Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 8)

На врвот на хиерархијата се обичајните прописи, а меѓу нив оној посебен вид, кој што го претставуваат општите правни начела, заеднички за внатрешните уредувања. Значи, обичајот е извор од највисок степен и е извор на општи норми, кои што како такви ги обврзуваат сите држави.[1]На второто скалило е договорот, а основа на неговиот обврзувачки ефект е пак обичајниот пропис и тоа нормата pacta sunt servenda.[2]На трет степен се извори кои што ги одредуваат дооговорите и  заради тоа тука спаѓаат и актите на меѓународните организации.[3]

Какви се односите помеѓу овие извори? Дали изворите од понизок степен можат да укинат извори од повисок степен?

Доколку започнеме кај односот на обичајот кон дооговорот, дека обичајот може да укине договор е повќе од јасно. Обратното е можно, само доколку обичајниот пропис дозволува со договор да биде укинат.[4]Но , во случајов е најважно, дали меѓународните обичајни норми обврзуваат толку силно, што со договор не е можно да се укинат?

Во начело, одговорот на ова прашање е негативен. Преовладува мислењето дека обичајните прописи се пропустливи и дека можат и да се укинат.

И при оној посебен вид обичајни прописи, што го сочинуваат општите правни правила, заеднички за внатрешното уредување, важи правилото дека договорот може да го укине начелото. Очигледен пример за такво укинување е член 27, точка три, од Повелбата на Обединетите нции. Тој пропис одредува, дека држвата што е членка на Советот за безбедност, мора да се воздржи од гласање за прашања што ја засегаат, меѓутоа ја ограничува обврската за несоработување на одредени помалку важни случаеви.[5]Така на пример, обврска за несоработување не е одредена , доколку се работи за расправа за исклучување од Обединетите Нации (член 6 од Повелбата на Обединетите Нации), или за донесување присилни мерки со цел зачувување на мирот (член 39 и наредните). Се работи за пропис што ги штити велесилите, бидејќи имаат право на вето и така можат да ја спречат постапката за исклучување, или донесување присилни мерки, насочени против нив самите. Дека се работи за укинување на општото начело nemo judex in causa sua, е повеќе од очогледно.[6]

Доколку се сите согласни дека обичајните прописи се пропустливи, од друга страна важи општо мислење, дека постои и група општи меѓународни прописи, кои што како исклучок се когентни (ius cogens). Во прилог на ова се определува и Виенската конвенција за договорно право. Имено, член 53 од конвенцијата одредува дека е „ништовна поедина спогодба, која што во моментот на склучувањето е во спротивност со императивна норма на општото меѓународно право“, при што под императивна норма на меѓународното право „се подразбира норма, која што ја донела и признала целата меѓународна заедница на држави како норма, од која што не е дозволено никакво отстапување и не е можно да се промени ниту со нова норма на општото меѓународно право од еднакво значење“. Очигледно е дека се работи за член, кој што не го одликува редакциска техника, бидејќи се работи за повторување на истата заснованост: договорот не може да ги укине когентните прописи на општото меѓународно право.[7]Очигледно е исто така, дека когентниот пропис на меѓународното право не може да биде ништо друго освен пропис, за кој што важи, дека меѓународната заедница му припишува когентно значење. Исто така е логично, дека моќта на прописот кој што е когентен и кој што заради тоа не е можно да се промени со договор, може да се промени, или укине, само со подоцнежен когентен пропис.[8]Со когентното право се бави и член 64 од Виенската конвенција за договорно право, кој што говори за причините за престанување на договорите. Членот одредува дека во случај кога ќе се обликува нов императивен пропис на општото меѓународно право,  поединечниот договор станува ништовен и престанува, доколку би бил во спротивност со тој нов императивен пропис.[9]

Виенската конвенција за договорно право (член 66, точка а) одредува дека , доколку помеѓу државите договорнички дојде до спротивставеност, што се однесува до важноста на спогодбата заради нејзина нескладност со ius cogens, за таквиот спор одлучува Меѓународниот суд на правдата (Меѓудржавниот суд) врз основа на жалба на една од странките во спогодбата. Се работи за одредба која што има карактер на исклучок (се чини дека досега не е употребена), со оглед на фактот дека таква можност не е дадена за ниту една друга причина за неважност или престанување.[10]

Виенската конвенција за договорно право говори за когентното право, меѓутоа никаде не кажува што е тоа. Ја потенцира неукинливоста на меѓународното когентно право, меѓутоа избегнува да ги одреди поединечните императивни прописи. Говори на пример, за начелото, кое што забранува употреба на сила во меѓународните односи, за начелото на почитување на одредени човекови права, како што е на пример забрана на ропство, расно разликување и слично, меѓутоа не упатува на референтно мерило, кое што на групата норми, кои што спаѓаат во ius cogens, би можело да и даде карактер на целовитост. Доколку се сумираат размислувањата и анализите, може да се каже дека таква група на прописи може да се препознае во член 103 од Повелбата на Обединетите нации, според која што „во случај на противречност помеѓу обврските што ги презеле членките на Обединетите нации со Статутот и обврските што ги презеле со било која меѓународна спогодба, преовладуваат обврските кои што извираат од Статутот.[11]Фактот што во пракса, одредени членки се обидуваа да ги избегнат обврските од Повелбата на Обединетите нации, не говори во прилог на заклучокот дека било кога се посомневале во неповредливоста и надмоќта на начелата содржани во Повелбата на Обединетите Нации.

Повторна потврда дека постои таков обичај, која што на начелата на Повелбата на Обединетите нации им припишува когентен крактер, нуди членот 30 од Виенската конвенција за дооговорно право, кој што при кодифицирање на правилата , според кој што подоцнежниот пропис го укинува претходниот, изричито го наведува исклучокот од член 103. [12]

 

 



[1] Conforti B., “Mednarodno pravo” (VI izdaja, slovenski prevod), stran 175-182.

[2] Ибидем.

[3] Conforti B., “Mednarodno pravo“ (VI izdaja, slovenski prevod), stran 175-182.

[4] Ибидем.

[5] Ибидем.

[6] Ибидем.

[7] Conforti B., “Mednarodno pravo“ (VI izdaja, slovenski prevod), stran 175-182.

[8] Ибидем.

[9] Ибидем.

[10] Ибидем.

[11] Ибидем.

[12] Conforti B., “Mednarodno pravo“ (VI izdaja, slovenski prevod), stran 175-182.