Удбомафијата како бела имела

„Кој самиот себеси ќе си стави штука во рибникот, заслужува таа да му ги изеде краповите.”[1]

Во оваа колумна еристичкиот трик е теорија на заговор.

Проблемот со овој еристички трик е што заклучокот може да биде вистинит, но нема доволно докази.

 

Уште пред десет години пишував за УДБОМАФИЈАТА, а со лустрацијата, сметав дека ќе излезат сите докази.

 

Меѓутоа, доколку некој ти рече дека имаш пантличара, не го нарекуваш манипулатор, туку бараш начин таа ствар да ја одстраниш од себе.[2]

 

Паразитот што ја јаде Македонија е УДБОМАФИЈА, камуфлирани како политички партии: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

 

Оваа кованица збунува, бидејќи мафијата ја става во УДБА. УДБОМАФИЈА е пара државна мафија. Бидејќи УДБА беше државна институција, удбашката мафија е државна мафија. УДБОМАФИЈАТА е државна мафија.[3]

 

За полесно да сватите што е УДБОМАФИЈА, преку примерот на Берлускони.

Кога го обвинија миланските судии, тој ги обвини за политизација.

За да се брани, одлучи да влезе во политиката и стан власт. Од таа положба изјави дека го напаѓаат од политички мотиви за да ја срушат неговата влада. Кога стана шеф на владата, тој ја промени нејзината суштина и ја претвори во борба за преживување.

Така и нашата СДСМ, сукцесор на комунистите, а и ВМРО ДПМНЕ, во времето на д-р Груевски и д-р Мицковски, ја брани авангардата на комунистите, за сметка на Македонија.[4]

 

Познато е дека Мусолини успешно се справи со мафијата во Италија и докажа дека може да ја контролира Италија. Мафијата мораше да бега во Америка. И кога сојузниците губеа на сите фронтови, Америка при инвзијата на Сицилија се послужи со мафијата за да нема изненадување. Така мафијата излезе од војната на страната на сојузниците.[5]

 

Како што мафијата им помогна на Америка и Англија да остварат победа во Италија, така УДБОМАФИЈАТА и помогна на Грција, Македонија да го смени името.

 

И нашата УДБА излезе како победник од војната, а беше искористена од Америка и Англија против Македонија за време на граѓанската војна во Грција. Тито и неговата УДБА ги предадоа грчките партизани и спречија обединување на Македонија.[6]

 

УДБОМАФИЈАТА е како паразитот бела имела. Личи на растение, но парзит е. Белата имела се настанува на дрвото и почнува да го цица. Ги презема резултатите на туѓата работа и ги насочува кон своите лисја и своите цветови. Цути и зеленее со сета сила. Нејзините лисја се позелени, а нејзините цветови побели од лисјата и цветовите на сите дрвја наоколу. Доколку би можела да мисли и зборува, за себе би рекла дека е најубава. Но, доколку внимателно ја одвоиме од дрвото и ја поставиме во поле со најплодна земја, таа би овенала и би умрела. Нејзините витални функции за неа ги извршува дрвото.[7]

 

Како што преубавата бела имела веднаш би умрела и доколку ја ставиме на најплодна земја, така и УДБОМАФИЈАТА (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ) веднаш би умреле доколку не ја цицаат Македонија. Доколку не се власт. Имате можност со избори да го одстраниме овој паразит од Македонија со негласање за УДБОМАФИЈАТА.

 

За крај еден пример за членовите на УДБОМАФИЈАТА.

”Татко ми раскажуваше една анегдота од повоените часови, кога Мачек[8] со соработниците од министерството за градење ја оценуваше штетата по градовите, што самиот ја предизвикал.

Мачек: Густл ти ќе го земеш овој тепих.

Густл: Не ми треба.

Мачек: Густл земи го тепихов.

Густл: Немам каде да го ставам.

Мачек: Густл, реков да го земеш Тепихов. (Густл го зема тепихот.)

Пола година по настанот, Густл беше затворен, бидејќи го зел тепихот и го ломел уште на друго место. Да го наречеме тоа задолжително вакцинирање со доза на криминал.”[9]

 

Го претставуваме еристичкиот трик теорија на завера.

 

Опис: теоријата на заговор е дома во политичкото мислење, а во некои градови ниедна кафанска дебата не може да помине без овој трик. Езотеричните и паранормалните знаења, без овој трик се невозможни.

Заклучувањето оди вака:

  1. А е вистинито.
  2. Меѓутоа, заради Б, вистината не можеме да ја докажеме.
  3. Значи, А е вистинито.

Луѓето со овој трик се служат за да образложат некои тврдења кои не можат да ги докажат. Добро служи и за да се обвини оној што не се согласува со тврдењата, дека тој ја прикрива вистината.[10]

 

Да го земеме овој пример:

На земјата дојдоа марсовци. Владата тоа ни го прикрива, а тоа убаво објаснува, зошто не можеме да најдеме никакви докази за тоа. Се разбира дека, доколкју им речеме дека кријат докази, ќе го негираат тоа.

Како што се гледа, во трикот теорија на заговор, заклучокот никако не го докажуваме, туку само го појаснува. Појаснува зошто не може да дојде до докази. Наместо да ја појасни првата хипотеза, воведува нова, со која појаснува зошто настаните од првата хипотеза не настанале. Заблудата темели на тоа, дека не можеме да ги провериме некои тврдења, бидејќи во принцип тоа е невозможно. Потоа, вниманието го насочуваме на оној кој не треба ништо да докажува. Тој е крив (во случајов владата), што некои тврдења не можеме да ги провериме.[11]

 

На некој начин, воведувањето на нова хипотеза, ја укинува првата хипотеза. Затоа трикот теорија на заговор го класифицираме во поширокиот трик “укинување на хипотеза” (првата појаснува дека владата ги прикрила Марсовците, другата појаснува, зошто за тоа нема докази). Теоријата на заговор најчесто не содржи погрешен заклучок, туку едноставно е неубедлива, бидејќи можноста за таков заклучок е голема.[12]

 

Со нова лустрација, УДБОМАФИЈАТА нема да биде теорија на заговор.

Една нова партија тврди дека триесет милијарди долари се украдени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ (според мене тоа е УДБОМАФИЈАТА).

 


 

[1] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 276.

[2] RAVNIKAR, Edo, UDBOMAFIJ. priročnik za razumevanje tranzicije, Ljubljana: Založba slon, 1995, stran 66.

[3] Ибидем, страница 68.

[4] Ибидем, страница 87.

[5] Ибидем, страница 102.

[6] види го мојот докторат „Problem imena države „Republika Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[7] Ибидем, страница 219-220.

[8] Шеф на словенечката УДБА, кој наредби слушал само од Тито и Кардељ.

Одвај ја дочитав неговата автобиографија, мислам дека се викаше „Спомени”.

[9] Ибидем, страница 106.

[10] BREGANT, Janez, Zmote in napake v argumentaciji: vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu-Maribor: Subkulturni azil, 2007, stran 222.

[11] Ибидем.

[12] Ибидем, страница 222-223.

  •