Имаме еден изумител и еден разумен за најголемиот проблем на Македонија

(Колумната е одговор на прашањето на Liljana Troshevska : “Разбравме кој е математичарот лиско, чаре има ли професоре, да се врати нашето име и идентитет?”) 

Со ниедна предност човек не се гордее толку, како што се гордее со својата умствена надмоќност. Токму во умот е неговата предност над животните. Да му покажеш на човек умствената надмоќност и уште пред сведоци е опасно. Тој ќе се почувствува предизвикан на одмазда и во најголем дел ќе најде прилика да ја изведе во форма на навреда, а тоа е премин од интелигенција на областа на вољата, каде што сите сме еднакви. Луѓето, се можат да ти простат; богатство (хидроцентрали) , ранг (асистент на тато) , но умствена надмоќност, никако.[1]

Јас тоа му го направив на д-р Мицковски. Му ја покажав мојата умствена надмоќност пред вас, мои разумни читатели.

Но, мојата цел е благородна, а средството покажување умствена надмоќ, дозволено и неопходно. За македонскиот народ се работи и тој, како и јас, сме дозволени интелектуални жртви, за да се спаси македонскиот народ.

Значи, кога се во прашање навредите и заканите (“ќосиња”) на д-р Мицковски, мене ме држи тоа што го сакам; спас на македонскиот народ. Тоа е големо и грандиозно дело. Затоа помислата на планот на мојот живот, повеќе од било што друго ме оснажува, ме исправува, ме возвишува, ме бодри на работа на тој план и ме задржува од застранување.[2]

“До откривање на најважните вистини нема да доведе посматрањето на ретки и скриени појави кои можат да се претстават само со експеримент, туку на феномените кои отворено лежат пред нас и на секому му се достапни. Поради тоа, задачата не е да се види она што сеуште никој не го видел, туку во случај на она што секој го гледа, да се мисли она што сеуште никој не го мислел (потенцирал М.П.).”[3]

 

Повелбата на ОН, Виенската конвенција за договорно право и Времената согласност се феномени кои на секој научник му се познати и достапни но сеуште никој не мислел како мене врз основа на овие меѓународни договори кои на секој му се познати и достапни. Само јас врз основа на нив пронајдов правно средство што досега никој на светот не го употребил. Само јас составив правен силогизам (доказ) и три просилогизми како да ја победиме Грција. Сето тоа, признато во докторат одбранет во ЕУ.

На крајов од колумнава ова што го тврдам ќе го повторам, бидејќи, вели Платон, она што е добро треба да се повтори два, па и повеќе пати.

Истово, на поинаков начин го кажува друг голем ум, кого Шопенхауер лично го превел.

Најмногу се цени изум. Оваа природна дарба го покажува најголемиот гениј. Доколку изумот (пронаоѓањето) е работа на генијалните, тогаш добриот избор е ствар на разумните. Првото е дар на небото и многу поретко, додека вистинскиот избор им успеал на многумина. Изумот на изумителот му дава двоен сјај. Но, изумот е новина и оној што избира го изложува на опасност од парадокс. Доколку изумот и изборот се правилни, заслужуваат признание, и изумителот, и тој што го избрал.[4]

Во конкретниов случај изумот е мој, а изборот е на последниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Тој го употреби изумот пред Генералното собрание на ОН и собра само аплаузи. Ниедна критика ниту во странство, ниту дома од страна на науката. Ниедна критика во странство од политиката, ниту дома.

И сега, наместо д-р Мицковски да вети дека ќе го реализира изборот на мојот изум, тој вети дека ќе го почитува Преспанскиот.

Поради тоа, д-р Мицковски е неразумен.

Во продолжение, правниот силогизам со трите силогизми и правното средство, а љубезно го молам мојот разумен читател да го слушне говорот од 27.09.2018. Година на последниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.

За сами да се уверите дека Македонија има, и изумител, и разумен.

 

Во продолжение мојот изум.

ГОЛЕМА ПРЕМИСА. Секој договор што е во спротивност со ius cogens е ништовен (член 53 од Виенската конвенција за договорно право).

МАЛА ПРЕМИСА. Член 5 од времената согласност е ништовна договорна норма.

КОНКЛУЗИЈА: Времената согласност е ништовна и нема никакво дејство.

Бидејќи сакаме правниот силогизам да биде поубедлив, ќе составиме уште три просилогизми:

ПРВ просилогизам:

1.Членот 103 од Повелбата на ООН ги анулира сите спогодбени норми, кои што во време на настанувањето биле во спротивност со ius cogens.

2.Членот 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН.

3.Членот 5 од Времената согласност е ништовна спогодбена норма.

ВТОР просилогизам:

1.Член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН го содржат основното колективно човеково право на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes.

2.Член 5 од Времената согласност одредува преговори за правото на самоопределување.

3.Член 5 од Времената согласност е ништовна спогодбена норма.

ТРЕТ просилогизам:

1.Quod nullum est, nullum producite efectum (што е ништовно нема никаков учинок).

2.Времената согласност е ништовна (член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН, односно со правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes, врз основа на пресудата на Меѓународниот суд на правдата Источен Тимор).

3.Ништовната Времена согласност нема никаков учинок и Македонија не мора да го промени името.

Доколку заклучувањето е добро изведено, односно доколку правниот силогизам и просилогизмите, кои чинат полисилогизам, се правилни, потем, Македонија врз основа на Виенската конвенција за договорно право нека и испрати на Грција изјава за ништовност на Времената согласност, истовремено пак, за тоа да го извести Меѓународниот суд на правдата. Доколку Грција не одговори во рок од дванаесет месеци, Македонија да вложи правно средство за ништовност до Меѓународниот суд на правдата.

На овој начин ќе го пресечеме затруеното дрво, кое што дава отровни плодови.

И отровниот плод, Преспанскиот, ќе згние покрај пресеченото затруено дрво, со примена на општото правно начело што го признаваат цивилизираните народи a fortiori, како и со соодветна примена на теоријата за плодови на затруено дрво. Многу ќе ни помогне и општото правно начело што го признаваат цивилизираните народи употребено во мојата колумна “Привремената согласност не може да се раскине”, quod nulum est, rescindi non potest.

 

Од криво дрво нема прав стап (германска поговорка)”

За да свати мојот разумен читател што значи покажување на умствена надмоќност пред сведоци еве еден историски пример. Гете и кажал на мајка му на Шопенхауер, дека нејзиниот син е гение. Таа била позната писателка во тоа време. Веднаш се спротивставила и се побунила, велејќи дека не е можно двајца генијалци во едно семејство. За докторатот на Шопенхауер велела дека насловот и звучи како апотекарски поим. Во првата прилика кога Шопенхауер и префрлил за нејзиниот слободен живот (татко му бил починат), таа го турнала по скали но Шопенхауер преживеал и до крајот на нејзиниот живот не сакал да ја види.



[1] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 71.

[2] Ибидем, страница 18.

[3] ШОПЕНХАУЕР, Артур, О среќи, љубљви, филозофији и уметности-Нови Сад : Светови, 1999, страница 20.

[4] ГРАЦИЈАН И МОРАЛЕС, Балтасар, Vrelo mudrosti i pravila za život : izvod iz dela Valtazara Gracijana od Don Vincencija Huana De Lastanosa-Beograd : Ušće, 1997, stranica 149-150.

  •