Д-р Гордана Силјаноска Давкова (Еристика)

Буните, значи, не настануваат поради ситници, туку од ситници; бидејќи луѓето се бунат поради крупни ствари.”[1]

Најкрупна ствар е што со Преспанскиот го укинаа Македонскиот народ.

А ситницата од која што може да настане бунтот, може да произлезе од взаемните обвинувања на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дека украле милијарди евра.

Бидејќи широките народни маси не се гневат што не се вклучени во власта. Напротив; дури и се радуваат доколку им се допушти да се бават со своите приватни работи. Но тие многу се разгневуваат кога ќе помислат дека власта им го краде заедничкиот имот. Тогаш ги боли и тоа што не учествувале во честа што ја носи власта, ниту во добивката од кражбата на заедничкиот имот.[2]

Во моите колумни, особено во “Судски убиства”, докажувам дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ тоа го направија заедно. Велепредавство.[3]

Јас веќе десет години имам решение за проблемот со името. Цело време додека беше ВМРО ДПМНЕ на власт ме шиканираше. Дури и ме спречуваше да магистирам со тоа решение, иако имав просек десет.[4]Од пред три години моето решение дојде од ЕУ во форма на докторат. Од Љубљана.[5]

Лошите, неблагородните, имаат само една способност; да ги спречат најдобрите најблагородните да дојдат на своите места (Шопенхауер).

Значи, кога цел еден род, или поединец, ќе се најде, кој толку се истакнува според крепоста и ги надминува по крепост сите останати, тогаш е праведно тој род да има кралска власт и да ги води сит или конкретниот поединец да биде крал[6]. Тоа е најправедно. Бидејќи не е примерно таквиот да се убие, ниту да се прати во прогонство, или отстрани со остракизам, ниту да се бара од него тој да се покори и да се владеe со него. Додуше, не е природно делот да ја надминува целината, но во оној во кој што има тoлку крепост и извонредност, се случува токму тоа. Така, единствено што останува е, да му се покоруваме на таквиот и тој да биде врховник, не кога ќе му дојде ред, туку секогаш.[7]

Кога ќе пронајдеме пак еден таков, тој секако ќе се опкружи со најдобрите од Македонскиот народ. Тој е толку многу над сите, што нема причина да се плаши. дека некој ќе го загрози. Затоа ќе ги избира најдобрите.

Ерго, вреди најмногу да се трудиме да го пронајдеме тој човек. Македонец.

Но, таков човек се создава многу грижливо.

Според Цицерон, Филип II бил најмудриот крал на сите времиња.

На еден прием, тој забележал дека Александар Македонски, симпатично и како прав мајстор игра со прстите по жиците на инструментот.

Татко му го искарал:

“Зарем не ти е срам така убаво да свириш? За еден крал е доволно доколку си земе време да го слуша цитрашот, а не самиот да свири и голема чест им искажува на музите , доколку гледа други, како се натпреваруваат во тие ствари.”[8]

Потоа за четири години му го обезбедил да го учи најголемиот ум на сите времиња и пола Академија на Платон со него.

Д-р Силјаноска не исполнува ниту еден критериум на Аристотел.

На ова место морам да го цитирам Аристотел[9], бидејќи д-р Силјаноска може да си умисли дека е говор на омраза:

“Стварите пак кои што се однесуваат на жените, се покажуваат како нескладно поставени, како што е и претходно речено, не само што со тоа до некаде го срамотат државниот поредок сам по себе, туку и што придонесуваат кон лакомост на пари.”[10]

Доколку оваа премиса на Аристотел се земе како општо место и на неа се додаде “фри шопот” на сопругот на д-р Силјаноска, кој тој го доби додека таа беше министер во Владата на Црвенкоски, Аристотел, како и секогаш; не греши.

Да се потсетиме; моиве колумни се пишувани со цел да има неуспешни претседателски избори, за полесно да се одстранат заблудите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ,  како услов да се употреби моето решение (докторатот) за проблемот со името. Да создадеме услови да дојде на власт Партија на Македонскиот народ, која што со моето решение ќе го спаси Македонскиот народ.

“Бидејќи, интегритетот на државата го одржува фактот, што на народот секогаш му е потребен совет и влијание од најугледните.”[11]

А, тоа е неопходно, бидејќи моќта му припаѓа на народот, а угледот на власта.[12]

Работите добро се одвиваат и д-р Силјаноска нема да стане претседател.

Но, ако пред првиот круг дадов добри аргументи, не смееме да се опуштиме и пред вториот круг треба да дадеме аргументи; зошто д-р Силјаноска не смее да стане шеф на државата.

Сега е веќе полесно, бидејќи оние што го послушаа разумот и не гласаа, според некои се веќе 400.000.

Д-р Силјаноска научно не ја познава еристиката, иако ја практицира. Ова не е противречност, бидејќи еристика поседува секој жив човек (Шопенхауер).

Според Аристотел, има три причини поради кои е корисна еристиката за науката. Една од нив е што таа е корисна за истражувањата што сами ги правиме. Оној кој од друг е наведен на заблуда, а тоа не го гледа, се изложува на опасност да се самоповреди.[13]

Имено, таа се побуни против д-р Малески што го употребува Тукидид, како Тукидид да е нешто крив. Проблемот е во неа. Таа не забележува дека е жртва на еристичкиот трик на д-р Малески, argumentum ad baculum. Поради тоа, таа се самоповредува, напаѓајќи еден великан, каков што е Тукидид.

Еве, ќе и помогнам. Нека го отвори мојот докторат кој е достапен на интернет (Словенците го објавија) и нека види како јас го побив д-р Малески, разобличувајќи неговиот трик, без да дојдам во судир со Тукидид.

Напротив, докажав дека д-р Малески, покрај трикот argumentum ad baculum, го користи и еристичкиот трик card stacking (игнорирање на спротивната евиденција). Тој го игнорира Диодот, Еукратов син, поради кој што Атињаните постапиле крепосно и спротивно од случајот на островот Мел. Тоа не е ни чудно, зашто Тукидид бил беспрекорно филозофски образован.

Значи, д-р Силјаноска, ви ја одстранив заблудата во која што ве стави д-р Малески, за да не се самоповредувате повеќе. Не е крив Тукидид. Д-р Малески е крив.

И д-р Пендароски ја нападна со овој трик (Трамп, Меркел, Макрон), а таа му рече дека тој бил “Венецијански трговец” и докажа дека не виде дека е жртва на истиот трик од д-р Малески. Каква врска има трговијата со argumentum ad baculum.

Доколку успеваат да ја импресионираат д-р Малески и д-р Пендароски со еден ист трик, како таа ќе комуницира со многу пострашни противници. Да речеме со еден американски амбасадор?

Ќе се преплаши и ништо нема да направи во врска со Преспанскиот.

Па, д-р Пендароски така и се внесуваше и врескаше со оној негов беден трик, како да и вели; што лаеш кога ништо не можеш да смениш.

Јас ладнокрвно би му одговорил; овде гледам крадец, затоа лаам (Цицерон, “За говорникот”).



[1]ARISTOTELES, Politika,-Zagreb: Globus, 1988, stranica 163.

[2]Ибидем, страница 177.

[3]Ем за да не биде претенциозно, ем да го скријам овој дел од д-р Силјаноска за да не препишува, должен сум најкратко да појаснам; како тоа мојот докторат кој е одбранет две години пред Преспанскиот, ќе се справи со Преспанскиот. Одговорот е: со теоријата на плодови на затруено дрво. Вреемената согласност е затруеното дрво, а отровниот плод е Преспанскиот.

[4]Словенците сакаа да напишам посебно поглавје во докторатот и да наведам се што се случуваше во Македонија со мојата магистерска. Јас мислев дека дејствијата на ВМРО ДПМНЕ не смеат да го гнасат мојот докторат од ЕУ. Таа гнасна приказна ќе има ја раскажам на Македонците кога ќе го спасиме Македонскиот народ.

Испадна по мое. Тие гнасни дејанија, не го гнасат мојот докторат.

[5]Овој факт е битен за нашата политика, зашто словенечкото образование е најдобро. Скоро сите што имаат докторирано во Словенија, имаа и одлична политичка кариера. Словенија има одлично образование. Познат ми е случај на наш научник што осум години се обидуваше да докторира во Словенија и не успеа. Си докторира кај нас и сега е професор.

Д-р Денко Малески докторира на факултет за социологија и новинарство. Д-р Љубомир Данаилов Фрчковски докторира на социологија и новинарство. Д-р Гордана Силјаноска Давкова докотрира под менторство на социологот д-р Албин Игличар.

Првите двајца се далеку од меѓународно право, а беа министри за надворешни работи.

[6]За Аристотел, кралството е најдобро уредување, а демократијата помало зло. Затоа и го создал Александар Македонски. Истовремено реализирал два идеали. Крал филозоф (идеалот на Платон) и најдобро уредената држава на сите времиња (Спиноза), кралството на Александар Македонски. Сопствениот идеал.

[7]ARISTOTELES, Politika,-Zagreb: Globus, 1988, stranica 14-15.

[8]Превел М. П. , PLITARCHUS, Življenje velikih Grkov-Ljubljana: Mladinska knjiga,2003, stran 88.

[9]Верувам дека нема таков лудак да го оспори најголемиот ум на сите времиња.

[10]Превел М. П. , ARISTOTELES, Politika-Zagreb: Globus, 1988, stranica 58.

[11]Превел М. П. , ЦИЦЕРОН, Закони-Београд: Плато, 2002, страница 55.

[12]Ибидем, страница 89.

[13]ARISTOTEL, Organon, Kultura, 1970, Beograd, stranica 618.

  •