Кој кому му е пријател

„Не сметај го за пријател, оној што се дружи со твојот непријател(данска поговорка).

М-р Драган Павловиќ Латас е главен уредник на телевизија „Сител“, а сопственик на оваa телевизија е Љубисав Иванов, стар комунист, сега социјалист.Социјалистичката партија, ССРНМ и слични организации, беа сателити на комунистичката партија.

За ССРН пратеникот од партијата на Јанша, д-р Гримс изјави дека била депанданс на УДБА.

На една телевизија неодамна видовме и слика на која што се м-р Драган Павловиќ Латас, Љубисав Иванов и Слободан Милошевиќ.

Во 1988 Јанез Јанша беше уапсен од словенечката УДБА, предаден на органите на ЈНА, суден и затворен.

Значи, м-р Драган Павловиќ Латас и Јанез Јанша се заколнати непријатели.

М-р Никола Груески тврдеше и тврди, дека Јанез Јанша е негов пријател.

И навистина, кога м-р Никола Груески го давеа „сооросоидите“ тврдејќи дека Македонија е меѓународно изолирана, Јанша долета во Македонија, се прошета со м-р Груески и ги демантира лагите на „соросоидите“.

Јанша на секои избори на м-р Груески му испраќаше најугледни пријатели, кои што учествуваа на кампањите на м-р Груески.Така, последниов пат му го испрати најугледниот словенечки политичар, европарламентарец, првиот премиер на независна Словенија, Лојзе Петерле.

М-р Драган Павловиќ Латас за една телевизија изјави дека м-р Груески му е најголем пријател и обратно.Дека единствен политичар кој што му дошол дома е м-р Груески.Дека единствен политичар на кој што тој му отишол дома е м-р Груески.

Внимавајте на ова што ќе ви го кажам сега, зашто вакво нешто не сте можеле да замислите, а камоли да се случи.

Во Словенија на некој политичар да му речеш дека е комунист е голема навреда. Но, да му речеш дека е удбаш, тоа не се простува.

М-р Драган Павловиќ Латас, во својата книга „КОС И УДБА акциите и документите на тајните служби“(Цетис принт, Скопје, 2008) на страница 316 ќе запише:

„Словенечката држава во тоа време ја води офицерот на КОС Милан Кучан, полцијата ја води офицерскиот син Игор Бавчар во соработка со агентот на УДБА Јанез Јанша, а Словенците формираат самостојна разузнавачка и контраразузнавачка служба СОВА.“

М-р Драган Павловиќ Латас, заколнат непријател на Јанша, а најдобар пријател на м-р Груески, во книга напиша голема невистина и неопростиво го навреди Јанша, пријателот на м-р Груески.Бидејќи невистината и неопростивата навреда е направена во дело што претендира да биде научно, навредата е уште поголема и сеуште трае. Ќе трае вечно, бидејќи е запишана во научно дело.

Еве докази.

Душан Лајовиц, предвоен индустријалец, е словенечки четник(подржувач на Дража Михајловиќ), кој што учествувал во атентатот на Кардељ. Претседателот д-р Јанез Дрновшек го поставува за почесен конзул на Нов Зеланд. Овој набрзо му се „заблагодарува“ со тоа што на интернет става список од 14 000 кодоши, меѓу кои и самиот д-р Дрновшек. На овој список, спротивно на тврдењето на м-р Драган Павловиќ Латас, го нема Јанез Јанша како соработник на УДБА. Како доказ на овие наводи, повелете проверете на http://cae-udba.net/.

На истата страница, спротивно на тврдењето на м-р Драган Павловиќ Латас, ќе го најдете како соработник на УДБА Игор Бавчар, за кого што м-р Павловиќ Латас во својата книга, невистинито тврди дека бил само„офицерски син“.

Доказ број два против невистината во научното дело на м-р Павловиќ Латас.

Најдете го словенечкиот пребарувач najdi.si. Внесете osvobodimo.se (да се ослободиме, превел М,П.).Отворете ја страница 20, каде што ќе го најдете Игор Бавчар. Под неговата фотографија стојата следните ознаки:

-0056149-00000

-0060000-10966 и следниов текст:„ознака за службеници на СДБ и припадници на резервниот состав на СДБ(превел М.П.).“

Потоа следи ознака:

-0013588-00280, а под неа следниов текст:„досиеа на посебни извори(резиденти) на СДБ(превел М.П.).“

Значи, м-р Павловиќ Латас не ја кажува вистината во своето научно дело.

Отворете ја страница 36 и ќе го добиете Јанез Јанша. Под неговата фотографија стои следната ознака:

-0017126-00000 и следниов текст под ознаката:„регистарски броеви и ознаки на надзирани лица по категории. Забелешка:Тоа значи делување под надзор(превел М.П.).“

Тоа значи, м-р Павловиќ Латас не ја кажува вистината во своето научно дело, кога вели дека Јанез Јанша бил агент на УДБА. Јанез Јанша бил жртва на УДБА.

Доказ број три. Откако д-р Дрновшек го смени Душан Лајовиц од почесен конзул и откако успеа да го симне списокот на кодоши од интернет, Душан Лајовиц му дојде во Словенија и му објави книга(“Med svobodo in rdečo zvezdo”, Nova obzorja, Ljubljana, 2003) со 14 000 кодоши.

На страница 176 од книгата, како соработник на УДБА стои:Презиме:Бавчар;Име:Игор;Датум на раѓање 28/11/55;Досие СДБ:0056149-00000, 0060000-10966, 0013588-00280.

На страница 217 од книгата, каде што има тројца со презиме Јанша, го нема Јанез Јанша(роден 17.09.1958, родено име Иван).

По трет пат докажав дека м-р Павловиќ Латас, не ја кажува вистината во своето научно дело.

Кога го пишувал своето научно дело, М-р Павловиќ Латас, веројатно мислел дека Словенија е далеку, Словенците не знаат македонски, а списокот на кодошите на УДБА нема да се појави.

„Лисица и мајмун патувале во иста насока. Додека минувале крај некои гробишта, мајмунот и рекол на лисицата:`Сите овие мртовци се ослободеници на моите родители!`Лисицата, пак, му вели на мајмунот:`Во прав час излажа, зашто никој од тука погребаните не може да те побие.

Оваа басна го претставува оној, кој на прав начин ги разобличува лажливците, како и оние, кои несомнено произнесуваат лага место вистина(Ајсоп, „Басни“, ТРИ, Скопје, 2008).“

  • ALEKSANDAR

    Gospodine Marjan posto sum nov clen,(pristapiv otkako ja procitav inicijativata.-moram da priznam deka sum vooduseven!KONECNO NESTO ZDRAVORAZUMSKO I NE PARTISKI/PRISTRASNO!)me interesira na kakov i kolkav odziv naiduva ovaa genijalna/spasonosna se nadevam ne i edinstvena:)strategija?na primer:kolku sme clenovi sme na sajtot,kolku se znae vo javnosta za ovaa inicijativa,na kakvo raspolozenie naiduva ovaa opcija medju dijasporata,ili i tamu ima protivrecnosti? odnapred blagodaram

    Thumb up 0

    • Господине “ALEKSANDAR”, членови нема многу.Кога ќе бидат сто, тоа ќе биде чудо.Ама се многу силни.Што би рекол Заратустра(Ниче);овде воздухот е редок.Многу е високо и само најдобрите, најхрабрите, накратко, луѓе со доблести можат да преживеат.Луѓе што вијат гнездо највисоко(Ниче).
      Сајтот е посетен од околу четири илјади компјутери(почна пред една година).
      Одзивот е неверојатен.Не сум лажно скромен, бидејќи еден Шопенхауер доживеал неговото капитално дело да му се печати само втор пат за време на неговиот живот.
      Мојата „Стратегија“ објавена во „Нова Македонија“ лани веднаш беше прифатена од Македонците и тоа ми е најдраго.
      Многу брзо потоа, дијаспората ја прифати, а посебно би го потенцирал „Комитетот за демократизација на Македонија од Канада“, кој што скоро цела година ја има обесено цела моја „Стратегија“ на својот сајт.Тука е и „Македонска искра“ која што повеќе од три месеци на првата страница ја има мојата колумна „Последна шанса за одбрана на името“(со моја фотографија), со потенцирани делови од колумната, порачувајќи му на Груески што треба да направи.
      И трето, науката.И тоа не било кој, туку најкомпетентниот професор по меѓународно право во Македонија, проф. д-р Татјана Петрушевска, која во својство на претседател на комисија го верификува мојот научен труд на истата тема, иако е на ист факултет со автоорот на тужбата на Груески, доц. д-р Тони Дескоски.
      Што мисли научникот проф. д-р Петрушевска за мојот научен труд говори фактот што таа ќе пишува рецензија за мојот научен труд.
      Може ли човек да посака нешто повеќе од ова што ми се сличи мене?
      На почетокот се чувствував како човек чиј што часовник единствено покажува точно време во Македонија, а сите други часовници, та и градските, покажуваат неточно време.И за жал сите Македонци ги курдисуваа своите часовници според неточните часовници.
      Денес веќе не е така.
      Останува уште Груески да го курдиса својот часовник.

      Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    За тебе Марјане, како адвокат, она што го пишува во напис на веб страницат ана СИТЕЛ е “апсолутна вистина“? Нема да те побивам, немам ни потреба. Д.П.Л. е сепак само главен урденикна дневникот на ТВ СИТЕЛ, а главен и одгворен урденик на ТВ СИТЕЛ е Ивона Талеска, која паке е “еден од урдениците“ во ВЕЧЕР. Тоа се “взаемно поделени улоги“ помеѓу тие двајца. Натаму, вади си заклучоци… Еве за “сведок“ можеш да го повикаш Бојо АНДРЕСКИ или… еве ти го ИМПРЕСУМ-от на ВЕЧЕР:

    Главен и одговорен уредник: Драган ПАВЛОВИЌ ЛАТАС
    e-mail: latas@vecer.com.mk

    Заменик гл. и одговорен уредник: Ивона ТАЛЕВСКА
    e-mail: ivona@vecer.com.mk

    П.С.
    Не мора да ми веруваш – провери сам на веб страната на ВЕЧЕР или земи печатено издание (верувам го има во Охрид) па … провери. Изјави се проверуваат и во суд, нели?

    На веб-от на СИТЕЛ нема да можеш да го провериш редакцискиот и раководен состав.

    За твојаи општа инфорамција за оние кои не ги “знаат скопските прилики“:

    Формално – сопственик, директор и “главен шеф“ на СИТЕЛ е Зоран Иванов(ски), синот на Ѕинго или познат како “Ѕинго мали“ – личен пријател на Латас! Не спорам дека “газда Љубиосав Иванов Ѕинго“ е капо-фи-тути-капи што се однесува до овој медиум, а Латасот е “креатор на урдеувачката политика во сенка“. Овој соц-комуњарски клан, засега не поседува “печатено гласило“, очито не му треба.

    ВЕЧЕР – сопственик заедно со печатницата (која е посебно трговско друшптво) е Бојо Андрески
    ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР: Бобан БОГДАНОВСКИ АНДРЕСКИ
    Кланот на бившиот ЈНА офицер Бојо Андрески (кој дури и се фали дека е он главниот газда), покрај Европскиот Универзитет, поседува и електронски медиум – телевизија која се вика АБ-КАНАЛ, а каде директорува помалата (помлада, да е мала – не е баш “малечка“) ќерка на Бојо Андрески. Постарата е некој си “прв човек“, после Бојо, кој наводно, (како и Ѕинго) е пензионер(!?), а се води – така му стои на “визитката“ – “сопственик и претседател“, значи постарата ќерка на Бојо е “шеф“ на Европскиот Универзитет.
    Инаку Бојо и Латас се школски другари од осмолетка.

    Ете “гратис информации“ од Муссо.

    Пак велам, не мора ни збор да ми поверуваш! Сето наведено може да се провери! За користење “еристички трикови“ мислам дека, овој пат, нема да можеш да ме “обвиниш“. Всушност, кај вас правниците, секој секого може да обвини… граѓанско право… само…обвинението “некогаш“ треба и да се докаже, па “макар и со Аристотел“, не приговарам на тоа!

    Thumb up 0

    • Вие употребивте еристички трик ignoratio elenchi(непознавање на спорната точка).Овој еристички трик го употребуваат оние кои што немаат чувство за она што е битно.
      Текстот „Кој кому му е пријател“ е мој и спорна точка на овој текст е дека партијата на Јанша и партијата на Груески се сестрински и дека Јанша така и се однесува.За разлика од Груески, главниот уредник на телевизијата на коалициониот партнер м-р Павловиќ Латас тврди дека Јанша е „агент на УДБА“.
      Значи, спорна точка е:дали м-р Груески му се потсмева в лице на Јанша, или м-р Павловиќ Латас му се потсмева в лице на м-р Груески преку научно дело.
      За да го напишам овој текст, јас вложив многу време и напор.
      Ја прочитав „КОС И УДБА акциите и документите на тајните служби(325 страници).Потоа “OKOPI, pot slovenske države 1991-1994″(309 страници) на Јанез Јанша.Потоа, “Od osvobodilnega boja do banditizma”, втор човек на УДБА за Словенија по војната(367 страници).Потоа, “Med svobodo in rdečo zvezdo” на Душан Лајовиц(347 страници).Доколку се земе во предвид дека за ваков вид литература потребен е еден час за 10-13 страници, тоа значи дека сум потрошил околу 130 часа проучување за да напишам една колумна, која што според мене укажува на една многу важна работа.
      Потрошив ушете околу 20 часа додека ги најдов и проучив записниците од парламментот, која што на затворена седница расправаше за лустрацијата и кодошите.Не најдов ниту еден парламентарец да го обвинува Јанша дека бил „агент на УДБА“.Напротив, Јанша обвинува и бара закон за лустрација.

      Вие, не мора да ги цените овие околу 150 часа време и напор, но сте должни аргументирано да ги побиете.
      Наместо тоа, вие тврдите дека м- Павловиќ Латас не бил главен уредник на „Сител“.
      Тоа е апсолутно неважно за темата и целта на мојот текст.Вие употребувате еристички трик, така што напаѓате нешто што е небитно, но доколку успеете да ме побиете во небитното(дали м-р Павловиќ Латас е главен уредник на „Сител“), судијата(публиката) заклучува дека сте ме побиле и за главното.

      Но, вие не успеавте ни за небитното да ме побиете.
      Имено, самата телевизија „Сител“ тврди дека нејзин главен уредник е м-р Павловиќ Латас.За тоа ви понудив доказ, напис од интернет страницата на „Сител“.
      Зада го побиете овој доказ, вие ќе треба да донесете пресуда од кривичен суд, дека м-р Павловиќ Латас лажно се претставувал.
      Дотогаш, вашето тврдење е побиено со аргумент, која што во Законот за парнична постапка се вика „исправа“.Значи вие мора ова исправа да ја побиете со појака исправа, а таква е само судска одлука.
      Значи, зад фактот треба да стои доказно средство:1. исправа;2. увид; 3.вештачење;4. сведок и 5. сослушување на странка(како најслаб доказ).Други доказни средства нема.Вие не понудивте ниеден од набројаните доказни средства, а јас понудив исправа.

      Вие сте присутни на ова страница од нејзиниот почеток, ама никогаш досега не сте се разжестиле како по повод ова колумна.Должите објаснување зошто сте толку бесни што открив дека м-р Павловиќ Латас во своето дело напишал невистина, дека Јанша е „агент на УДБА“.Дека партијата на сопственикот на „Сител“ е сестринска партија на партијата на Слободан Милошевиќ(сега Ивица Дачиќ), а партијата на Јанша е сестринска партија на ВМРО на м-р Груески.Дека Јанша со сите сили му помага на м-р Груески против „соросоидите“ и комунистите, а неговиот највлијателен коалиционен партнер преку научното дело на м-р Павловиќ Латас пишува невистина дека Јанша е „агент на УДБА“.

      Вие употребивте еристички трик Metabasis eis allo genos(префлање на друго подрачје), кога во расправата наведовте дека против Јанша се води постапка.
      Каква врска има тоа со спорното прашање дали Јанша е кодош на УДБА, или не е?Никаква.
      А што докажува тоа што против Јанша се води постапка?Што сакате да докажите?Дека Јанша направил кривично дело?За тоа треба правосилна пресуда, а не постапка.
      Против Јанша вложи акт обвинителката Бранка Зобец Храстар, сопруга на удбашот Звонко Храстар, удбашот кој што го уапси Јанша 1988.Дали сега ви стануваат работите појасни?
      Звонко Храстар(удбашот што го уапси Јанша0 во 2005 е избркан од СОВА(поранешна УДБА).Водеше судски постапки, но сите правосилно ги загуби.За аферата што му ја подметна УДБОМАФИЈАТА на Јанша преку Финска, директорот на Финската национална телевизија даде оставка, а против финскиот новинар што ја направи емисијата се води судска постапка во Словенија.
      Против обвинителката Бранка Зобец Храстар, жена на отпуштениот удбаш што го уапси Јанша, Јанша започна постапка преку адвокатот Франци Матоз(поранешен полицаец).Актот на обвинителката против Јанша парафразирано гласи;на неутврден датум, на неутврдено место, од неутврдено лице, Јанша се обиде да прими поткуп.
      Обвинителката под притисок на стричната и пошпироката јавност даде оставка и против неа се води постапка за фалсификување докази против Јанша.

      И Шопенхауер(„Еристичка дијалектика“ и Аристотел, „Органон“, предлагаат да не се расправа со оние што употребуваат еристичка дијалектика и јас нема повеќе да расправам со вас во иднина.

      Самиот поднаслов на страницата „Вакцина против опинион мејкери“ упатува на тоа дека секој еристичар лошо ќе помине на ова страница.

      На стрпливите читатели, што докрај ги прочитаа овие наводи, топло им ја препорачувам шемата за манипилирање на Шопенхауер, за да ги препознаете и да се одбраните од манипулациите.
      Меѓутоа, морам да ви ги кажам и условите што поставува Шопенхауер(доколку сакате да го читате и да го разберете):најпрвин мора целосно да се проучи Кант, особено „Критика на чистиот ум“(после „Метафизика“ на Аристотел, за мене најтешка книга).Потоа два пати мора да се прочита капиталното дело на Шопенхауер „Светот како волја и претстава(околу 1300 страници, односно два пати 2600 страници).

      Верувајте ми;не само што вреди, туку е и неоходно доколку сте одлучиле да живеете во Македонија, па и да и помогнете на Македонија.

      Thumb up 0

    • Musso-vtor pat

      Марјан, вадиш се повеќе и повеќе погрешни заклучоци! Жалам, но тоа е мој став, мислење, согледување.

      Напаѓаш со дисквалификации замотани во “правно филозофски фрази“, но се многу провидни! Прости, но јас сум овдек на сајтов во групата на оние кои милуваш да ги нарекуваш “судии“ – демек јавоста, иако пак грешиш – не се судии туку поадекватно би било да се каже ПОРОТНИЦИ. Прости, но новинарски напис да го коритош како “правна легитимација“, и од ПОРОТНИКОТ да бараш да “ти покаже контра легитимација“ која, ја идентификуваш со судска пресуда….!? Па уште и во кривична постапка…!?

      Прво, господине Попески (сега мора да се дистанцираме до крај), ако некој е “бесен“ (поточно кажано гневен) тоа сте Вие, а не јас. Јас немам причина да бидам ниту бесен, а ниту гневен. Разочаран – ДА! Почнавте да се однесувате како “просечен македонски адвокат“ која, ако не е по негово, ги обвинува сите оклу себе, почнувајќи од судијата, поротниците записничарот, писарот, па преку судскиот совет, министерот и на крај владата.

      Посебно ме разочара провидноста, која се обидов со по некој П.С. во моите “коментари“ да Ви ја посочам. Заслепени од Вашето па само Вашето, Вие, наместо да читате (и покрај моите печатени грешки) и да си поставите прашање “чуму вакво едно мусаџиско пискарање“, Вие веднаш ПРЕСУДУВАТЕ! Не трпите критика – тоа е веќе очигледно, и отидовте до таму да (навистина) реторичките парашања и факти, кои требаше да Ви укажат дека одите во погрешен правец и создавате погрешен привид (кај “поротниците“ кои, ги изедначувате со судии – типично за “комуњарски правен систем“) за она што скате да го прикажете во вистнско светло.

      Верувајте (но и не морате, сепак тоа е Ваше право, а јас немам намера да докажувам – не застапувам никого освен себе и своите ставови) дека општата перцепција е дека Вие истапаувате како адвокат на Иван (Јанез) Јанша. И тоа не би било проблем и немаше воопшто да реагирам, да не го создадовте (според мене погрешно) впечатокот дека на Јанша му се суди, односно дека е обвинет (!?) во Македонија, а го обвинува некој си Драган Павловиќ Латас.

      Натаму, да излезете во јавност (сепак Вашиов сајт е јавно достапен, а е и посетуван, неспорно!) со обид дека, она што е познато во цела Европа, па и пошироко, дека Јанша во својата земја е обвинет (не и осуден) за (наводна) корупција, да ми го “лепите“ како еристички трик – не држи – не доликува! Се читате ли самите себе, кога веќе мене не ме читате (целосно)? Не било поента тоа што Јанша бил обвинет, ами “научниот труд“ на Латас !?. “Блискоста“ на Латас и Ѕино-социјалистите со Груевски!? Ваше право е како некои пишани работи ќе ги третирате, но книгата на Латас не исполнува ни минимум услови за да биде (од објективна, професионална и стручна јавност) третирана како научен труд.

      Натаму, иако во три наврати Ви тврдев дека не дебатирам и дека ниту се обидувам, ниту пак имам намера нешто да докажувам, Вие упорно инсистирате на дебата! Еве еден “еристички трик“ (еристичкки според Ваша дефиниција) – Дали во судница Вие, како адвокат, застапник на една од страните во … да речеме парницата, ќе барате дебата од поротниците? Не верувам дека судијата тоа ќе ви го дозволи, како што ни поротниците не би требало да дебатираат со застапниците, но може да постават прашања за да си ја расчистат претставата која застапниците (на двете страни) им ја креираат.

      Е сега пак ќе повтороам – јас знам што Вам ви пречи и Ве засега, а јасно Ви имам кажано што мене ми пречи, па не моравте да “одгатнувате“. Имено, сега и обајцата знаеме, а можеби и “поротниците ќе сфатат“ дека имаме дијаметрално спротивставени ставови во врска со ЕУ, па и по одонос на третманот на Словенија како македонски пријател (!?). Јас, а тоа и “врапчињата го знаат“, сум дециден противник на било какво приближување на Република Македонија кон ЕУ, и особено не го претпочитам словенечкиот “терк“. Јас отворено тврдам (не барајте да докажувам, може да биде непријатно, а и не е ова судски процес) дека Словенија немаше воопшто фер и коректен однос кон Македонија и сите активности коџомити инвеститорски, им се зачинети со дебели корупциски постапки и измами, заради што имам раскрстено секаква деловна соработка со словенечки фирми, дури и угасено (лични и деловни) сметки во НЛБ Тутунска Банка. Бидете уверени дека сум имал дебела причина за тоа!

      Мојот личен политички конзерватизам е токму таков и е спротивена на “социјализмот и левичарењето“ кои многу милуваат “интернационализам“. Јас мојот конзеравтивизам и десничарска ориентација нема да ја споделувам ниту со Британски, ниту Германски, па ни Словенечки десничари. Не претпочитам лицемерие, а словенечките десничари, Ве бендисувало тоа или не, се обични лицемери кога е вопрашање Република Македонија! Јас претпочитам “домашна оригиналност“ и не гледам причина да се засекирам за постапки и ставови на јабанџиски десничари, како што и на госпоѓа Лиле Поповска јасно и во лице и’ кажав дека зелената опција е политичка опција, а не привезок и филијала на Јошка Фишер.

      Како Јанша ќе помине на суд во Словенија, лично не ме засега. Не ме ни засега дали Латас му одел на Груевски дома, а знам зошто тоа го рекол (дури може да се посомневате и во вистинитоста на тој исказ). Да, љубопитен сум и навистина ме интересира како ќе заврши “аферата Патрија“ во Словенија. Верувам дека правите разлика помеѓу “ме засега“ и “ме интересира“! Од каде и какво потекло (политичко и семејно) е словенечлкиот обвинител, мислам дека не е битно, Да беше битно, ќе рсправаа и во Словенија, каде нели, според некои Ваши согледувања, “лустрацијата била спроведене или се спроведувала“.

      Вие, господине Попески сте тој кој посебно се “изиритирал“ од Латасовите, ефтино-журналистички квалификации и подметнувања, во смисла дали и кој во Словенија бил “удбаш“. Запнавте да го “анализирате научниот труд на Латас“ за да откриете “топла вода“ – Латас манипулирал со информации и давал своеволни, политички мотивирани, квалификации! Во Скопје би ви рекле “е па добро утро – на Латас-от тоа му е работа и од тоа пари вади, а не од “бавење“ со наука“.

      Ако пак сте имале намера нешто на Груевски да му укажете, пак сте тргнале по погрешен пат. Нему не можете да му кажете да се “мавне од Ѕинго и Латас“! Има он – Груевски и “словенечлки особини“ – умее да си го следи интересот, политики пред се, а медиуми му се потребни. Како ќе ги користи и “манипулира“, тоа е веќе негова работа. Да имаше кој да му укаже и тој, премиерот, да беше човек кој умее да слуша, прво немаше да ја игнорира Вашата “Стратегија за зачувување на името“ и второ, немаше да се избламира на вчерашната 8-мо септемвриска прослава со говор:
      (1) кој траеше рамно 45 минути и 8 секунди (мерено на штоперица).
      (2) кој почна мошне ефектно со тврдење дека ова не е прослава на една партија, за после првите 5 минути да прејде во спротивност и да биде образложување на изборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ – беше крајно досаден – ризикуваше да биде и исвиркан и од своите.
      (3) при што тотално “заборави“ дека е он, премиерот, протоколарен број 3, а не 1, како и дека, политички коректно и протоколарно задолжително, не може премиерот да го има “последниот збор“. Тој е резервиран, особено во вакви протоколарни и церемонијални настапи, за Претседателот на државата. Кој и да е!

      Е само да има кој да му укаже, а и Никола Груевски да се реши да се надмине себеси, па да послуша!

      И сега каква врска има ова со десничарска опција и “сестрински партии“?
      Одговор: НИКАКВА!

      Патем, тоа што сакам и имам дефинитивна одлука да се повлечам, сега веќе и од коментриање, а не само дебатирање, на Вашиот сајт, резултат е на моја лична проценка дека тука навистина повеќе не ми е местото. Не сум јас изреволтиран или изнервиран, туку коректно се обидувам да се тргнам (од пројавување, не и од следење – читање) за да не Ви ја “пструирам концепцијата, која, сепак е Ваша лична. Ако веќе не можеме да “се разбираме“, тогаш барем да не Ви опонирам – зошто така се сфатени моите написи.

      Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    Факти се еристички трик? Нека ви биде!
    Јас ништо не се ни обидов да докажува!
    Само кажав дека на “списокот на Лајовиц“ недостасуваат имиња, а не дека не е точен! Верувам дека постои разлика помеѓу “нецелосно“ и “неточно“!
    Кој од наведените факти не е точен?
    Дали на било кој начин го набедив Јанша или му дадов за право на Д.П.Л.?
    Марјан, знам дека бев зајадлив со “компарациите“ со толковниот речник на Зозе Мургоски, но, напоменувам, не дебатирам. Доколку и изнесување факти пречи, а кои, патем, не оспоруваат ништо твое, освен една “конфузија“ со “функциите“ на Д.П.Л., молам, ќе се повлечам и од тоа…

    П.С.

    Знам дека Јанез Јанша е на суд во Словенија, но не прејудицирам ништо во врска со тоа дали е “виновен или не-виновен“. Не е ни моја работа, а ни сфера на мој интерес. Мислам на посебен интерес, инаку како човек, секако дека ме интересира исходот на тој процес. Сепак тој е во надлежност на судовите во Словенија. И довлно долго (очито предолго) сум “присутен“ на овој сајт за да ти стане јасно (со и без “еристички трикови“) дека не сум Латас кој ликува затоа што десничар – бивш премиер, е обвинет пред суд и не ми паѓа ни на крај-памет да (му) судам – како ни да анализирам “научни трудови“ на “м-р Латас“!

    За Милчин и уште неколку кои (се надевам) ќе бидат “истопрени“ пред јавноста, мене лично нема да ми требаат никакви докази. За она што го знам не “барам докази“.
    Зошто?
    Затоа што не сум тој кој суди, освен можеби како “дел од пошироката јавност“, но таквото “судење“ не повлекува (фиормална правна)санкција.

    Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    Јас навистина не знам “кој кому е пријател“. Мене не ми е пријател ниту еден од споменатите во написот, тоа со сигурност го знам, а по потреба може и да го докажам (само не знам како, а и зошто би го докажувал). Она “м-р“ ќе го игнорирам бидејќи ми е смачено од фактот или подобро речено созананието кој се’ во оваа држава со какви ли не титули се има изнакитено.

    Бидејќи не дебатираМ (се обидувам да останам доследен) ќе изнесам некои факти:

    (1) Д.П.Л. не е главен и одгворен уредник НА СИТЕЛ телевизија туку само на дневникот на СИТЕЛ. Не велам дека тоа не го посакува, но Д.П.Л. е главен и одгорене уредник на весникот ВЕЧЕР кој пак е во сопственост на Бојо Андрески (има и тој некоја титлула, чинам д-р),а е поранешен офицер на ЈНА. Факт!
    (2) Д.П.Л. ретко говори (и пишува)вистина, а и кога ја говори (или изнесува) прави максимални напори да ја изврти. Факт!
    (3) Списокот на Душан Лајовиц (се намачив додека го прелистам и потрошив поприлично време) не содржи некои имиња на соработници (надоврешни, демек не варботени во СДБ или УДБА – прифаќам знак на равенство) за кои лично знам дека се (или барем беа). Барем не од делот на Приморска Словенија, за која знам поприлично детали. Факт!

    Не вадам заклучоци, не алудирам на ништо во врска со Јанез Јанша – бев во Словенија кога го апсеа и немам сознание дека бил “удбаш“, но прашувам – дали ако некој не е на спосокот на Лајовиц, веднаш треба да добие “тапија“ дека е “чист како солза“?
    Можеби ќе прозвучи “зајадливо“, но само како аналогија – ако некој збор го нема кај Зозе Мургоски, заклучокот беше дека го нема ни во македонскиот јазик и (следствено) Македонците не би требало да го употребуваат (белким затоа што не го разбираат).

    Thumb up 0

    • Што побивте вие со вашите еристички трикови?
      Овде станува збор за три извори од кои што се докажува спротивното од она што го пишува во научен труд м-р Драган Павловиќ Латас.
      А со што пак вие докажувате дека книгата на душан Лајовиц со списокот на кодоши не е вистинита?

      За да не ви успее да изманипулирате некој читател;Кога на Душан Лајовиц му се заканија удбашите дека ќе го тужат, тој им одговори:„Само нека повелат.Јас имам микрофилм“, па затоа никој не го тужи.
      Се зборува дека микрофилмот му го дал д-р Миха Брејц(поранешен шеф на словенечка УДБА, ОД 1992-1993).

      Доколку за вас оригинален микрофилм на УДБА не е доказ, тогаш јас не можам да ви помогнам

      Според тој микрофилм и според шифрата, Јанез Јанша е жртва на УДБА, а не кодош.

      Дека со нашава УДБА, нешто многу не е во ред, говори фактот што за Милчин има дилеми.Но, дилемите се лажни.Доколку власта ја сака вистината, ќе ни презентира податоци од микрофилмот на нашата УДБА и од шифрата на Милчин и мало дете ќе утврди дали бил кодош, или жртва.

      А шифрите на кодошите ги дадов во една друга моја колумна.

      Thumb up 0

    • Не успеавте да ме побиете ни за моето тврдење дека м-р Драган Павловиќ Латас е главен уредник на телевизија „Сител“.
      Еве доказ:

      На интернетната страница на телевизија „Сител“, самата телевизија Сител“ објавува напис од 12.04.2011.со наслов:„СДСМ со обвинувања за Латас, главниот уредник на Сител најави тужба.“

      Thumb up 0