Македонските медиуми како отров против македонскиот народ во спорот за името

Слободата на медиумите за државата е исто што и сигурносниот вентил за парната машина. Благодарејќи и нејзе, секое незадоволство, штом ќе се појави, излегува преку сигурносниот вентил. Освен ако не е премногу големо незадоволството.[1]

 

Од друга страна, слободата на медиумите треба да се свати како дозвола да се продава отров и тоа отров за духот и душата. Што се не може да му се напика во главата на оној што е лишен од способност за расудување, придружувано со незнаење. Особено кога ќе му дадеме лажна надеж за корист и добивка. На какво се злодело е човек способен ако нешто такво му ставиме во главата.[2]

„Ништо не е толку мало, за да не може да биде отров (Португалска).[3]

 

Еден мал коментар на новинарот Боби Христов во форма на аргументациска заблуда petitio principi[4], со која што се крши вистината е отров за многу македонски души што го подржуваат членството на Македонија во ЕУ.

Имено, д-р Љупчо Ристовски пред изборите во емисијата образложуваше како ќе го реши проблемот со името коректно наведувајќи ме како автор на решението и меѓу другото рече дека ќе достави до Грција изјава за ништовност на Преспанскиот договор, заради кршење на ius cogens.

Новинарот го праша; дали сака во ЕУ.

Д-р Љупчо Ристовски, отприлика рече дека правото на самоопределување како норма ius cogens е поважно од членството во ЕУ.

Тоа е точно, но тоа не е противотров за тоа малку отров што му го продаде новинарот на македонскиот народ.

Новинарот употреби (не сум сигурен дека свесно го направи тоа) прикриен petitio principi (докажува нешто со тоа што треба да биде докажано) кога го праша дали сака во ЕУ.

Ова прашање сугерира дека доколку се употреби моето правно средство, ЕУ нема да не прими. Оваа премиса остана скриена во мислите на новинрот, а тој не се ни обиде да докаже дека доколку се употреби моето правно средство ЕУ нема да не прими.

„Меѓутоа не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи и причината за лагата. Имено, тоа допринесува за убедливост: доколку ни стане разбирливо, зошто се чини вистинито нешто, што не е вистинито, тогаш полесно и веруваме на вистината.“4

Бидејќи примерот во општествените науки е она што е експериментот во природните науки, еве еден пример на petitio principi за да видите на кој принцип делува овој отров на вистината.

За американскиот претседател Абрахам Линколн ја раскажуваат оваа анегдота:

„Колку ноѕе има овцата, доколку опашката ја именуваме нога?“-еднаш ги прашал своите пријатели.

„Пет,“ одговориле сите.

„Погрешно,“ одговорил Линколн. „Доколку опашката ја именуваме нога, потем од тоа сеуште не настанува нога.“[5]

Ерго, доколку новинарот рече дека доколку се употреби моето правно средство ЕУ нема да не прими, тоа не значи дека е тоа вистина. Тоа треба да се докаже.

Јас во мојот докторат напишав дека тој ја респектира мнозинската волја на македонскиот народ за членство во НАТО и ЕУ. Тоа и го докажав.[6]

Моето правно средство темели на правото на самоопределување од член 1, став 2 на Повелбата на ОН.

Според преамбулата на Спогодбата за ЕУ, потенцирано е дека ЕУ ќе се развива во склад со начелата на Повелбата на ОН. Во член 6 вели дека ќе ги почитува човековите права. Правилата на Повелбат на ОН, имаат премоќ над другите меѓународни обврски, врз основа на член 103 од Повелбата на ОН.[7]

Benedetto Conforti, автор на најдобриот учебник во Италија за Меѓународно прави и долгогодишен судија на Европскиот суд за човекови права вели: „Во стварност, станува збор за тоа да треба членот 103 да се вклучи во тематика ius cogens, бидејќи таа норма веќе се преобликува во когентно обичајно правило.“[8]

Бидејќи членот 103 од Повелбата на ОН е когентна норма, дури и да немаше ЕУ запишано во својата преамбула дека одредбите на Повелбата на ОН имаат премоќ над правото на ЕУ,  член 1, став 2 од Повелбата на ОН има премоќ над секој друг меѓународен договор, па и над Спогодбата за ЕУ.

Ерго, не само што не смее ЕУ евентуалната пресуда во корист на Македонија да ја смета за причина да не не прими, туку и таа ќе мора да ни се обраќа со Република Македонија.

Ова заради пресудата на Меѓународниот суд на правдата Источен Тимор, каде што е одлучено дека правото на самоопределување има дејство erga omnes.

Грција не може да се повика на член 2 од Спогодбата на ЕУ за солидарност, бидејќи пресудата ќе биде враз основа на Повелбата на ОН, а според преамбулата на ЕУ, правото на ЕУ мора да биде во склад со Повелбата на ОН.[9]

Доколку Грција се обиде да не ја почитува пресудата во рамките на ЕУ, врз основа на член 7, став 2 од Спогодбата за ЕУ, на Грција ќе и биде одземено правото на глас, бидејќи согласно член 6 ЕУ се обврзала да ги почитува човековите права. Правото на самоопределување е најважно човеково право.[10]

Ете, ова беше мојот противотров. Ја разобличив лагата дека доколку се употреби моето правно средство нема ЕУ.

Јас не употребувам поими како “експертите” на ВМРО; поништување, раскинување. Јас десет години пишувам за поимот ништовност, заради кршење на ius cogens.

 

ВМРО намерно ја мати водата за да го сокрие предавството. Пушта свои “експерти” да зборуваат и пишуваат дека ќе го подобреле договорот, ќе го поништеле, ќе го раскинеле…

Отровот на новинарот Боби Христов е успешен против знаењето на експертите на ВМРО, но не и против моето знаење.

„Некој рибар ловел риба во некоја река. Откако ги распнал мрежите, за до го препречи течението од обете страни, врзал камен за едно јаже и зел да ја удира водата, за да се преплашат рибита и, бегајќи, без да се пазат, да паднат во замката. Кога некој од луѓето, кои живеел во околината, го видел како го прави тоа, почнал да го прекорува што ја мати реката и не ги пушта да пијат бистра вода. А овој одговорил: „Но, ако вака не се замати реката, јас ќе треба да умрам од глад.“

Така и народните вожди најлесно „си работат“ тогаш, кога ја втурнуваат татковината во метеж.“[11]

 


[1] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena, Artur Šopenhauer, -Beograd: Dereta, 2013, stranica 95.

[2] Ибидем, страница 96.

[3] Превел М.П. : RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 212.

4 Превел М. П. : ARISTOTELES, Nikomahova etika, Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stran 237.

[5] SCHNEIDER, Egon, Logika za pravnike. Temelji nauka o mišljenju in njegovi uporabi v pravu-3. , predelana in preoblikovana izd.-Ljubljana : Cankarjeva založba, 1995, stran 226.

[6] Види во мојот докторат „Problem imena države ‘Republika Makedonija’ v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[7] CONFORTI, Benedetto, Mednarodno pravo-Ljubljana-Fakulteta za družbene vede, 2005,stran 177.

[8] Превел М. П. : Ибидем, страница 87.

[9] ПОПЕСКИ, Марјан, Решение на проблемот со името во меѓународното право-Скопје : Матица македонска, 2019, страница 179.

[10] Ибидем, страница 101.

[11] АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 19-20.

  •