Д-р Груевски и Ниче
Д-р[1]Груевски ни се истопори со книга (неговиот докторат) од економија.
Во неговите написи тој го цитира Ниче и се изложува на противречност.
Имено, Ниче смета дека економијата не е за најголемите умови.
“Никакви политички и стопански односи не се вредни, за со нив да смеат и да мораат да се занимаваат баш најнадарените умови: такво трошење на умот е полошо од материјална криза. Има и остануваат подрачја за работа на помалите умови. И кој друг, ако не тие помали умови, не смеат да и бидат на располагање на таа работилница: подобро машината повторно нека се разбие. Така, пак, како што е сега, не само што сите секојдневно мислат, дека мораат да знаат, туку и секој сака секој момент да работи за тоа и затоа ја занемарува својата работа. Тоа е големо и смешно лудило. “Општата безбедност” за таа цена се плаќа многу прескапо. И што е најлудо, со тоа преку се се произведува, спротивност на општата безбедност, како што тоа го докажува нашето драго столетие. Како тоа никогаш досега да не било докажано! Да се направи општество безбедно пред крадци и пожари. Бесконечно поволно за секакво живеење, битие и држава, во добар и лош смисол да се промени во претпазливост,-тоа се ниски, умерени и не сосема непогрешиви цели. Тие цели, не смееме да се обидеме да ги постигнеме со расположивитенајвисоки средства и орудија, средства кои што би морале да ги сочуваме за највисоките и најретките цели! Нашето време, колку и да говори за економија, е трошаџија. Го троши тоа, што е најдрагоцено: умот.”[2]
Две раце за една глава доста се (поговорка).
Затоа, д-р Груевски нека си пишува за економија, нека си биде пак премиер доколку си го сакаат Македонците, но никако да не се претставува како ум. Тој има ум за тие помалку важни работи.
За најголемиот проблем со името, неговиот ум е многу скромен. Страница 146 од Програмата на ВМРО ДПМНЕ. Кога и да го прашаа што со името, тој се повикуваше на страница 146.
Откако д-р Иванов, како Претседател, застана зад моето право на самоопредлување, како норма ius cogens,тој се откажа од својата пресуда и се построи веднаш зад д-р Иванов.
Има една, за мене, многу убава работа, со мешањето во филозофијата на д-р Груевски.
Имено, Шопенхауер вели дека има три вида на аристократија: по интелигенција, по ранг и по пари.
Д-р Груевски сака да не убеди дека е член на сите три вида аристократија.
Јас на повеќе наврати докажав дека не припаѓа во аристократијата по интелигенција. Беше аристократија по ранг, како премиер, но побегна преку пржинскиот изговор. За пари не знам.
Во третиот век пред нашата ера, филозофијата била ствар на јавен натпревар. Не биле ретки филозофи, кои станале среќни, заради мислата која што ги поттикнувала во позадина; дека нивната среќа мора да ги гневи другите, кои што живеат по други начела и притоа се мачат. Мислеле дека најмногу ги побиваат со својата среќа и за тоа им било доволно, секогаш да изгледаат среќни. Но, притоа морале засекогаш да станат среќни.[3]
Така јас се чувствувам среќен во однос на д-р Груевски. Јас со правото на самоопределување како норма ius cogens како решение за името станав среќен во однос на Груевски, а мојата среќа го гневеше д-р Груевски, кој што се раководеше според страница 146 од неговата програма и pacta sunt sevanda на д-р Дескоски. Заради своите начела се мачеше. Не му донесоа никакви резултати. На крајот и пропадна.
Од сето досега кажано, некако следи заклучок, дека вистината како целина и нешто поврзано, постои само за истовремено моќни и невини, весели и миролјубиви души (каква што беше Аристотеловата). Таквите души се способни да ја бараат вистината. Другите бараат лек за себе, колку и поносно да мислат за својот интелект и неговата слобода.[4]
Д-р Груевски не ја бара вистината, тој бара лек за себе.
За да ви доловам што мислел точно Ниче за економијата на д-р Груевски, ќе ви пренесам еден вистински настан.
Како росно млад адвокат, му бев противник на еден 30 години постар адвокат. Угледен и успешен, поранешен претседател на суд.
Додека чекавме на судење, ми раскажа дека бил во дилема што да студира: право, или економија (истата дилема ја имав и јас).
Рече дека дилемата ја разрешил многу лесно. Со оглед на тоа што бил Влав, економски факултет веќе имал. Правото е сепак наука и занает.
Така станал правник.
[1]Една новинарка му го проблематизира докторатот на д-р Груевски, префрлувајќи му за коруптивни елементи
Факт е дека Себастијан Курц веднаш штом стана министер за надворешни на Австрија, ги прекина студиите по право.
Д-р Груевски магистрира како премиер, пријави докторат како премиер, си го смени законот за да не мора да оди на тригодишни студии за да докторира. Притоа работеше 24/7.
[2]NIETZSCHE, Friedrich, Jutarnja zarja: misli o moralnih predsodkih-Ljubljana: Slovenska matica, 2004, stran 134-135.
[3]Ибидем, страница 207.
[4]Ибидем, страница 222.
Последни коментари