Сепак се врти

Од Калабрија, јужна Италија, во Ватикан пристигнуваат вести за неверојатен култ. Верниците се молат на гробот на Ѓакомо Нероне, кого што партизаните го стрелале заради соработка со Германците, а локалното население го смета за маченик и за него бара беатификација. Мередит, англиски монсињор (назив што го доделува папата на заслужни свештеници), ја добива улогата на „Адвоцата Диаболи“, да ги собере сите аргументи против беатификација. Пред него, полека, се отвора вистината, покрај која во тие денови добива подлабок поглед во луѓето, отколку што го имал целиот свој долг живот.

Ова е содржината на еден добар роман.

Луѓето низ векови се одушевувале на британската правичност. Така и Шопенхауер се воодушевува, кога Британија издвојува огромно количество злато за укинување на ропството. Кога ги спроведува низ градовите организаторите на борби на кучиња врзани пред граѓаните.

Каде е тогаш вистината во врска со тврдењето на Македонската енциклопедија за улогата на Британците? Дали преку енциклопедијата ќе добиеме подлабок поглед во конфликтот 2001, како и англискиот монсињор, што преку улогата на “Ѓаволов адвокат“, научил повеќе за луѓето отколку за цел свој живот? Дали господинот Блаже Ристовски, требаше да постапи како Спиноза, („Теолошко политичка расправа“) кој на највисоката власт и рече дека е спремен да ги отповика своите ставови, доколку тие проценат дека неговите ставови се во спротивност со законите на Холандија, или општото добро на Холандија.

Зошто Аристотел не ни помислил да ги отповикува своите ставови против идеите на божествениот Платон, туку само ни соопштува („Никомахова етика“) дека не му било лесно да оди против неговиот пријател Платон, но очекува разбирање бидејќи како филозоф, на прво место треба да му е вистината?

Во романот што го спомнав, Ѓакомо Нероне е Британец, кого луѓето бараат да биде прогласен за светец. Заради добрините и чудата што ги правел, комунистот Ил Лупо му дава на знаење дека треба да им се придружи на комунистите, или да замине. Британецот со завршени студии на Оксфорд, го одбива и едното и другото. Ил Лупо му вели дека прво ќе му го земе доброто име, а потоа ќе го убие (и кај нас УДБОМАФИЈАТА, прво врши дискредитација, па после ликвидација, често и физичка). Британецот избира да биде убиен. Не дозволува од комунистите да му бидат одземени заслугите. Не сака да ги ризикува ни животите на селаните и да се бори против комунистите.

Ил Лупо му вели дека мора да биде така. Дека тој не е важен, туку дека е важен комунизмот. „Во тоа е разликата помеѓу нас,&рдљуо; рече Ѓакомо тивко.

„Вие велите дека не сте важни. Јас пак велам дека сум… Тоа што ќе ми се случи е важно за целата вечност, бидејќи од вечноста бев во божјиот разум… јас, слеп, невешт, пропаднат. Јас бев, јас сум, јас ќе бидам!&рдљуо; (Моррис Њест, “Ѓаволов адвокат“).

Господинот Блаже Ристовски вели, јас сум Британецот светец Ѓакомо Нероне. Јас не ги давам тристоте научници што ја пишуваа енциклопедијата.

По десетина години, луѓе ќе се молат на гробот на неговата запалена енциклопедија. Сé ми се чини дека за десетина години луѓе ќе бараат Блаже Ристовски да биде прогласен за светец. Кој ќе биде ѓаволовиот адвокат и кој ќе го овласти?

Романот учи и како се станува комунист: „Многу е едноставно,&рдљуо; одговори Маер.„За мене беше тоа најприродно. Го доживеав распадот на либерализмот. Ги видов сите непријатности на клерикализмот. Бев жртва на диктатура, која што ја спроведуваше само еден човек. Ја почувствував потребата по еднаквост, ред и поделба на капиталот. Исто така ја сфатив бедата и своеглавоста на угнетениот народ. Одговорот на Ил Лупо ми се чинеше единствено можен“

Ова дефиниција ние ја реализиравме последниве 18 години.

Само уште да се појави некој Ил Лупо.

Македонија го напушти комунизмот и му се придружи на слободниот западен свет. Ама, не заради петнаесетте видови кечап што тој ги има во своите продавници, туку заради слободата.

Дали тој слободен западен свет ни го враќа комунизмот во Македонија?

Дали смета дека Македонецот не е способен да ја разбере причината за улогата што западот ја имаше во конфликтот?

Доколку е така, го негира и Спиноза и Фројд. Афектите се отстрануваат со адекватна идеја, до која се доаѓа со анализа, односно со логика. Белки нема да му рече на Македонецот, дека не е способен за логика, кога тој што ја создал (Аристотел), го родила Македонија.

Најчитаниот политички неделник во Словенија го тврди истото што е напишано во енциклопедијата со помош на британски и американски слободни медиуми: „Меѓутоа, тешкотијата е и во тоа, што за политички потреби, очигледно поинаку ќе треба да бидат опишани фактите, за кои што во минатото пишуваа и слободните демократски медиуми на запад. Така на пример британскиот Тхе Сцотсмен во 2001 известува дека „албанските востаници своите одлуки не ги донесуваат сами“ туку претставуваат „продолжена рака на САД, која што дејствува во склад со плановите на американските советници“, кои што „ги оспособуваат припадниците на британските специјални единици“, а ги „финансира и опремува Вашингтон“. Наводно САС непосредно го отшколувал командантот на Ослободителната народна армија(ОНА) Гзим Острени, кој што подоцна преминал во Косовскиот заштитен корпус, а програмата наводно ја водела ДИА, американска одбранбена известителна агенција. Заедно со британската тајна служба МИ6 наводно соделувале 22 „некогашни и сегашни припадници на САС“, а во програмата наводно биле вклучени три американски и една британска агенција за приватна заштита. За овие, за КФОР „непријатни“ факти, известуваа и други весници, на пример Сандеј Тајмс, Обсервер, Тајмс и многубројни „западни“ новинари, кои што од Македонија во 2001 година известуваа за албанските борци за слобода, обилно вооружени со опрема од членките на НАТО. Така на пример британскиот ББЦ во јануари 2001 година известуваше, дека доцна есента 2000 година, западните специјални единици во Македонија „и понатаму ги тренирале герилците, како резултат на одлуките, кои што биле донесени пред промената на владата во Југославија“.Со оглед на овие „навредливи“ записи, можеби цензурата на македонската енциклопедија нема да биде доволна, туку ќе треба да се избришат и многу статии од интернет и од светските весници, каде што овие и други „несоодветни“ факти очигледно можат и понатаму да останат запишани („Младина“, Љубљана, 03.10.2009.).“

Господинот Блаже Ристовски, од слободните западни медиуми довикнува:„Сепак се врти“.

Објавено во Нова Македонија на 11 ноември 2009

  •