Прекин на преговорите како средство или како цел

„Ние не промислуваме за целите, туку за средствата поради тие цели. Бидејќи ниту лекарот промислува дали ќе лекува, ниту говорникот дали ќе уверува, ниту државникот дали ќе успее да воспостави законитост, ниту кој било друг за самата цел. Туку, откако ќе ја постави целта, разгледува како и со што да ја постигне“ (Аристотел, „Никомахова етика“)

Подолго време во Македонија се слуша: прекин на преговорите. Кога многумина ќе го повторат тоа, заслужува да му се посвети внимание. Меѓутоа, што мислиме кога велиме прекин на преговорите? Дали прекин на преговорите како средство, или прекин на преговорите како цел? Постои разлика и во целите: едните се дејства, а другите нешто различно. Кога покрај дејството постојат цели, тогаш делата се подобри од дејствата. На пример куќата од ѕидарската дејност. А постојат и цели што се средства во однос на други цели: производство на моторни возила и опрема за моторни возила. Производство на опрема е цел и средство во однос на целта производство на моторни возила. Но и едната и другата цел се средства во однос на одбраната на татковината.

Значи, прекинот на преговорите не е средство, туку цел. Не е средство бидејќи доколку се послужиме со прекин на преговорите како со средство, постапуваме во спротивност со членот 33 од Повелбата и создаваме безбедносен проблем, бидејќи претходно не сме предложиле друго средство од членот 33, за мирно решавање на спорот со Грција.

Покрај тоа што создаваме безбедносен проблем, ние сме ја раскинале Привремената спогодба на неадекватен начин и можеме да бидеме тужени за исполнување на Привремената спогодба. Како што ние ја тужевме Грција. Доколку ја раскинеме Привремената спогодба врз основа на нејзините одредби, ние сме и дале сé на Грција врз основа на Привремената спогодба, а не сме добиле ништо за возврат. Сме и дозволиле да нé попречува при зачленувањето во меѓународни организации и дури сме ја наградиле со раскинувањето, бидејќи по тоа нема никаква правна основа да бараме од Грција да не нé попречува во зачленувањето во меѓународните организации.

Значи, Привремената спогодба нé прикова и нé распна.

Clavus clavo eicitur (Цицерон) – Клинецот со клин се избива. Нема подобар клинец што ќе го избие клинецот што нé приковал, од тужба за утврдување неважност на Привремената спогодба. Таа е детално образложена во „Стратегијата за зачувување на името“, која ја објави „Нова Македонија“. Таа е средство што ја постигнува целта: прекин на преговорите. Заради прејудициелниот карактер на ова средство, по предлог на Македонија, Меѓународниот суд на правдата ќе донесе одлука за привремена мерка со која ќе ги прекине преговорите до донесување судска одлука по тужбата. Евентуалните нови блокади на Грција ќе го дразнат Меѓународниот суд на правдата, со сиот ризик да донесе нова привремена мерка против Грција. Во таков случај може да се насети и исходот на спорот, па поверојатно е дека Грција нема да си дозволи нови блокади под ПЈРМ.

Според оксфордскиот учебник за меѓународни односи (John Baylis, Steve Smith and Patricia Owens, „The Globalization of World Politics“, Oxford, 2008, „Национализам“, 23. поглавје): Национализмот го дефинирам како идеја дека светот е разделен на нации, кои се главно жариште на политичкиот идентитет и на припадноста, што, пак, бара национално самоопределување… Самоопределувањето (self-determination) вообичаено значи независна државност.“

Според цитираниот оксфордски учебник од 2008 година, Британија и Франција се првите национални држави, настанати до 1500 година. До 1800 година има само уште четири. Поради овој факт може да се заклучи дека Британија е компетентна да зборува за национализмот (во позитивна смисла на зборот).

Од оваа оксфордска премиса носиме заклучок дека само национализмот во една држава може да го препознае и да го брани својот идентитет. До истиот заклучок доаѓаме и со примена на правното начело argumentum a contrario (аргумент од спротивното). Марксистите, кои во коренот на своето учење ја негираат државата, па консеквентно на тоа национализмот и идентитетот го загубија името, односно договорија привремено име ПЈРМ. Сега и велат на десницата дека е убаво да си го загубиш името. Дека е убаво да си го загубиш и привременото име.

„Еден Лисец, итар голем и веќе стар, на зајаци ловец вешт, незаситен кокошкар, за својот плен знаеше сегде да се вкраде и најпосле во стапица падна. Но случајно се извлече од справата гадна, не цел, зашто како залог опашката си ја даде. Се спаси впрочем, но облеан од срам реши, за да не биде без опашка сам, да го убеди во тоа сето свое племе, па затоа ги собра сите навреме:

– Зошто ни е, им рече, тоа излишно бреме? Калта да ја мете по патиштата долж? Да ја отсечеме опашката што не вреди ни грош! Согласете се браќа со мојов договор.

– Твојот предлог, рече еден од нив, не е лош, но сврти се малку, пред да дадеме одговор.

Потоа се крена една таква врева и џгар што го заглуши гласот на Лисецот стар.

Така, неговиот предлог падна во вода, и си остана опашката на мода (Лафонтен, „Лисецот со отсечената опашка“).

Објавено во Нова Македонија на 7 декември 2010

  • George

    По кратко отсуство најдов време да погледнам што се случува овде. Но ете за жал (или можеби среќа) се согласувам со Муссо, а резултат на тоа е дека нема полемика меѓу нас. Да се надевам дека ќе се јави некој опонент, па да биде повесело; а верувајте има такви кои што и покрај кризата во светот мислат дека во ЕУ тече мед и млеко и дека штом Македонија стане членка на ЕУ и во Македонија ќе потечат мед и млеко. Најважно за таквите е да разберат дека треба труд, вложување во себе (знаење и информации), почит кон другите како и кон државата, итн. Во краткиот коментар во НМ не се сложив со редоследот на приоритетите на Муссо, но се сложувам со изнесеното во неговиот овдешен коментар.
    Има една мала точка при која не се согласуваме, а тоа се преговорите. Македонија и нашиот јужен сосед (ПС: како што знаете не сакам ни името да му го спомнам) не преговараат туку ‘разговараат’ заради ‘разликите настанати ..’; е сега, дека во пракса и преговараат е можеби друга работа, нели? Тогаш тука има простор за работа на правните мајстори.
    Бидете поздравени.

    Thumb up 0

    • Марјан Попески

      “George” i “Musso” имаат различно мислење за тоа; што е најважно?Првиот мисли дека тоа е правото, а вториот мисли дека тоа е економијата.Еден од нив ја крши логичката доследност во форма на ignoratio elenchi(непознавање на спорната точка).Тоа значи дека едниот не може да дојде до вистината.
      Најсовршената книга „Никомахова етика“(Аристотел) вели дека целта на човекот е да постигне блаженство.Некои народи овој поим го преведуваат како среќност.А етиката не учи како да станеме блажени, или среќни.„Никомахова етика“ како највисока доблест ја истакнува правдата(значи правото).На крајот, „Никомахова етика“ заклучува дека со законодавство(право) треба да се бават само блажените.Тие се најблиску до Бога, бидејќи најмногу го користат умот, кој што според Аристотел најмногу го има во Бог.Самиот Аристотел напишал 158 устави од кои што е зачуван само „Устав атински“.Човекот, кој што безмалку ги создал сите современи науки, на прво место го поставува законодавството(значи правото).Притоа, правдата ја поделил на дистрибутивна и комутативна.И денес, цела западна правна теорија и пракса темели на ова поделба.Тие што чуле за ова поделба се добри правници, а тие што ја разбрале и знаат да ја практикуваат, тие се најдобри.
      Платон „Закони“ ги напишал во осмата деценија од својот живот.Поради овој факт, научниците заклучуваат дека тој најмалку 50 години размислувал и го проучувал правото, како најважно нешто.
      Во Библијата, откако Мојсие ги извлекува од ропство Евреите, слегува од Синај со закони кои што му ги дал Бог.Со тоа почнува еврејската држава.Вториот чекор што го направил Мојсие е избор на судии.На одреден број народ(на пример 1000 луѓе) назначува еден судија.
      Шопенхауер смета дека државата има само две функции:
      1. да му обезбеди безбедност во државата и
      2. да го обезбеди од друга држава.
      Самиот ја напуштил професорската фотелја и почнал да се бави со трговија, но само колку да има за обичен живот.Сето друго време го користел за слободно да мисли и филозофира, исмевајќи го Хегел и нему сличните дека пишуваат филозофија по нарачка на министрите.
      Маркс, со помош на Хегел, сметаше дека економијата е најважна, но неговото учење падна на неговиот критериум;„праксата како критериум на вистината“.
      И да завршам со великанот.„Никомахова етика“ вели дека материјалните добра(економијата) многу малку учествува во блаженството.Колку човекот да може да човекува(храна и покрив над главата).Дека, доколку богатството е во големи количини, го оневозможува блаженството(според моја слободна интерпретација;големото богатство го троши целото човеково време, заради чување, зголемување и трошење).За него, животот на државникот и стопанственикот можат најмногу да заслужат чест, а не блаженство.А честа е во оној што чести, а не во честениот, така што тој што чести во секое време може да престане да ја дава честа.Со блаженството не е така.Блаженството е состојба до која се стигнува и не зависи од друг, додека честа ја добиваме од друг.И заради присилниот живот, овие две категории(државник и стопанственик), кај нас најмногу фалени, никогаш не можат да постигнат блаженство.Блажениот живот, мора да е слободен од секаква присила(избори, рецесија и слично).
      Дилемата се обидов да ја осветлам одејќи од причината кон последицата и обратно, трудејќи се колку е тоа можно да не бидам преопширен, а тоа да не е на сметка на вистината.
      Шопенхауер и аплаудира на Британија заради праведноста, а не заради тоа што е најбогата(иако и најбогата) земја:„Тоа настапува во голем стил, како кога, на пример, после долго размислување и тешка дебата, великодушната британска нација дала 20 милиони фунти стерлинзи за да откупи слободата на црнечките робови во нивните колонии, што било проследено со палауз од целиот свет(„Етика“, Култура, Скопје, 1998, страница 305).“

      Thumb up 0

  • Musso

    ЦЕЛ ИЛИ СРЕДСТВО? Вака е поставена дилемата. Под написот во Нова Македонија не се ни обидов да елаборирам или дебатирам од две причини. Едната е малиот простор кој е неадекватен за сериозна дебата на ваква сериозна тема, а другата причина е што редакцијата, ли оној кој им е “задолжен за цензура“ си зема за право да селектира написи согласно “свои или нарачани“ критериуми и желби. Нејсе, тоа сега и не е битно. Јас само се произнесов, колку моижев поконкретно, за тоа што е цел. Средствата ќе ги дискутираме. Значи, да повторам, целта (на секој нормален граѓанин на оваа држава) е Република Македонија да биде пристојно место за живеење, каде секој граѓанин ќе има можност да оствари пристојна (и што е можно посолидна) материјална егзистенција, да живее сигурно и безбедно, да има здравствена, безбедностна и социјална заштита, да биде еднаков пред законите (судовите) и конечно да се чувствува тоа што смета дека е и никој да не му оспорува ниту едно од правата на пристоен живот. Накратко, Република Македонија да биде економски силна и правно средена држава каде ќе има апсолутно владеење на правото.

    Ајде сега да дебатираме каква врска има со сето погоре, од мене напишано, наброено или формулирано како цел, со т.н. “спор“ или “проблем“ во врска со името на државата. За да имаме дебата, а не “разговор на глуви“, потребно е да постигнеме еден минимум на согласност (ајде нека биде и консензус, иако почнувам да го мразам тој термин). Тоа значи оној кој би опонирал или дебатирал на моите ставови, тврдења и премиси, би требало да прифати дека цел е она што погоре го кажав. Доколку не се согласува со тоа., тогаш барем да дебатира со наведените цели – доколку смета дека има други поприоритетни цели. Секако, и да каже кои се тие приоритети

    Република Македонија е меѓународно правно признат субјект и тоа на некој начин е “верифицириано“ со членството во ООН. Сметам дека и јас ќе станам предосаден ако, по којзнае кј пат, почнам да ги редам резолуциите на на ООН со кои е “водена постапката“ за прием на Република Македонија во ООН. Од овој аспект Марјан Попески е сосема во право. Во сите резолуции и други акти, од 1993 година, јасно е искажано дека Грција прво се противи воопшто на признавање (секако и прием во ООН) на “новата држава настаната со дисолуција (распад) на СФРЈ“, а својот став го “образложува и правда“ со наводна територијална и безбедностна загрозеност од “новонастанатиот меѓународен субјект“. Аргумент кој се вади е тоа дека “името на новата држава предизвикува територијални претензии“ кон Грција, а потоа, во сета налудничавост на грчката меѓународна политика, потпомогната од (прости Марјан, ама не можам да оддолеам) од “етичноста на ЕУ“ говори за “кражба на историја“. Врв на апсурдноста и глупоста кои очито немаат блага врска со етика, која, патем, е наука за моралот. Така е дојдено до одлука на “државата која аплицирала…“ ООН и сите тела на оваа организација “провизорно и времено(!)“ ќе и’ се обраќаат како на “поранешната Југословенска Република Македонија“. Големите и мали букви се свесно одредени и она “поранешната“ (англиски the former) може да биде со голема буква само во почеток на реченица. Тоа стои во актите на ООН – може да проверите.

    Времената согласност (Interim Accord – го имате интегралниот текст на англиски и македонски јазик на овој сајт!) е документ кој (според мене непотребно) е срочен со коџомити образложение дека со него “нашата држава“ ќе биде “признаена“ од Грција и ќе биде симанто (илегалното и од ЕУ “етички толерираното“) ембарго заведено од Грција (секако со премолчена подршка од ЕУ), а со тоа да не биде попречувана натамошната “интеграција на нашата држава“ во други меѓународни асоцијации под “времената референца“. И тука со Марјан Попески апсолутно се согласувам – тоа е нелегален, ништавен документ кој е спротивен на Повелбата на ООН и кој е “класичен акт“ – чин на прекршување човекови права. Потенцирам – документ направен заради “евентуално зачленување во НАТО и ЕУ“ кој едноставно е невалиден, спротивен на принципите – начелата, секако и Повелбата, на ООН.
    Испаѓа дека целта е членство во НАТО и ЕУ, а средство (!?) е “времената согласност“, односно нејзиното “почитување од страна на Грција“! Од преписката која следува, како и од одредени веб-страни, грчки секако, ќе видите дека согласноста била “ргистрирана од Грција“, но фактите покажуваат дека таа согласност едноставно не е ратификувана од страна на грчкиот парламент. Грците наголемо си кажуваат дека тој документ, како не ратификуван, не ги обврзува. Може и да е така, нели “ги тужевме во Хаг“ па ќе чекаме да се произнесе Меѓународниот суд на правдата основан како еден вид советодавно тело на ООН. Но што со сето ова? Или чуму сето ова? За да станеме членки на НАТО и ЕУ? Пак се враќаме на насловната дилема? Дали членството во НАТО и ЕУ се императив и врвна цел на Република Македонија? Ако се – прашувам зошто? Инаква фоирмулација би била – дали нависина верувате и имате било каков аргумент дека животот во Република Македонија ќе се промени на подобро и за еден минимален дел, ако Македонија стане членка на овие организациии? Што се однесува до економскиот – стопански ефект, одговорно тврдам дека не само што нема да има никакво подобрување, туку ќе има и назадување. Пример на кој можете да се огледате е Бугарија. Таму ниту вработеноста е зголемена, ниту примањата се зголемени, а пораснаа трошоците на живот. Што се однесува до корупцијата, односно перцепцијата за истата, ништо на подобро не е сторено. Следен пример е Албанија. Кој тоа економски ефект го виде Албанија од членството во НАТО?

    На ова место би требало да отвориме и дебата за тоа што е НАТО, а што ЕУ. НАТО, кога е формирано како одбранбена алијанса, приликите во светот, особено во Европа беа сосема поинакви одошто се денес. Времето на “студената војна“ е далеку зад нас, а како држава опкружени сме со земји членки на НАТО – доминантно. Од друга страна имаме договро со САД со кој администрацијата на САД се обврзала да го гарантира и штити територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. И тој договор е склучен после фарсата во Букурешт од 2008 година. Од друга страна ЕУ изричито и експлицитно бара Република Макдонија да си го смени уставот или потполно да се самоукине како Република Македонија за (внимавајте!) да отпочне преговори за евентуално членство. Јас во таквиот став неможам да видам ништо што има врска со морал (етика), со конзистена меѓународна политика, со некакво си меѓународно право. Можеби некој може, па нека повели тоа да го покаже – да биде јасно и видливо и за нас “слепците“.

    Во еден друг пост веќе пишав и се обидов да покажам дека т.н. “странски инвестиции“ не се ништо посебно, нити пак благопријатна работа, како и дека целиот инвестиционен процвес нема ништо заедничко нити со ЕУ, а уште помалку со НАТО. Тогаш, зошто евентуалното членство во НАТО и ЕУ треба да биде цел или некаков императив?

    Но сепак стои “проблемот со името“ во кој самите се заплеткавме. Тоа е проблем на наша идентификација во единствената (засега) мериторна и значајна организација – ООН. Значи дебатата отпочната како “стратегија за зачувување на името“ има смисла само заради надминување на онаа несреќна (и нелегитимна) одлука “дека на земјата која аплицирала времено провизорно ќе и се обраќаат како поранешна Југословенска Република Македонија“. Тоа е единствениот наш проблем, па ако сакате и цел која мора да ја постигнеме – во ООН да бидеме Република Македонија. Се’ друго е еден вид колатерала и не може да биде цел, туку ќе биде неспорен (па и автоматски) колатерален ефект. Ајде да дебатираме како да ја постигнеме целта – уставно име и официјално во ООН кога таму 130 – не 129 оти и ние сме членка на ООН која смета (барем јас така мислам) дека се викаме Република Македонија. И меѓу тие 130 земји се и три од петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН: САД, Кина и Русија.

    Како одговор на дилемата поставена во насловот не би рекол дека треба да се говори за “прекин на преговорите“ – тие воопшто не се ни почнати, а ако некој смета дека треба да “преговара за да дојде до преговори“ тогаш не гледам потреба од никаква дебата. Тоа сепак нема врска со логиката. Времената согласност има(ше) свој преклузивен рок од 7 (седум) години, а по истекот на тој рок секое (сечие, па и грчко) отстапување од Согласноста (не раскинување) е легитимно – предвидено е со членот 23 став 2. Во моментов имаме буквално таква ситуација – Грција отстапи од Согласноста со образложение дека е во “изборен циклус“ и дека не е во состојба да продолжи да ја следи спогодбата. Медијаторот, назначен од ООН, господинот Метју Нимиц, исто така пасивно ја подржува таквата состојба – со премолчување и нечинење на дејствија. Е сега според формулацијата од членот 23, потребен е некакво си “период од 12 месеци“ откако ќе се испостави информацијата за отстапување од Согласноста. Според мене, грчкиот рок веќе тече од јули 2010. Нимиц само тоа го потврдува. Република Македонија (иако можеби требаше) не покрена постапка за отстапување од Согласноста, но Грција тоа веќе го стори. Ако има контра аргументи, би сакал да ги видам (прочитам).

    Thumb up 0

    • Марјан Попески

      Последиците од моето средство, се разликуваат од последиците од обично раскинување, или повлекување од Привремената согласност.Ова второво штети(објаснето во колумната), а првото користи.Правните последици на ништавноста се враќање во поранешна состојба(како пред Привремената согласност), плус заради институтот res iudicata никој во иднина не ќе смее да го постави прашањето за името, а правните последици од раскинувањето, или повлекување од Привремената се такви, што дотогашните последици(изгубено знаме, грижа за малцинствата, привремено име ПЈРМ) остануваат на сила.

      Thumb up 0