве самите, без асистенција од кого било, си го копаат историскиот гроб, та дури како што гледам и самите се трудат мермерна плоча да си стават за сите времиња.“

Напротив. Велиновска со ваквото глорифицирање на комунизмот, му ископа гроб на ВМРО и м-р Груевски и мермерна плоча му стави за сите времиња.

Имено, Велиновска за аргумент против Игор Ивановски-Шема, по обичај, им се обраќа на емоциите на судиите(читателите), велејќи дека „…им се помоча на коските на илјадници револуционери…“

Овој еристички трик на Велиновска на англиски се вика appeal to emotion.

Според проф. д-р Јанез Брегант и проф. д- Борис Везјак(Zmote in napake v argumentaciji”, Subkulturni azil, Maribor, 2007), трикот повикување на емоции се прави така што при заговарањето на своите ставови, наместо рационални докази се повикуваме на емоции. Стратегијата на таквото заклучување е да се обидеме со употреба на емоционално обоен јазик, кај судиите(читателите) да предизвикаме жалост, па на тој начин да ги убедиме да го прифатат нашиот заклучок дека комунизмот и фашизмот не се идентични.

Постулатите на Велиновска се далеку од тоа да се релевантни за силогизам:„…тие се користат само како оружје за манипилација на убедувањето на слушателите , кај нас сакаат да предизвикаат соодветен позитивен или негативен одзив, заради што таквите аргументи се типичен производ на демагогија и пропаганда(Prof. dr. J. Bregant in prof. dr. B. Vezjak, “Zmote in napake v argumentaciji”, stran 123, превел М.П.).“

За разлика од еристичкиот трик на Велиновска, за постулатот на Игор Иваноски-Шема има доказ. Во „РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА ЕВРОПСКА СОВЕСТ И ТОТАЛИТАРИЗАМ“ од април 2009 година во точка К стои:

„К. со оглед на тоа да Европа нема да биде обединета, освен доколку е во можност да формира заеднички преглед на историјата, признавајќи го нацизмот, сталинизмот, и фашистичките и комунистичките  режими како заедничко наследство и изнесе чесни и темелни расправи за нивните злосторства во минатиот век(превел М.П.).“

Значи Игор Иваноски-Шема ја кажал целата вистина.

Дури изненадувачки, отишол и чекор понапред и како припадник на правниот сукцесор на комунистите, ја применил точката 13 од Резолуцијата на  Советот на Европа 1481 од 2006 година:

„13. Понатака ги повикува сите комунистички и посткомунистички странки во своите држави членки, кои што тоа уште не го сториле, нека ја оценат повторно историјата на комунизмот и своето сопствено минато и јасно да се дистанцираат од злосторствата, кои што ги сторија тоталитарните комунистички режими и сосема недвосмислено да ги осудат(превел М.П.).“

Така, Велиновска на ВМРО и м-р Груевски им ја намести мермерната плоча.

Шопенхауер би рекол:„Тоа е начинот, на кој што лошите адвокати губат добри предмети(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика“, трик број 37, превел М.П.).“

Со овој еристички трик, иако ВМРО  и м-р Груевски се во право(немаат на душа комунистички злосторства, направија денационализација, единствени во цела поранешна Југославија прават лустрација, ја поразија ОНА и ја одбранија Македонија, го бетонираа културниот идентитет од пред Александар Македонски), со употребата на нивниот „адвокат“ Велиновска на лош аргумент(глорификација на злосторничкиот комунизам), ВМРО и м-р Груевски ја губи „парницата“ во очите на судиите(читателите и Западот кон кој се стремиме) и им препушта незаслужена победа на комунистите на Игор Иваноски-Шема, а со тоа Македонија ја препушта на опасна и неизвесна иднина.

Комунистите на Игор Иваноски-Шема, одамна се уверија во интелектуалните способности на Велиновска и затоа „и го отповикаа полномошното“.

  • Metodius Magnus

    Да појаснам, јас го користам Вашиот контрасилогизам не за да го признаам туку за да извршам редукција на апсурд на најмалку едно од двете ваши тврдења. Логиката е едноставна – СДСМ ја потпиша привремената спогодба која според вас е невалиден доумент, спротивна на Јус когенс. Или не се доволно паметни за да сфатат што потпишале, или пак вашата претпостака не држи (односно привремената спогодба е валиден доумент). Би поминало и дека биле свесни дека потпишуваат документ кој подоцна ќе го поништат (во даден политички избран момент), но верификацијата на тој договор во нашиот парламент вели дека тоа не е случајот (потсетување – Грција НИКОГАШ не го верификува, па се оди на специјални правни норми „дека го почитувала договорот – што верификацијата ја прави излишна“ – простете, правните изрази не ги знам, Јас сум сепак програмер).
    Што се однесува на мислењето дека сум близок до Власта (или до Мирка), ќе ви кажам само дека сум (како и Вие) Вевчанец. Тоа би било доволно за да ја сфатите мојата „неприкосновена блискост“ или идеализирање на било кого. Верувам дека сум објективен, но и реален. повторно ќе го споменам флагрантно здробениот „Букурештки мировен договор“ од 1913 кој е сеуште во сила, и што би рекле ние, „топ не го биет“.

    Thumb up 0

    • montehristo

      Доколку Грција не го ратификувала/верификувала договорот, зошто тогаш Република Македонија ја тужи за неисполнување на истиот договор?
      Која е целта на тужбата?
      Да се натера другата страна да исполни нешто за што не се обврзала во нивниот парламент?
      Да не го црпат тоа барање за ексклузивитет на идентитет/име токму од Букурешкиот дооговор можеби?

      Thumb up 0

    • Metodius Magnus

      Монтехристо, верувам дека господинот Марјан попрецизно може да ви објасни дека постои во меѓународното право некоја регулација која вели дека дури и нератификуван договор, доколку се почитува и се повикува на него, правно се третира за ратификуван. Мене правото ми е нешто како хоби, па читнувам закони кои се во интерес на Македонија. Професијата ми е далеку од тоа…

      Thumb up 0

    • Јас направив контрасилогизам дека договорот е ништавен без да спомнам ратификација.
      Ратификацијата воопшто не е битна доколку се исполнети условите што ги кажав во расправата со „Мусо“,да не се повторувам.
      Значи, доколку договорот не беше ништавен заради мојот контрасилогизам, тој нема да беше ништавен заради тоа што не е ратификуван.
      И најнакрај, доколку не беше мојот контрасилогизам, тужбата на Груевски ќе ја срушеа Грците со свој контрасилогизам(и грчкиот контрасилогизам во една колумна го дадов и го побив со мојот полисилогизам).Мојот контрасилогизам го побива и Груевски и Грците, но истовремено го спасува Груевски од контрасилогизмот на Грците и од Привремената согласност која што го дави.

      Thumb up 0

  • Metodius Magnus

    Обични ги читам Вашите текстови и ми се чинат доста издржани. Но овој текст содржи спротивности на она што вие го поставувате како темел на многу ваши натписи – елементарната логика. Далеку било да ќе одговорев да беше само една нелогичност, ама овде ги има сериозно многу на мало место…
    1. Прво тужбата на Република Македонија (за која пишувате како да е приватна, од д-р Десковски) ќе има три можни исходи, поволен за Македонија, неповолен и ненадлежност на судот. Ниеден од овие на никаков начин не продуцира немир или болка во една политичка партија Повеќе од ефектите се однесуваат на сите нас… Ќе потсетам и дека вашиот контрасилогизам е заснован ла лабава претпоставка. Таа претпоставка е дека договорот е ништовен затоа што е спротивен на Јус Когенс што е лабаво, колку и да сакаме ние како Македонци да е така. А лабаво е затоа што се работи за политичка дискусија за тоа дали имаме право да се нарекуваме Македонци. Не за правна. Правно гледано чисто е како солза. Политички ние треба да докажеме дека „не сме узурпатори на нечие наследство“, а тоа е процес. Ние имаме со Македонија ЕКЛАТАНТНО КРШЕЊЕ на Јус Когенс со Букурешткиот договор, но тој е сеуште во сила!
    2. „Нема разлика меѓу комунисти и фашисти“ го оправдувате со „Точка К: со оглед на тоа да Европа нема да биде обединета, освен доколку е во можност да формира заеднички преглед на историјата, признавајќи го нацизмот, сталинизмот, и фашистичките и комунистичките режими како заедничко наследство и изнесе чесни и темелни расправи за нивните злосторства во минатиот век“. Ова е речено во смисла дека наведените 4 групи правеле злодела. НИКАКО не може да значи дека тие се едно исто (додавка, ако фашисти и комунисти се исто, од овде заклучуваме дека и сталинисти и нацисти се исти со нив). Вие велите некој убил 15 деца, друг украл 15 бомбони, трет претепал 15 луѓе – тие се исто – криминалци! Ова ми звучи повеќе како доказ дека Јустиција е слепа, а не издржан правнички аргумент. И уште Шема отишол подалеку, затоа што со таа немарна реченица тој успеал да се дистанцира од злосторствата на комунистичката партија… Ова од некоја научнофантастична книга да не е извадок? Или вие сериозно мислите дека Шема го размислувал тоа во духот на Точка 13 од СЕ? Нема врска. На Бихаќка главен муабет е дека „Груевски е фашист“, а втор по важност е дека „Тие се лоши исто како нас“. Комбинирано заедно, фашистите се исти со комунистите.
    И конечен удар, капак на се е дека со овој натпис, М. Велиновска „ја погребала“ ВМРО како партија. Некој земјоделец во Мариово, ќе го промени своето мислење за партијата што му купила трактор, оти Шема бил во право за Фашистите и Комунистите, ама Мирка рекла дека тоа било лошо. На која планета тоа? Овде дефинитивно не е…
    И бидејќи комунистите се увериле во интелектуалните способности на Мирка, „и го отповикаа полномоштвото“… Јас незнам како толку мудри луѓе воопшто успеваат да изгубат да заглибат во кал, да изгубат избори, да потпишат спогодба спротивна на меѓународното право и ред други чуда. И да не заборавам – ставете макар на крај на умот дека можеби „Македоноидите“ се Македонци.

    Thumb up 0

    • Господине “Metodius Magnus”, вашата расправа во дел е чесна, а во дел е еристичка дијалектика.
      Во ов прилика ќе расправам и ќе се обидам да го побијам она што е чесно, а кога ќе имам повеќе време, ќе укажам на еристичките трикови.
      Ме изненадивте со употреба на еден еристички трик, кој што никој досега не го употребил и тешко се открива.Тоа говори дека;или сте блиску до власта, или сте и наклонет на Велиновска(комунистка).
      Но, сега за чесната расправа.
      Во првата точка велите дека мојот контрасилогизам(со помош на ius cogens) е нешто лабаво, затоа што проблемот бил политички, а не правен.На овој начин правите логичка грешка petitio principi(она што треба да се докаже, го сметате за докажано).На друго место на сајтов имам дадено и добар пример за ова логичка грешка(анегдота за Линколн) со опашката на овцата, но сега ќе ја прескокнам за да не ја доведувам во искушение трпеливоста на моите редовни читатели.
      Значи, Меѓународниот суд на правдата има донесено околу 150 пресуди од неговото постоење и досега не одбил тужба затоа што спорот бил политички.Последен таков обид имаше во спорот Америка против Иран, кога и двете страни го употребија вашиот аргумент, но судот го одби(Benedetto Conforti, “DIRITTO INTERNAZIONALE”, Editoriale Scientifica srl Napoli, VI ed., 2002).Цитираниот референтен автор, покрај тоа што е професор, бил и долгогодишен судија на Европскиот суд за човекови права, што значи дека е и одличен практичар и според него, секој спор е подобен за решавање пре Меѓународниот суд на правдата(освен ситуациите, кои што не се спорови).
      Во точка 1. велите дека мојот ius cogens е нешто лабаво, за во последната реченица да речете:„…и да потпишат спогодба спротивна на меѓународното право…“, признавајќи го мојот контрасилогизам.
      Поради тоа во вашата расправа има contradictio in adiecto, односно го кршите втоориот закон на мислењето(најпознат пример, кај Аристотел, „Органон“;`Црнецот е црн, ама што се однесува да забите, бел е.`).
      Не може така.
      Во точка 1. изјавувате дека мојот ius cogens е нешто лабаво, за на крајот да ги „растурите“ Игор Иваноски и неговите од СДСМ, токму со мојот контрасилогизам.
      Значи, или е контрасилогизмот лабав(тоа веќе го побив), или е совршен правен силогизам(побивајќи го Игор Иваноски и СДСМ, за вас мојот контрасилогизам е општоприфатена работа и од тоа носите заклучок за неинтелигентноста на Игор Иваноски и СДСМ).

      Thumb up 0

    • Бидејќи за мојот контрасилогизам велите:„Правно гледано чисто е како солза“, сега треба да бидете доволно чесен дијалектичар и да признаете дека го побив вашиот аргумент дека спорот бил политички.
      Доколку ме известите дека е така, вие повеќе и немате суштински приговори на ова колумна.

      Но сега за новиот еристички трик што го употребивте и кој што многу тешко се открива.
      Имено, јас против Велиновска употребив реторичко средство реторзија.Што е реторзија(дефиниција).Кога аргументот на противникот подобро може да се употреби против него, станува збор за реторзија(терминот реторзија го користи Шопенхауер).Аристотел во „Реторика“ дава одличен пример.Некој говорник, бранејќи го некој млад човек, во судот изјавил дека треба да му се прости неделото заради неговата младост.Противникот употребил реторзија и рекол дека токму затоа што е млад, треба поостро со него, зашто додека е млад може да се поправи.Подоцна никако.
      Така и јас;потпирајќи се на резолуциите на СЕ и на резолуцијата на ЕУ како на големи премиси, аргументот на Велиновска со мермерот го свртив против нејзиниот властодавец, заради нејзиното лошо застапување на добар предмет(Груевски и ВМРО).
      Вие не ми ја уништивте ни големата премиса, ниту пак реторзија, од која што произлегува мојата мала премиса.Не ни можевте.
      Но затоа велите дека еден земјоделец од Мариово на кој што му е купен трактор, нема да го поколеба вистината за комунизмот што ја изрекол Игор Иваноски.
      На овој начин вие го употребивте трикот „лизгава падина“.
      Имено, аргументот никогаш не смееме да го означиме за „лизгава падина“, бидејќи, потоа наредната ствар која што ќе ја направиме е таа, што сите аргументи ќе ги имаме за „лизгави падини“.„…потоа никој повеќе нема да сака да аргументира и ќе завршиме во војна(Janez Bregant, Boris Vezjak, “Zmote in napake v argumentaciji, vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu”, Subkulturni azil, Maribor, 2007, stran 265).”
      Прифатете ги овие аргументи на словенечките професори.
      Прифатете ги моите аргументи, или побијте ги.Немојте да го употребувате овој, најопасен трик.

      Thumb up 0