Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 9)

4.2 Природно право

Цела Европа се крена на ноѕе во подршка на грчката неправда кон Македонија. Дваесет години ги применува Европа сите „научни“ достигнувања за да му заповеда на природниот закон и не и успева.

Европа заборавила, или мисли дека Македонците не знаат дека Антигона го ризикувала својот живот, сметајќи дека природното право да го погреба својот брат е појако од правото на Креонт, кој што забранил да се погреба нејзиниот брат, велејќи го следново за природните закони:

„од денес не се тие, ниту од вчера не се,

туку вечно важат, никој не знае од кога се(Софокле, „Антигона“).“[1]

Доколку правото на погреб е природно право, уште повеќе, правото на живот е природно право.

Креонт бил поблаг и не ја убил Антигона, иако го прекршила неговиот закон, а Европа сака да ја убие Македонија, иако не прекршила ниеден европски закон, само заради тоа што Македонија сака да живее.[2]

 

4.3 Слога

Слогата меѓу македонците е многу поголема отколку што тврди Европа. Над 70% не би се согласиле да станеме членка на ЕУ, под услов да си го смениме името. А кој се сомнева дека промената на името не е промена на идентитетот би го потсетил на Аристотел, однсно првиот закон на мислењето, Законот на идентитет, кој што вели дека А=А и мора да остане А.

Се што е нелогично пропаѓа. Доколку не го почитуваме Аристотел, ќе пропаднеме. Според него, слогата е најважното нешто за државата. Поважна и од правичноста. Зашто, таму каде што има правичност, има потреба од слога, а таму каде што има слога, нема потреба од правичност.[3]Слогата помеѓу државјаните е како пријателството помеѓу поединците. Се е заедничко. Но поради доблест, а не поради марксистичка идеологија. Лично не сум најзадоволен со однесувањето на најбројното малцинство во Македонија. Но, подобро е да се претрпи, отколку да се направи неправда (Цицерон). Доколку дојде до оној критичен момент, нашата праведност ќе ни даде натчовечка сила да победиме.

Неправдата која што ни се чини на очиглед на целиот свет, не треба повеќе да ја трпиме. Па дури имаме морално право да се послужиме и со итрина за да ја победиме неправдата.[4]Меѓутоа, во Македонија се разликуваме во тоа кој е нашиот избор. Кое средство треба да го употребиме за да ја одстраниме неправдата.

Едните велат прекин на преговорите врз основа на Привремената спогодба, а другите велат продолжување на преговорите и постигнување разумен компромис.

Првиот избор е погрешен, заради тоа што постои меѓународно правно дело, што не обврзува да преговараме. Доколку ги прекинеме преговорите, сме ги прекршиле договорните обврски. Од друга страна, врз основа на таа Привремена спогодба поднесовме тужба за исполнување на Привремената спогодба, барајќи да се санкционира попречувањето на Грција за зачленување во НАТО.

Вториот избор е исто така погрешен, бидејќи;како може да се постигне разумен компромис, доколку врз основа на големата премиса на Аристотел, цитирана од „Никомахова етика“ на почетоков на овој текст, спротивно на природното право, односно неразумно е да се прави компромис.

Што ни преостанува?

Најдолго експлоатиран избор е предлогот на господинот Игор Јанев, кој е многу познат во јавноста и кратко ќе го образложам. Тој темели на членот 4 од Повелбата на ОН и е комбинација од дипломатија и право. Доколку се исполнат одредени услови, се добива советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата, кое што не е обврзувачко. Овој предлог е веќе реализиран во пракса(Србија/Косово) и исходот е неповолен за предлагачот. Поради тоа, условно речено, ова правно средство е „хендикепирано“. Лично мислам дека не е така. Дека е употреблив, бидејќи српскиот и македонскиот случај не се идентични.

Еден предлог дадов и јас, предлагајќи во колумна во „Нова Македонија“, Македонија да ја тужи Грција пред Европскиот суд за човекови права, заради крешење на правото на идентитет, заштитено со член 8 од Европската конвенција за човекови права. Одлуката на Европскиот суд за човекови права е обврзувачка. Во случај на успех, Грција мора да ја почитува, бидејќи во спротивно ќе биде исклучена од Советот на Европа. Во шеесетите години на минатиот век, Грција веќе беше исклучена од советот на Европа, како досега единствена исклучена членка на Советот на Европа.[5]Ова повлекува реперкусии и во Европската унија, бидејќи незамисливо е една држава да е членка на ЕУ, а да е исклучена од Советот на Европа. Во ситуација кога на Грција и се закануваат санкции од ЕУ, а некои предлагаат и нејзино исклучување, Грција не може да си дозволи постапка пред Европскиот суд за човекови права. Долгот на Грција, кој што во моментот на пишувањето на овој труд(ноември 2010) надминува 430 милијарди евра, дополнително ја разгневи ЕУ.

И двата предлози го одстрануваат стравот кај Македонците, но досега не е направена анкета да се испита односот на Македонците кон овие правни средства.

Доколку се вратиме на изборот, одлуката за прекин на преговорите има врска со предлогот на Господин Јанев, но го носи во себе ризикот Грција да ја тужи Македонија за исполнување на Привремената спогодба. Доколку преговорите се прекинат врз основа на Привремената спогодба, ова правно дело и понатака останува во правниот промет и Грција може да го искористи пред Меѓународниот суд на правдата(доколку Македонија побара советодавно мислење според Јанев) како доказ дека постоел писмен договор помеѓу Македонија и Грција, кој предвидувал преговори за името.

Доколку го компарираме случајот на Србија, Србија не потпиша никаков договор за Косово во Рамбуе и покрај силните притисоци, и покрај војната, и покрај поразот во таа војна.

Значи, српскиот случај и македонскиот случај се разликуваат во тоа што Србија не се согласи со самостојноста на Косово, а Македонија се согласи да преговара за промена на името.

Мојот предлог е релативно нов во однос на предлогот на господинот Јанев и досега нема никаква реакција или коментари. Ниту позитивни, ниту негативни.

Заради тоа, за овој предлог доволно е она што е кажано погоре.

За двата предлози, може да се заклучи дека нема слога кај Македонците, што не значи дека тие не ја зацврстуваат слогата да не се смени името. Бидејќи со самиот факт што Македонците знаат дека постојат два правни лека за нашата болест, се зголемува храброста да се истрае, а со тоа во најмала рака се зачувува истиот процент на слога да се сочува името. Секако, ова во многу поголема мера го постигнува предлогот на господинот Јанев.

 



[1] Токму ова место од „Антигона“, Аристотел го посочува како аргумент во прилог на природното право.

[2] Во продолжение на овој труд ќе стане јасно моето тврдење, дека колективното човеково право на идентитет произлегува од основното колективно човеково право на самоопределување. Со ова тврдење складно може да се компарира аргументот што го дал Сократ(Платон, „Сократова одбрана“) бранејќи се дека не е атеист. Тој го прашал својот обвинител Милет; дали се согласува дека дајмонионот е чедо божје, или нешто слично. Откако Милет се согласил, Сократ го прашал; како може роденото да не е исто со родителот. Од овој аргумент е воодушевен и Аристотел(„Реторика“, Загреб, 1989, страница 144):„8. Još jedno mjesto izvodi se iz definicije, kao, na primjer, što je to dajmonion;nije li to božanstvo ili božansko djelo? Tko, naime smatra da je to božansko djelo, taj nužno vjeruje u opstojnost bogova.“

Кој што верува дека колективното културно човеково право на идентитет е чедо на основното колективното човеково право на самоопределување, тој нужно верува дека како и правото на самоопределување и правото на идентитет е когентна норма.

[3] “Izkušnja nas uči, da države temeljijo na vezeh prijateljstva in da so zakonodajavci za prijateljstvo celo bolj v skrbeh kot pa za pravičnost.Zakonodajavci si namreč najbolj prizadevajo uresničiti slogo ki je nekaj podobnega kot prijateljstvo, razdor, ki je temelj sovraštva, pa preganjajo(Aristotel, “Nikomahova etika”, stran 242).”

[4] „Јас значи смеам, без никаква неправда и само и само на едноставна претпоставка преку итрина, однапред да се спротивставам со лукавство и оттаму немам потреба на оној што бесправно се меша во моите приватни односи, да му се оправдувам, ниту пак да му одговорам:„Ова ќе го држам во тајност“, ниту пак да му го покажам местото каде што се наоѓа опасната тајна за мене, што него можеби ќе го доведе во предност и во секој случај ќе му даде моќ врз мене:

Scire volunt secreta domus, atque inde timeri.

„Сакате да ги дознаете тајните на куќата

за преку тоа да станете страшни“.

(Juventa, sat., III, 113).

Туку јас ќе бидам овластен него со лага да го изиграм и да го доведам во опасност преку таа лага да западне во заблуда. Затоа овде лагата е единственото средство да се спротивставиме на наметливата и сомнителна љубопитност: оттаму јас сум во состојба на неопходна одбрана. Ask me no questions, and I’lltell youni lies (Не ми поставувај прашања и јас нема да те излажам), овде е вистинската максима (Шопенхауер, „Етика“, Скопје, 1998, страница 298).“

[5] Benoit-Rohmer F. in Klebs H., “Pravo sveta Evrope”(slovenski prevod), Ljubljana, 2006, stran51(“Ta postopek je uporabila le Grčija, ko je bila pod vojaško vladavino. Potem ko je vojaški udar 21. aprila 1967 vrgel legalno vlado in uvedel avtoritarni režim, ki je odkrito kršil demokratična načela Sveta Evrope, je skupščina od odbora ministrov zahtevala, naj sprejme ukrepe, določene vo 8. členu stauta, torej da Grčijo pozove k odpovedi članstva v Svetu. Hkrati so skandinavske države  in Nizozemska sprožile zahtevo za obravnavo po Evropski konvenciji o človekovih pravicah. Ker ji je grozil izgon, se je Grčija odločila za dramatičen izhod. V Izjavi, ki jo je na zasedanju  odbora ministrov 12. decembra 1969 podala zadnjo minuto, je napovedala odpoved. Takratni grški minister za zunanje zadeve Pipinelis je generalnemu sekretarju poslal dve pismi: v enem je odpovedal statut, v drugem pa Evropsko konvencijo o človekovih pravicah.”).