Груевски да и го отповика полномошното на адвокатката Мирка Велиновска

Tempora ne culpes, cum sis tibi causa doloris(Не обвинувај ги приликите, кога самиот си причина за својата болка).

Јас на м-р Груевски со колумната „Последна шанса за одбрана на името“ му направив контрасилогизам и го уништив правниот силогизам на д-р Тони Дескоски(самиот на телевизија изјави дека е автор на тужбата против Грција).

Значи, на м-р Груевски му докажав дека не Америка и ЕУ, туку тужбата на д-р Тони Дескоски е причина за неговата болка.

Меѓутоа, после колумната на адвокатката на м-р Груевски, Мирка Велиновска, „Политика на обратност во се и по секоја цена“, заклучив дека УДБОМАФИЈАТА и македоноидите го одработиле поразот на м-р Груевски и само прашање на време е кога тоа ќе се официјализира.

За тужбата на д-р Тони Дескоски докажав дека е причина за болката на Груевски, а сега ќе докажам дека пишувањето на Мирка Велиновска, наводно во корист на м-р Груевски, е всушност сигурен негов пораз.

Еве зошто.

Велиновска во погорецитираната колумна го обвинува Игор Ивановски-Шема, заради тоа што рекол:„Нема никаква разлика помеѓу комунисти и фашисти.“

Според Велиновска:„Дечкиве самите, без асистенција од кого било, си го копаат историскиот гроб, та дури како што гледам и самите се трудат мермерна плоча да си стават за сите времиња.“

Напротив. Велиновска со ваквото глорифицирање на комунизмот, му ископа гроб на ВМРО и м-р Груевски и мермерна плоча му стави за сите времиња.

Имено, Велиновска за аргумент против Игор Ивановски-Шема, по обичај, им се обраќа на емоциите на судиите(читателите), велејќи дека „…им се помоча на коските на илјадници револуционери…“

Овој еристички трик на Велиновска на англиски се вика appeal to emotion.

Според проф. д-р Јанез Брегант и проф. д- Борис Везјак(Zmote in napake v argumentaciji”, Subkulturni azil, Maribor, 2007), трикот повикување на емоции се прави така што при заговарањето на своите ставови, наместо рационални докази се повикуваме на емоции. Стратегијата на таквото заклучување е да се обидеме со употреба на емоционално обоен јазик, кај судиите(читателите) да предизвикаме жалост, па на тој начин да ги убедиме да го прифатат нашиот заклучок дека комунизмот и фашизмот не се идентични.

Постулатите на Велиновска се далеку од тоа да се релевантни за силогизам:„…тие се користат само како оружје за манипилација на убедувањето на слушателите , кај нас сакаат да предизвикаат соодветен позитивен или негативен одзив, заради што таквите аргументи се типичен производ на демагогија и пропаганда(Prof. dr. J. Bregant in prof. dr. B. Vezjak, “Zmote in napake v argumentaciji”, stran 123, превел М.П.).“

За разлика од еристичкиот трик на Велиновска, за постулатот на Игор Иваноски-Шема има доказ. Во „РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА ЕВРОПСКА СОВЕСТ И ТОТАЛИТАРИЗАМ“ од април 2009 година во точка К стои:

„К. со оглед на тоа да Европа нема да биде обединета, освен доколку е во можност да формира заеднички преглед на историјата, признавајќи го нацизмот, сталинизмот, и фашистичките и комунистичките  режими како заедничко наследство и изнесе чесни и темелни расправи за нивните злосторства во минатиот век(превел М.П.).“

Значи Игор Иваноски-Шема ја кажал целата вистина.

Дури изненадувачки, отишол и чекор понапред и како припадник на правниот сукцесор на комунистите, ја применил точката 13 од Резолуцијата на  Советот на Европа 1481 од 2006 година:

„13. Понатака ги повикува сите комунистички и посткомунистички странки во своите држави членки, кои што тоа уште не го сториле, нека ја оценат повторно историјата на комунизмот и своето сопствено минато и јасно да се дистанцираат од злосторствата, кои што ги сторија тоталитарните комунистички режими и сосема недвосмислено да ги осудат(превел М.П.).“

Така, Велиновска на ВМРО и м-р Груевски им ја намести мермерната плоча.

Шопенхауер би рекол:„Тоа е начинот, на кој што лошите адвокати губат добри предмети(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика“, трик број 37, превел М.П.).“

Со овој еристички трик, иако ВМРО  и м-р Груевски се во право(немаат на душа комунистички злосторства, направија денационализација, единствени во цела поранешна Југославија прават лустрација, ја поразија ОНА и ја одбранија Македонија, го бетонираа културниот идентитет од пред Александар Македонски), со употребата на нивниот „адвокат“ Велиновска на лош аргумент(глорификација на злосторничкиот комунизам), ВМРО и м-р Груевски ја губи „парницата“ во очите на судиите(читателите и Западот кон кој се стремиме) и им препушта незаслужена победа на комунистите на Игор Иваноски-Шема, а со тоа Македонија ја препушта на опасна и неизвесна иднина.

Комунистите на Игор Иваноски-Шема, одамна се уверија во интелектуалните способности на Велиновска и затоа „и го отповикаа полномошното“.

  •