Просечни

„Просечните, вообичаено осудуваат се што ги надминува нивните способности (превел М. П.).“[1]

За левата опција е благо доколку се каже просечни. Тие и со новото раководство осудуваат се што прави десната опција, а со тоа докажуваат дека тоа што го прави десната опција ги надминува нивните способности.

Дека сме во право говори еден неспорен факт.

Имено, господинот Заев почна да презема дејствија во Струмица, кои што во многу што личат на дејствијата што ги презема премиерот м-р Груески и види чудо; десната опција веднаш се вознемири и обвини за плагијаторство.

Левата опција не парираше на ова обвинување и се добива впечаток дека се просечни и по ова прашање и дека; или само господинот Заев знае што направил, или и тој случајно тоа го направил. Господинот Заев има и голема хипотека со аболицијата, така да неговата кредибилност и не постои. Така, луѓето во најдобар случај можат да го доживуваат како способен човек, а никако како паметен. Не може да се замисли паметен човек, доколку не е добар (Аристотел). За господинот Заев по аболицијата, никој не верува дека е добар, така да единствено останува можноста да е способен.

Значи, разликата помеѓу паметниот и способниот е во етичкиот елемент; паметен може да биде само добар човек, а способен човек може да биде и лош човек. И двајцата правилно расудуваат за нештата што можат да бидат и вакви и онакви, но паметниот човек тоа го прави поради доблест, а способниот човек тоа го прави без доблест. Најчесто од најсебични побуди.

Од ова произлегува дека Заев го разбрал Макјавели, а Црвенкоски никогаш не го разбрал. Ставот на Макјавели дека на оној што оди напред во политиката треба да му го затвориме патот, Црвенкоски го разбрал дека тој човек треба да се одстрани од политиката, а Заев сватил дека тој човек треба да се следи по патот по кој што оди и да се стигне побргу до целта по истиот пат.

Бидејќи, примерот во правото и политиката е она што е експериментот во природните науки, еве го примерот на Макјавели, како треба да му се затвори патот кон успехот на противникот.

Косимо Медичи одел по патот на славата и успехот, па неговите противници го протерале од Фиренца. Макјавели вели дека тие што се натпреварувале со него требало да го употребат неговиот стил и да покажат дека му се наклонети на народот. На тој начин без галама и насилство би му го избиле од рака најсилното оружје, кое што најмногу му помогнало да стекне слава и успех.[2]

Наместо тоа, левата опција постојано и пстојано повторува дека м-р Груески води популистичка политика и го дразни народот. А само народот може да ги донесе на власт. Нивното инсистирање на популизмот на м-р Груески, што е пежоратив за наклонетост кон народот од страна на десната опција, доведе до тоа народот да ги мрази. Впрочем тоа го покажаа и резултатите од последните избори (локални).

Значи, левата опција мора да утврди кои се најважните прашања за Македонскиот народ и да оди по истиот пат по кој што оди десната опција за тие прашања.

Според нас три најважни прашања се:

  1. спорот за името,
  2. лустрацијата и
  3. правото на самоопредлување.

За спорот за името, левата опција заговара промена и се откажува од едно од најважните права на државите во меѓународното право; право на постоење.

Народот тоа го препозна и жестоко ги казнува на сите избори.

Десната опција за ова прашање бара решение во:

а) pacta sunt servanda на проф. д-р. Тони Дескоски

б) ultra vires на проф. д-р Игор Јанев и

в) ius cogens на докторанд Марјан Попески (тригодишни докторски студии во ЕУ, под менторство на еден од најугледните правници на светот за меѓународно право).

Марјан Попески е ставен како можен избор на десната опција поради фактот што дозволи да се запознае јавноста со неговите ставови, а левата опција тоа никогаш немаше да го дозволи.

Значи, левата опција треба за најважното прашање да процени; кое од овие три решенија е најдобро и да го застапува како свој избор.

Лустрацијата левата опција ја осудува и докажува дека е против резолуциите (две) на Советот на Европа и резолуцијата на ЕУ, што ја прави контрадикторна кога изјавува дека е за ЕУ и демократија.

Левата опција треба да дозволи да се спроведе лустрација. За да ја надмине десната опција; треба да се залага за лустрација по моделот на Германија. Лустрираниот професор Млчин објави превод на една одлична книга за лустрацијата во Германија.

Но, мораме да се оградиме, бидејќи нам ни беше достапна ова книга на словенечки уште пред пет години, а не знаеме каков е квалитетот на преводот на професор Милчин (Фондацијата Сорос).

За правото на самоопределување левата опција може да однесе голема победа.

Доколку за нешто може на комунизмот да му се симне капа, тоа е правото на самоопределување, чиј автор е Ленин. Сталин потпишувањето на Повелбата на ОН го услови со постоење правна норма за правото на самоопределување. Така, правото на самоопределување нам ни донесе држава; најпрво во рамките на СФРЈ, а подоцна и како самостјна држава. Ова право е заслужно за деколонизацијата.

Меѓутоа, ова право го избркаа од нашиот Устав левите експерти проф. д-р Љубомир Фрчковски и проф. д-р Владо Попоски.

Бидејќи на овој план десната опција нема никакви познавања, левата опција може да се легитимира како правен сукцесор на тие што го воведоа правото на самоопределување и да бараат во нашиот Устав да влезе правото на самоопределување. Словенечкиот модел е најдобар: го имаат во преамбулата и во член 3 од Уставот.

Бидејќи немаме илузии дека левата опција ќе почне правилно да го применува Макјавели, подобро е да се подржи помалото зло, а тоа е во моментов десата опција, која што во своите редови прибра многу просечни комунисти, кои ги наговараат да ја предадат татковината и да го сменат името.

„Волците им рекле на кучињата: „Кога, веќе, во се сте слични со нас, зошто не сте и еднодушни со нас, како браќа? Та, во ништо не се разликуваме од вас, освен во мислата. Ние живееме и умираме за слобода, а вие, им се потчинувате и им робувате на луѓето, а од нив добивате удари, носите синџири, а и овците им ги чувате. Кога јадат, вам само коските ви ги фрлаат. Туку, ако не послушате, дајте ни ги нам сите стада, па се заедно да јадеме до ситост.“ Кучињата го послушале тоа, а овие, влегле внатре во трлото и прво кучињата ги убиле.
Оти таква плата примаат оние, кои ја предаваат својата татковина.“[3]

 

 


[1] »Povprečneži navadno obsojajo vse, kar presega njihove sposobnosti.« (La Rochefoucauld, »Maksime«, Mladinska knjiga, 2007, stran 65.)

[2] Niccolo Machiavelli, »Politika in morala«, Slovenska matica, Ljubljana, 1990, stran 134.

[3] Ајсоп, „Басни“, Три, Скопје, 2008, страница 178.