Кој кому му е пријател

„Не сметај го за пријател, оној што се дружи со твојот непријател(данска поговорка).

М-р Драган Павловиќ Латас е главен уредник на телевизија „Сител“, а сопственик на оваa телевизија е Љубисав Иванов, стар комунист, сега социјалист.Социјалистичката партија, ССРНМ и слични организации, беа сателити на комунистичката партија.

За ССРН пратеникот од партијата на Јанша, д-р Гримс изјави дека била депанданс на УДБА.

На една телевизија неодамна видовме и слика на која што се м-р Драган Павловиќ Латас, Љубисав Иванов и Слободан Милошевиќ.

Во 1988 Јанез Јанша беше уапсен од словенечката УДБА, предаден на органите на ЈНА, суден и затворен.

Значи, м-р Драган Павловиќ Латас и Јанез Јанша се заколнати непријатели.

М-р Никола Груески тврдеше и тврди, дека Јанез Јанша е негов пријател.

И навистина, кога м-р Никола Груески го давеа „сооросоидите“ тврдејќи дека Македонија е меѓународно изолирана, Јанша долета во Македонија, се прошета со м-р Груески и ги демантира лагите на „соросоидите“.

Јанша на секои избори на м-р Груески му испраќаше најугледни пријатели, кои што учествуваа на кампањите на м-р Груески.Така, последниов пат му го испрати најугледниот словенечки политичар, европарламентарец, првиот премиер на независна Словенија, Лојзе Петерле.

М-р Драган Павловиќ Латас за една телевизија изјави дека м-р Груески му е најголем пријател и обратно.Дека единствен политичар кој што му дошол дома е м-р Груески.Дека единствен политичар на кој што тој му отишол дома е м-р Груески.

Внимавајте на ова што ќе ви го кажам сега, зашто вакво нешто не сте можеле да замислите, а камоли да се случи.

Во Словенија на некој политичар да му речеш дека е комунист е голема навреда. Но, да му речеш дека е удбаш, тоа не се простува.

М-р Драган Павловиќ Латас, во својата книга „КОС И УДБА акциите и документите на тајните служби“(Цетис принт, Скопје, 2008) на страница 316 ќе запише:

„Словенечката држава во тоа време ја води офицерот на КОС Милан Кучан, полцијата ја води офицерскиот син Игор Бавчар во соработка со агентот на УДБА Јанез Јанша, а Словенците формираат самостојна разузнавачка и контраразузнавачка служба СОВА.“

М-р Драган Павловиќ Латас, заколнат непријател на Јанша, а најдобар пријател на м-р Груески, во книга напиша голема невистина и неопростиво го навреди Јанша, пријателот на м-р Груески.Бидејќи невистината и неопростивата навреда е направена во дело што претендира да биде научно, навредата е уште поголема и сеуште трае. Ќе трае вечно, бидејќи е запишана во научно дело.

Еве докази.

Душан Лајовиц, предвоен индустријалец, е словенечки четник(подржувач на Дража Михајловиќ), кој што учествувал во атентатот на Кардељ. Претседателот д-р Јанез Дрновшек го поставува за почесен конзул на Нов Зеланд. Овој набрзо му се „заблагодарува“ со тоа што на интернет става список од 14 000 кодоши, меѓу кои и самиот д-р Дрновшек. На овој список, спротивно на тврдењето на м-р Драган Павловиќ Латас, го нема Јанез Јанша како соработник на УДБА. Како доказ на овие наводи, повелете проверете на http://cae-udba.net/.

На истата страница, спротивно на тврдењето на м-р Драган Павловиќ Латас, ќе го најдете како соработник на УДБА Игор Бавчар, за кого што м-р Павловиќ Латас во својата книга, невистинито тврди дека бил само„офицерски син“.

Доказ број два против невистината во научното дело на м-р Павловиќ Латас.

Најдете го словенечкиот пребарувач najdi.si. Внесете osvobodimo.se (да се ослободиме, превел М,П.).Отворете ја страница 20, каде што ќе го најдете Игор Бавчар. Под неговата фотографија стојата следните ознаки:

-0056149-00000

-0060000-10966 и следниов текст:„ознака за службеници на СДБ и припадници на резервниот состав на СДБ(превел М.П.).“

Потоа следи ознака:

-0013588-00280, а под неа следниов текст:„досиеа на посебни извори(резиденти) на СДБ(превел М.П.).“

Значи, м-р Павловиќ Латас не ја кажува вистината во своето научно дело.

Отворете ја страница 36 и ќе го добиете Јанез Јанша. Под неговата фотографија стои следната ознака:

-0017126-00000 и следниов текст под ознаката:„регистарски броеви и ознаки на надзирани лица по категории. Забелешка:Тоа значи делување под надзор(превел М.П.).“

Тоа значи, м-р Павловиќ Латас не ја кажува вистината во своето научно дело, кога вели дека Јанез Јанша бил агент на УДБА. Јанез Јанша бил жртва на УДБА.

Доказ број три. Откако д-р Дрновшек го смени Душан Лајовиц од почесен конзул и откако успеа да го симне списокот на кодоши од интернет, Душан Лајовиц му дојде во Словенија и му објави книга(“Med svobodo in rdečo zvezdo”, Nova obzorja, Ljubljana, 2003) со 14 000 кодоши.

На страница 176 од книгата, како соработник на УДБА стои:Презиме:Бавчар;Име:Игор;Датум на раѓање 28/11/55;Досие СДБ:0056149-00000, 0060000-10966, 0013588-00280.

На страница 217 од книгата, каде што има тројца со презиме Јанша, го нема Јанез Јанша(роден 17.09.1958, родено име Иван).

По трет пат докажав дека м-р Павловиќ Латас, не ја кажува вистината во своето научно дело.

Кога го пишувал своето научно дело, М-р Павловиќ Латас, веројатно мислел дека Словенија е далеку, Словенците не знаат македонски, а списокот на кодошите на УДБА нема да се појави.

„Лисица и мајмун патувале во иста насока. Додека минувале крај некои гробишта, мајмунот и рекол на лисицата:`Сите овие мртовци се ослободеници на моите родители!`Лисицата, пак, му вели на мајмунот:`Во прав час излажа, зашто никој од тука погребаните не може да те побие.

Оваа басна го претставува оној, кој на прав начин ги разобличува лажливците, како и оние, кои несомнено произнесуваат лага место вистина(Ајсоп, „Басни“, ТРИ, Скопје, 2008).“

  •