Културен геноцид на македонскиот народ

Колку само во себе се радувам на секое расположение кога мислите на друг ќе дојдат до израз, на сметка на моите мисли. Понекогаш дури си приредувам и посебна свеченост, кога својата духовна куќа и имот ги подарувам на друг. Слично на некој исповедник кој чека во некое ќоше и посакува да наиде некој сиромав човек за да му ги соопшти своите туробни мисли, за повторно да му ја исполни раката и срцето и за да му го олесни бремето на вознемирената душа. Не само што не сакам за тоа слава, туку би сакал да избегнам и благодарност, бидејќи е наметлива и не се плаши од осаменост и молчење. Да се живее безимено и донекаде потсмешливо, премногу простачки за да не предизвикуваш завист и непријателство. Снабден со трезна глава, малку знаење и кеса искуство, бев такаречи духовен лекар на сиромашни и помош на овој и оној, чија што глава е унезверена од мисли, а тој да не забележи кој му помогнал. Не сакав пред нив да имам право и да славам победа, туку му зборував така што после некој неприметен миг или противречност, сам ќе си кажеше за себе многу добри ствари и задоволен поради тоа ќе си заминеше. Бев како мало прибежиште кое не одбива никого кој е во неволја, а потем ме забораваа и ме исмејуваа. Немав никаква предност, ни во храна, ни во почист воздух, ниту бев порадосен дух-туку давав, враќав, се доверував и бев во поголема невоља од нив. Се спуштав многу ниско за да бидам достапен, без да се понизам. На себе имав многу неправди, бидејќи ползев низ тесните ходници на сите видови заблуди. Тоа ми овозможи да дојдам до многу скриени души, на нивните тајни патишта. Секогаш бев во некаков вид љубов и секогаш во некаков вид саможивост и самоуживање. Тоа за мене беше добар живот. Причина долго да сеживее.[1]

 

Се спротивставував и предизвикував на двобој само помоќни од мене, што е одлика на оние што ја имаат доблеста великодушност (Аристотел, “Никомахова етика”).

Го предизвикувам на двобој северномакедонецот.

Културниот геноцид испадна од конвенцијата за геноцид заради противењето на Америка и Франција.[2]

Образложението беше дека оваа проблематика спаѓа во рамките на меѓународноправната заштита на човековите права.[3]

“Така, меѓународноправната забрана на “културен геноцид”, треба да се бара надвор од конвенцијата, особено во правото на самоопределување, кое темели на Повелбата на ООН, кое што како дел на својата содржина на народните малцинства им го обезбедува правото на постоење. Како што исто така утврдивме , може основано да се тврди, дека денес признавањето на правото на зачувување на сопствената култура до таа мера е општа пракса на државите, да можеме за тоа право да говориме како за општо правно начело. Правото на зачувување на сопствената култура-значи забраната на културен геноцид-содржи и соодветни одредби на Општата декларација на ООН за човекови права (чл. 27) и Конвенцијата на ООН за економски, социјални и културни права (чл.15), особено пак го обезбедува правото на уживање на сопствената култура и чл. 27 од Конвенцијата на ООН за граѓански и други политички права.”[4]

Според словенечкиот речник на книжевниот јазик, поимот култура е дефиниран како збир на достигнувања на човековото општество, како резултат на човековото делување и создавање, како и дејностите, кои што го опфаќаат подрачјето на човековото умствено, особено уметничко делување и создавање.[5]

Од дефиницијата на поимот култура, се гледа дека името на нашата држава Република Македонија е дел од поимот култура, поточно од културата на македонскиот народ.

Ова значи дека промената на името Република Македонија под притисок и закана на Грција и поголем дел од Западот претставува културен геноцид.

Како што беше кажано погоре; само заради противењето на Америка и Франција, културниот геноцид не влезе во Конвенцијата за геноцид.

Образложението било дека тоа ќе се решава со корпусот човекови права.

Погоре беше цитиран ставот на д-р Ернест Петрич[6] за културните права на малцинствата, кој што е светски угледен правник и врз основа на член 38 од Статутот на Меѓународниот суд на правдата, претставува помошен извор на правото.

A fortiori.

Доколку малцинствата уживаат заштита од културен геноцид, дотолку повеќе народите уживаат заштита од културен геноцид.

На опишаниот начин се докажа општото место на Шопенхауер; дека ниедна вистина не треба да се плаши од друга вистина, напротив секоја заблуда како она на северномакедонецот д-р Тони Дескоски, мора да се тресе пред секоја вистина.

Од мојот доказ дека врз македонскиот народ е извршен културен геноцид, повотрно е понижена неговата намерна заблуда pacta sunt servanda[7].

 

Велам намерна, бидејќи и пред поднесувањето на тужбата и по поднесувањето предупредував дека тоа е судско убиство.[8]

 

Јас тогаш (пред десет години) се чувствував како човек чиј што часовник единствено во Македонија покажува точно време, а сите часовници во Македониај беа наместени според вашиот часовник, што не покажуваше точно време. И цела Македонија се управуваше според вашиот часовник.

Како се чувствувате вие сега. После десет години. Сега кога во Македонија сите се повикуваат на правото на самоопределување, а вашите од ВМРО бедно ме крадат. Доктори по право.

Сите часовници во Македонија се курдисани според мојот часовник.

Кај мене е се излиено во едно парче.

И културниот геноцид се решава со правото на самоопределување, како норма ius cogens.

Како се чувствувате северномакедонецу?

Доколку македонскиот народ и даде мандат на партијата ИНТЕГРА, целиот свет ќе си ги курдиса часовниците според мојот часовник и ќе си го вратиме името.



[1] НИЧЕ, Фридрих Вилхелм, Zora: misli o moralnim predrasudama-Beograd: Dereta, 2011, stranica 212-213.

[2] Превел М.П. : Dr. Ernest Petrič, Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin, Založba Obzorja, Maribor, 1977, stran 257.

[3] Ибидем.

[4] Ибидем.

[5] Речник на словенечкиот книжевен јазик, достапен на интернет.

[6] Претседател на Комисијата за меѓународно право на ОН, три мандати член на оваа Комисија, член и во сегашниот состав, Претседател на Агенцијата за атомска енергија, член на меѓународно тело од девет члена што ги предлага судиите на Меѓународниот кривичен суд, поранешен Претседател на Уставен суд на Република Словенија, професор по меѓународно право Европскиот правен факултет, советник на сегашниот Претседател на Република Словенија.

[7] Д-р Дескоски, до каде сте со пресудата? Зошто уште не барате извршување?

[8] Види ја мојата колумна “Судско убиство”.

  •