Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 6)

3.4 Право

Како меѓународна организација, Меѓудржавниот суд во Хаг, мора да делува во склад со меѓународното право.Ги употребува сите категории на правни правила, кои што се однесуваат на правата и должностите на меѓународноправните субјекти. Статутот на меѓудржавниот суд[1] ги наведува следните три категории:

-општи, или партикуларни меѓународни конвенции;

-меѓународно обичајно право;

-општи правни начела, кои што ги признаваат цивилизираните народи.

Според словенечкиот автор Горазд Бохте, „Судот кој дели право со согласност на странките:Меѓудржавниот суд во Хаг“ , правна Пракса, Љубљана, 2000, споменатите категории не се во хиерархиски однос, во пракса пак, најнапред се аплицираат меѓународните спогодби и конвенции, доколку не го кршат ius cogens.[2]

Како четврти извор[3] за употреба на правото пак, Меѓудржавниот суд ги употребува судските одлуки и правните мислења, на највисококвалифицираните стручњаци од различни држави. Во своите пресуди, Меѓудржавниот суд не наведува, кое право го употребил; цитатите и наведувањата се невообичаени, најмногу можат да се најдат само во издвоените мислења на поедини судии.

Судот може да суди и врз основа на апстрактна правичност (ex aequo et bono),[4] без употреба на споменатите извори на меѓународното право, доколку странките за тоа се договорат, меѓутоа во пракса, такви случаеви немало.[5]

 

3.5 Постапка

Прописите за постапката пред Меѓудржавниот суд ги содржи неговиот Статут, кој што е составен дел на Повелбата на ОН и Деловникот, кој што го составува меѓудржавниот суд сам. Постапката започнува на два начини:

-Кога помеѓу странките не постои однапред одредена задолжителна надлежност на меѓудржавниот суд, мора да се договорат со компромис, спорот да го решава меѓудржавниот суд. Во тој случај, нема тужител и нема тужен.

-Во случај на однапред одредена обврска, постапката започнува со тужба. Се поставува тужбено барање, кое што тужениот може да го побива со жалба, а може да вложи и противтужба.[6]

По договор на странките, постапката тече на Англиски јазик, или на Француски јазик. Странките пред судот ги застапуваат агенти, правни советници и адвокати. Интервенција на трета држава е можна во два случаеви:

-кога се работи за нејзин правен интерес;

кога се работи за толкување на повеќестранечка меѓународна спогодба, во постапката може да влезе секоја договорничка, меѓутоа, со тоа, толкувањето ја обврзува и неа.[7]

Самата постапка пред судот се дели на писмен и усмен дел и во стварност е парница.

Првата фаза на постапката е наменета за прашања од надлежноста, или допуштеноста и тие прашања најпрво се расправаат писмено, а потоа уште и во усната постапка. Следи втората фаза на постапката, која што се однесува на мериторните прашања и исто така се изведува во писмен и усмен дел. Во писмениот дел, странките се повикани, да ги предложат своите барања во меморандуми и прилози. Во усниот дел[8] од постапката, судот ги сослушува странките, сведоците и вештаците.Доколку парничната странка одлучи да не учествува во постапката, тоа не го спречува судот да ја спроведе постапката и да изрече пресуда.Судот и во такви случаеви е должен да ги проучи сите видици на спорот и нема автоматски да го уважи барањето на спротивната странка.[9]

Во роковите што ги одредува судот, тужениот може писмено да приговара. Кога е вложен приговор, судот ја прекинува писмената постапка за главната работа и започнува со постапка (најнапред писмена, а потоа усмена) за приговорот. Приговор може да се вложи, како на надлежноста на Меѓудржавниот суд во Хаг, така и на допуштеноста на поднесокот. Доколку судот го уважи приговорот, се завршува целата постапка. Доколку пак, го одбие приговорот, започнува постапка за главната работа. Судот исто така може да одлучи, дека за приговорот не може да одлучи одвоено од главната работа. Тогаш доаѓа до здружување на постапките.

Судот може во текот на постапката да одреди привремени мерки, кои што треба да бидат донесени, за да се заштити правото на странката, или да се спречи влошување на ситуацијата. Посебно итни се привремените мерки, кога се одредени за спречување на ненадоместлива штета.[10]

И за времетраењето на парницата, комуникацијата помеѓу странките во спорот не престанува. Доколку странките сами во тоа време постигнат спогодбено решение, го известуваат судот за таа спогодба. Судот во таков случај донесува решение, со кое што го брише спорот од списокот на предмети, кои што се предмет на судење. Постапката може да се запре и со повлекување на тужбата, доколку започнала со тужба.Во повеќето случаеви пак, постапката се завршува со изрекување на мериторна пресуда.[11]

 

3.6 Пресуда

Советот на Меѓудржавниот суд во Хаг, одлучува со мнозинство гласови. Во случај на нерешен исход, превагнува гласот на претседателот на судот, односно на оној судија, што претседава со советот. Пресудата судот ја донесува јавно, во присуство на странките. Образложенијата се опсежни, одреден судија пак, може да даде потврдно издвоено мислење (кога се согласува со решението, а сака да наведе посебни разлози), или пак, негативно издвоено мислење (кога не се согласува со решението).

Пресудата на меѓудржавниот суд е конечна и обврзувачка за странките.[12] Повелбата на ОН одредува обврска, секоја држава членка на ОН, да и се покори на пресудата за спорот, во кој што би била парнична странка(член 94. од Повелбата). Конечноста на пресудата се изразува преку тоа, што против неа нема редовни правни средства. Парничните странки можат да бараат толкување на пресудата, меѓутоа, само, доколку дошло до спор помеѓу странките, за значењето, или за досегот на пресудата.[13]

Меѓудржавниот суд не е врзан за своите претходни одлуки, меѓутоа во пракса обезбедува континуитет  на својата јуриспруденција, со повикување на своите претходни пресуди и дури и на пресудите на својот претходник, Сталниот меѓудржавен суд, кој што делуваше во периодот помеѓу двете светски војни.

Одлуките на судот, можат на државите да им наложат одредено конкретно дејствие(на пример, плаќање на оштета за противправното дејствие), најчесто пак, судот утврдува начела и правила на меѓународното право и на странките им препушта конкретни договори.Таквите пресуди се од деклараторна природа.

По исклучок е дозволена ревизија на пресудата, меѓутоа само, доколку темели на откритие на некој суштествено значаен нов факт, кој што при изрекувањето на пресудата не бил познат, како за судот, така за парничната странка што предлага ревизија. Меѓутоа, таквото незнаење, не смее да биде последица на невнимание(член 61. од Статутот).[14]

 

3.7 Извршување

Пресудата на Меѓудржавниот суд не е само конечна, туку Повелбата ја одредила и улогата на Советот за безбедност,[15] да обезбеди нејзино извршување. Ова можност би била употребена, доколку парничната странка се обрати до Советот за безбедност со тврдење, дека другата странка не ги исполнила обврските, кои што ги налага пресудата. Во пракса, ова надлежност на Советот за безбедност не била употребена непосредно.[16]

Советот за безбедност при начинот на извршување на пресудата на меѓудржавниот суд е прилично автономен, но од друга страна е заробен во своите сопствени ограничувања(право на вето). Меѓутоа, за употреба на сила, мора Советот за безбедност да утврди постоење на услови од член 39. на Повелбата, имено, такви мерки само според член 94. не може да донесе.



[1] Се работи за член 38. од Статутот.

[2] Поинаку смета Бенедето Конфорти, „Меѓународно право“, Љубљана, 2005, словенечки превод на страница 175:„На врвот на хиерархијата се обичајните прописи, меѓу нив оној посебен вид, кој што го претставуваат општите правни начела, заеднички за внатрешното уредување. Значи, обичајот е извор од највисок степен и е исто така извор на општи норми, кои што како такви ги обврзуваат сите држави. На второто склило е спогодбата, а основа за нејзиното обврзувачко дејство пак, е обичајниот пропис и тоа нормата pacta sunt sevenda. На трет степен се изворите, кои што ги одредуваат спогодбите и заради тоа овде спаѓаат и актите на меѓународните организации (превел М.П.).“

 

[3] Помошен извор, кој што помага при толкувањето на останатите.

[4] Исклучена е употребата на правото од член 38 на Статутот. Судот одлучува, почитувајќи други околности(природни историски,…)

[5] Danilo Turk, “TEMELJI MEDNARODNEGA PRAVA”, 2007, str. 492

[6] Gorazd Bohte, “Sodišče ki pravico deli s soglasjem strank:Meddržavno sodišče v Hagu”, v.pravna praksa 19(2000), str. 35.

[7] Ибидем.

[8] Усната расправа е јавна, освен доколку странките или судот, го бараат спротивното.

[9] Danilo Turk, “TEMELJI MEDNARODNEGA PRAVA”, 2007, str. 492

[10] Ибидем.

[11] Marko Pavliha, “Mehanizmi za reševanje sporov glede državnih meja” v:Podjetje in delo, 34(2008), št. 6-7, str. 1397.

[12] Пресудата е ограничена на странките во спорот(inter partes) и нема дејство кон трети држави.

[13] Danilo Turk, “TEMELJI MEDNARODNEGA PRAVA”, 2007, str. 494.

[14] Ибидем.

[15] Членот 94, став 2., од Повелбата на ОН одрдува:„Доколку некоја странка во спорот не ја исполни обврската, која што и ја налага пресудата, која што ја изрекол Меѓудржавниот суд, другата страна смее да се обрати до Советот за безбедност, кој што може, доколку тоа му се чини потребно, да даде препораки, или пак да одлучи за мерки, кои што треба да се спроведат, за да се изврши пресудата.“

[16] Danilo Turk, “TEMELJI MEDNARODNEGA PRAVA”, 2007, str. 494.