Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 2)
На мирното решавање на меѓународните спорови му е наменето 6. поглавје на Повелбата, кое што вклучува слободен избор на средства и обврска за настојување да се реши спорот, при што примерно набројува неколку од можните средства.Тоа се преговори, анкета, или истрага, посредување, порамнување, арбитража, суд, регионални установи и договори.
Членот 33. од Повелбата вели:„Странките во секој спор, чиешто продолжување би можело да го загрози зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, мораат пред се да настојуваат, спорот да се реши со преговори, со анкета, арбитража, со посредување, порамнување, судско решавање, обраќање на регионални установи, или регионални договори или пак со други мирни средства по нивни сопствен избор.
Во случај, кога тоа ќе му се чини потребно, Советот за безбедност ќе ги повика странките, да го решаваат својот спор со такви средства.“
Меѓутоа, со оглед на ставот на теоријата, дека државата е слободна да го избере средството, според проф.др.Миха Погачник, Основни карактеристики на меѓудржавната арбитража, 2000;Hubert Thiery ова ситуација ја споредува со лице, кое што е должно да се јави на одредено место, а истовремено може да го одбие секое превозно средство, кое што би го одвело на тоа место.
Според истиот автор, должноста за мирно решавање на спорот не познава временско ограничување, туку важи цело време, додека трае спорот.Странките во спорот мора да се воздржат од дејствија, со кои што би ја влошиле состојбата и би го загрозиле меѓународниот мир и безбедност. Доколку на странките во спорот, со некои средства не им успее да го решат спорот, должни се и понатака да настојуваат да го решат со употреба на други средства. Странките не се врзани за некаков редослед при употребата на средствата за решавање на спорот. Можат да употребуваат, било некое ново средство, било постапка, која што веќе ја употребиле, што е во склад со начелото на слободен избор на средствата. Притоа мора да се воздржуваат од сите дејствија, кои што можат да ја влошат состојбата. Странките во спорот се должни да побараат правично решение, кое што ќе темели на почитување на суверена еднаквост.
2.2 Поим на меѓународен спор
Според Benedetto Conforti, “DIRITTO INTERNAZIONALE”, 2002, страница 404 на словенечкиот превод од 2005, државите имаат право на некој меѓународен суд да му го предложат било кој спор, кој што се однесува на нивните односи. Важно е дека се согласуваат во однос на тоа, предметот да му го предложат на меѓународно правно тело и дека неговата одлука ќе ја прифатат како задолжителна.
Според Конфорти нема политички и правни спорови. Секој спор е подобен за пред суд.
Според Andrassy Juraj, “MEĐUNARODNO PRAVO”, Školska knjiga, Zagreb 1990, спорот се дефинира како несопфаѓање на тврдења или барања, помеѓу два или повеќе субјекти. Смета, дека е доволно доколку една од странките во спорот постави барање, а другата страна го одбие или признае.
Merills J.G., “INTERNATIONAL DISPUTE SETTLEMENT,Cambridge 1998, го дефинира како специфично несогласување, кое што се однесува на некој факт, право, политика, кога една од странките ќе наиде на одбивање, спротивно тврдење, или негирање на нејзиното тврдење од другата странка. Постоењето на спорот можеме да го докажеме и само доколку другата странка се спротивставува на барањето на првата.
Поимот меѓународен спор го дефинира и јудикатурата. Сталниот меѓудржавен суд, во предметот Mavrommatis уште во 1924 го определи меѓународниот спор како „неслагање за правните или фактичките прашања или пак конфликт на правните погледи или интереси помеѓу странките„(Pavliha Marko, “Mehanizmi za reševanje sporov glede državnih meja”, 2008). Се чини дека последнава дефиниција е преширока.
Накратко, нема спротивставеност, која што би била „соодветна„ или „несоодветна„ , бидејќи, ако не друго, меѓународното право може да се определи, во конкретен однос помеѓу држави, во прилог на слободата на одредена држава, од која што спротивната страна нешто бара(Benedetto Conforti, “DIRITTO INTERNAZIONALE”, 2002, SLOVENEČKI PREVOD 2005).
Повелбата на ОН на повеќе места разликува спор од ситуација. Самата состојба на напнатост помеѓу држави не значи и спор. Мора да пости некоја специфична спротивставеност.
Суштествено е да се прави разлика помеѓу меѓународен спор и внатрешен спор, заради фактот што само за меѓународен спор постои обврска за мирно решавање. Во спротивно, се смета дека се работи за мешање во внатрешните работи на една земја.
Иако не се прави остра разлика помеѓу правни и неправни спорови, разликувањето е корисно заради избор на средства за мирно решавање на спорот. На правен спор, најмногу му прилегаат правни средства за мирно решавање на спорот, како што се Меѓудржавниот суд во Хаг и арбитража.
Од ова тврдење произлегува заклучок дека спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција се решава со несоодветни средства. Имено, преговорите се соодветни за решавање на неправни спорови, а нашиот спор е чист правен спор. Професорот Јанев, тврди дека е прекршен член 4 од Повелбата при приемот на Република Македонија во ОН. Самиот, пак, изготвив есеј во кој што тврдам дека е прекршено меѓународното ius cogens, точно наведувајќи кои императивни норми на меѓународното право се прекршени и кои одредби на Привремената спогодба заради тоа се ништовни. Предлагам тужба за утврдување на ништавност на Привремената спогодба, пред меѓудржавниот суд во Хаг.
Подготвив и друго правно средство за Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека е прекршено правото на идентитет од член 8 од Европската конвенција за човекови права, кое што како колективно човеково право на еден цел народ, произлегува од основното колективно човеково право, правото на самоопределување, за кое што постои прецеденс на Меѓудржавниот суд во Хаг од 1995 година(Источен Тимор).
Последни коментари