Отстранување на комунистичкото право

Љубезно ве молам да ја прочитате мојата колумна „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право“, објавена во „Нова Македонија“ од 29.10.2010.година, за да можете да го разберете ова што следи.

Проверете дали наведените тврдења го издржале периодот од скоро една година и доколку заклучите дека е така, утврдете дали сум нашол решение.

„Кога неколклу тела од иста или од различна величина ќе бидат притиснати од други тела, така да се потпираат едно на друго, или доколку се движат со ист, или со различен степен на брзина, така да едно на друго си го предаваат своето движење на еден извесен начин, тогаш велиме дека тие тела се соединети едно со друго и дека сите заедно сочинуваат  едно тело, или еден индивидуум, кој што од другите се разликува со тоа единство на телото(Spinoza, Etika”, Izdavačko-grafički zavod, Beograd, 1983, str.62, превел М.П).“

Спиноза треба да биде голема премиса и слика за сложената ствар, комунистичкото право, кое што го сочинуваат други ствари, во случајов „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право“.

Според Спиноза, колку се поголеми површините со кои што деловите на стварта се потпираат едни на други, толку потешко е да бидат приморани да ја променат својата положба. Од десетте заповеди веќе заклучивте дека науката му служу на комунистичкото право и се потпира со цела површина на него, а исто и адвокатите. Ова важи за сите составни делови на комунистичкото право и неверојатно е тешко да се отстрани само еден дел, а камоли да се растури цела ствар.

Стварта(комунистичкото право) воопшто не е загрозена, кога делови од сложената ствар се заменуваат со исти такви делови. На пример, претседателот во своите редови зема комунистички делови: Светомир Шкариќ, Димитар Мирчев, Ристо Никовски. Премиерот исто така:Михајло Маневски, Љубисав Иванов, Владо Поповски, Павле Трајанов.

„Доколку од едно тело, или индивидуум, кој што е сложен од повеќе тела, неколку тела се одвојат, а во исто време, исто толку други тела, од иста природа, стапат на нивно место, тогаш индивудуумот ќе ја задржи својата поранешна природа, без било каква промена на својата форма(Spinoza, “Etika”, превел М.П.).“

Бидејќи Советот на Европа и ЕУ издадоа „правилник“(резолуции) за демонтирање на комунизмот, комунистичкото право и ред, со помош на тој „правилник“ и со повеќе мои оригинални решенија, изнајдов начин за отстранување на комунистичкото право.
Постапката оди вака:

  1. Се поднесува изјава до Република Грција за ништавност на Привремената согласност и се известува Меѓународниот суд на правдата за тоа.

    Доколку во рок од 12 месеци Република Грција не одговори, се вложува жалба против Република Грција пред Меѓународниот суд на правдата.

  2. Правото се издига на највисокото место(Аристотел, „Никомахова етика“) и на власт се поставуваат луѓе како проф.д-р Татјана Петрушевска и проф.д-р Гордана Силјановска.

    На адвокатите им се дава она место што го имаат во Словенија и се ослободуваат од обврската, да бидат измеќари на комунистите.

  3. Се донесува закон за прогласување на бившиот комунистички режим за злосторнички, користејќи го чешкото искуство и закон.
  4. Се спроведува лустрација на налогодавците(раководители на комунистичката партија и на нејзините сателити како ССРНМ) и на припадниците на тајната комунистичка полиција.
  5. Се врши генерален реизбор на судиите и изборот на судиите се враќа во парламентот. Првиот избор ќе биде со ограничен мандат. По истекот на мандатот, судиите можат повторно да конкурираат и доколку повторно бидат избрани, тогаш добиваат траен мандат.
  6. Се носи закон за Уставниот суд, со кој што ќе го укине неуставниот Деловник на Уставниот суд и се воведува постоење на правен интерес, како услов за поднесување иницијатива против некој закон.
  7. Се воведува ново правно средство(уставна жалба), по примерот на Словенија.

    По завршување на постапката пред редовните судови, врз основа на новото правно средство, Уставниот суд ќе одлучува дали нападнатата судска одлука(или одлуки) повредиле посочено човеково право од ЕКЧП, или пак посочено уставно право.

    За ова цел ќе биде побаран од ЕУ „твининг“ со правници од Словенија како проф.д-р Грегор Вирант и проф.д-р Ловро Штурм.

  8. Се овозможува национално помирување со обештетување на жртвите на комунизмот и се формира Центар за документација по примерот на Словенија и Литванија, кој што ќе може врз основа на најдените докази, да поднесува кривични пријави против сторители на злосторства во комунизмот.
  9. Се укинува Академијата за судии и ибвинители(инкубатор за комунистички судии) и разните испити за нотари, извршители, медијатори и стечајни управници и на правосудниот испит му се враќа вистинското значење, како што е  во Словенија.
  10. Се укинува Вишиот управен суд, кој што не постои во Европа.
  • Musso-vtor pat

    Реков дека повеќе нема да дебтаирам и ќе се држам до тоа. Некоректно е замена на тези, но нека Ви биде. Јас не ја парафразирам Мирка Велиновска, а споманв само едне момент од уставот кој, можеби не децидно така кажан, но така имплицира и таква е прецепцијата кај граѓаните (вклучлитело и кај Мирка Велиновска) а Уставот е сепак за сите граѓани а не само за “правниците кои со него треба (или мора) да се….“ не знам кој зобор да го употребам. Таму не е експлицитно кажано дека атеизмот е “завнаична религија“ во Македонија, но така се тумачи – од Уставнито суд. Апропо Уставниот суд – дали тој воошто ни е потребен. Колку земји немаат уставни судови?

    Велите зборот (изразот) “се бави“ го нема во македонскиот јазик. Можно, но вашата “голема премиса“ се заснива на “толковниот речник на Зозе Муроски“! Занчи ако нешто “нема кај Зозе“, според логиката која ја изведовте (а не верувам дека е Аристоелова), значли го нема ни во Македонија! Можно е, како што е можно и веројатно моја лоша (непраовилна) употреба на изразот “се бави со“. Само како што Мирка Велиновска не е устав (дефинитивно), простете може и да ви е близок, така и Зозе Мургоски е далеку од репер за толкување, речници и слично. Имам негови рачници (дел купени и од моите синови во средно училиште под принуда – одгворно го тврдам ова), а ги имам анализирано негвите англиско-македонски и македонско-англиски речник. Кога тие би биле “закон“, многу термини “ги нема“ ни во англискиот јазик, бидејќи, нели, ги нема кај Зозе Мургоски, а обидете се да преведете десетици правни термини (има и други но во случајов ги споемнувам правните) од англиски на македонски – со помош на речниците на Зозе Мургоски. Тешко дека ќе ви успее. Далит тоа значи деке тие термини едноставно не постојат бидејќи Зозе не ги “есапел“.

    Можно е, не негирам, мое погрешно изјаснување, но Вашето тврдење дека со право, власт и владеење треба да се …. занимаваат само правници, простете, но е експлицитно нагласено во Вашиот напис. Тоа е основата за мое дефинитивно повелкување од секаква дебата. Не значи и дека нема да го псоедтувам сајтот, но нема да учетсвувам со коментари – дефинитивно.

    Мислам дека ќе имате дволно доблест на montehristo да му објсните дека “нов устав“ не знчи “бришење на минатото“. Верувам дека и тој робува на ставот дека уставот на САД имал само неколку амандмани од неговто донесување. Тоа е проблемот на нашиот едукативен систем. Инаку уставот на САД е менувам повеќе од 6 пати, па не значи дека декларацвијата за независнот која е ВГРАДЕНА ВО НЕГОВАТА преамбула со ништо не е негирана, ниту избришана.

    Патем,знам дека ве засегнав со мојто став кон Словенија, но да Ви кажам дека има работи кои кај нив и ги почитувам. Едната е секако онаа дека тие (Словенија и Словенците) секогаш и секогаш се водат исклучиво и исклучиво согласно своите интереси! Ќе бидеам и уште малку дрзок (до крај) – да немаа “фојби“ немаше да бидат членки на ЕУ, како што ни во СФРЈ ретко кој можеше да добие жителство на било кој слвенечки град, а по распадот на СФРЈ, државјанство. И усште една “моја дрскост“ – ајде да го препишеме словенечкиот устав, само место Словенија и Словенци да змениме со Македонија и Македонци. Ете на то би се согласил (иако никој не побрал било каква согласност од мене).

    Thumb up 0

  • montehristo

    Поздрав ,
    Од чисто образовна, психолошка, лингвистичка и професионална па и процедурална причина мислам дека не би можело секој да се бави со правото.
    За тоа сте вие самиот крунски доказ Господине Муссо, затоа што самиот не гледате една проста вистина.
    А тоа е дека Минатото не можете да го избришете со НОВ УСТАВ како ништо да не се случило, како да ствараме нова држава.
    Јас ниту се плашам ниту се срамам на Македонското минато да му погледнам во очи такво какво што е, а тоа е комуњарско од најдолен вид, полтронско полно со кронизам, семејни врски како од шпански серии.
    Вие велите “но и останатите“ како да сакате да кажете дека доколку постапките од бр.1 до бр.7 не се исполнат дека тогаш никому ништо, но баш тука има многу од тие Комуњари кои би биле најзасегнати.
    И тука е таа правда многу потребна каде неправдата се толчи со вистината, кога ќе можеш на вистината да и погледнеш во очи без таа да те трогне или да те помрдне од место(она место каде срцето и умот се сретнуваат и спојуваат во едно).
    Тоа што вие го сакате Господине Муссо е Револуција без промена(значи нов устав без чистење од грешниците и штетниците од претходниот Режим), а предлогот на Магистерот Попески е Еволуција.
    На почетокот спомнав зошто не секој може да се бави со Правдата, па малку би сакал да објаснам за да имам подлога за заедничко разбирање во врска со прашањето “бавење со правдата“.
    Вие самиот на друго место објаснувате(мислам дека беше околу тоа кој е покорумпиран адвокатите или судиите)како тоа некој не можел да разбере дека адвокатот се изборил за негов интерес.
    Прво, на друго место го спомнав Хаксли со неговата книга “Doors of Perception” ниеден од нас луѓе на овој свет немаат ист распон на восприемање така да ако ја читам со брзина од 1000 збора во минута а вие само 500 тогаш кој е во предност.
    Кога сме веќе кај зборовите, да го наведам примерот со претпоследниот Есеј на Попески “Иредентизам, Лош Аргумент за Грција“ каде тој прави разлика во поимање на зборот Иредентизам меѓу еден Македонец и еден Словенец, чисто случај меѓу Вокабулари, ако ни тогаш не ви е јасно тогаш прочитајте ги Македонската книга за Голи Оток од Венко Марковски и преводот на Англиски или Македонскиот превод на “Четири спогодби“ од Дон Мигел Руиз и Англиското издание или најдобро препрочитајте го третиот вокабулар(Ц) на “1984“ од Орвел(како допрецизирање на примерот со претходните две книги(намерно Голи Оток е со осиромашен речник, запрашајте се зошто).
    И за крај секако бидејќи сте Економист ќе сфатите дека Еконоскиот жаргон се разликува од Правниот каде еден ист збор во Економијата да има едно а во Правдата друго значење.
    Инаку со вашата точка (7) се согласувам потполно.
    Една напомена до Господин Попески во врска со “Македонија не ја загуби војната“ поточно со еристичкиот трик каде
    Darth Vader(Црн Татко(која игра со зборови на Лукас)) војува со слики, јас не знаев дека е тоа еристички трик до сега но ми беше чудно зошто така размислува и се изразува.
    Благодарам за оваа напомена.
    Во исто време, што претставуваат спомениците? Дали и тоа не можат да се сватат како некој вид Еристика, значи делување на емоции, но против својот народ, отупувајќи му го интелектуалното сечило?
    Знам дека еланот и самопочитта на Македонецот треба да се подигнат на повисоко ниво но со продуктивноста а не со споменици.
    Толку од мене за сега.

    Thumb up 0

    • montehristo

      Да се допрецизирам околу продуктивноста, Владата треба да стимулира нови идеи, инвентивни идеи, преку Македонската Банка за Развој да кредитира Македонски Иноватори кои со нивните идеи ќе конкурираат со своите производи на меѓународниот пазар и плаќајќи данок кон државата а не со стимулирање на економски зони каде сопственикот нема да плаќа даноци, ќе има максимална добивка и во исто време домашниот производител ќе биде неконкурентен во споредба со оној странскиот во таа развојна зона.

      Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    Па Господине Поепски, некако како да ме “дестимулирате“ од дебатирање. Ваше право, а јас може и да го испочитувам. Затоа немсто дебата и предлози, како што планирав ќе одам со реплика. И ќе почнам од крајот. Не, јас воопшто не го преферирам ПЛАТОН, и чинам дека вонеколку наврати тоа јсно изрично го имам кажано.

    Она што “ќе ви го приговорам“ е содржано во неколку моменти.

    (1) Можам да ги споделам Вашите квлаификативи за Михајло Манески (и Наумов, секако), но сега, ако сакаме да продолжиме да притискаме (можеби секој на свој начин) да се реформира, дефинитивно, комунистичкото право, не би требало да се бавиме со “ликот и делото“ на Михајло Маневски, кој, убеден сум, е минато свршено време. Не постои ни теоретска можност тој да се “реинкарнира“ во (било која форма) власта. Меѓу другото и билогијата е фактор за тоа.

    (2) Со точките 8, 9, 10, (па и со погорните) се согласувам, но мислв да “ги надополнам“ со, вулгарно кажано, НОВ УСТАВ! Целосно нов, зашто овој јас го третирам како комунистичко – компромисерски кој, според мене, во основа не врши ни адекватна дефиниција, како на државата, така ни на граѓаните. Немам намера да “поништувам“ ефекти од “рамковниот“ бидејќи таму има одредби кои и онака треба(ше) да ги има во еден Устав на Република Македонија. Но дефинирање на државата како “збир од етникуми“ – тоа никако не го споделувам и БАРАМ, а и ќе се залагам таква (или алузија на такво нешто) да НЕМА во Уставот – особено не во дефиницијата на државата. Тоа нема врска со принципот на почитување на етнички и културолошки (читај јазични и верски) особености на одделни групи на граѓани, кој јас и го почитувам и го преферирам.

    (3) Покрај сета почит, Вашето тврдење дека Муссо бара “секој да се бави со право“ е неиздржано, пред се’ од причина што и во мојот коментар бавење со право е ставено во наводници. Но и без наводниците, би Ве замолил да објсните како тоа и на кој основ Вие или било која власт би “забранила“ или “ограничила“ некого да се бави со право? Па со такво едно тврдење (оставм можност и да не сме се рабрале најдобро) одите контра на сопствените заложби (подржани и од мене) за укинување на Академијата за судии и обвинители. Токму таа несреќна, необмислена и, за мене, “антиуставна и антицивилна“ – “Академија“ воспоставува “систем каде некому се ускратува правото професионално да се бави со право во сите сфери и сегменти“, при што децидно става пречка (она што Игор Јанев го потенцира како ULTRA VIRES кој е неиздржан, па и неоправдан) дипломиран правник да биде обвинител или судија (во сите инстанци).
    Компетенцијата да се биде адвокат, обвинител, нотар или судија (редоследот е азбучен!) се стекнува со формална едукација на правен факултет (и никој друг!), но и со полагање, секако и положување (секому достапно!) на адекватен стручен испит – стекнување со лиценца, која на корисникот на услуги (сите овие пружаат УСЛУГИ господине Попоески, а не владеат со луѓето – граѓаните!),на некој начин им ГАРАНТИРА дека ќе бидат ПРАВИЛНО, ПРОФСИОНАЛНО И (над се’) ЕТИЧКИ услужени.

    (4) Она со кое не се согласувам со Вас (пак оставам можност за мое недоразбирње!) е дека ттреба да се укинат лиценци за: стечајни управители (ова никако!), ревизори, вештаци… Никако. Самото формално образование од право, економија, медицина, градежништво, електротехника,…. не е гаранција дека “по автоматизам“ тоа лице може компетентно, ПРОФЕСИОНАЛНО И ЧЕСНО (етиката има тука врска, а?) да даде мислење, став, тврдење кое влијае врз нечија судбина, пресуда, административна постапка…

    (5) Нешто со кое исто така не се согласувам (и немад а се согласам и после стотици образложенија) е дека треба било што да преземеме од Словенија! Вие имата искуство (професионално) со Словенија, и јас имам, одредено, како проефсиоално, така и лично искуство со Словенија и Словенци кое “ми дава за право“ да имам таков став. ЕУ како опција за Република Македонија, исто така за мене не неприфатливо, ама ајде не е битно што му е на Муссо прифатливо или не, туку што Муссо може на десетици страни да образложува зошто мисли и тврди дека ЕУ е ШТЕТНА ОПЦИЈА за Македонија и Македонците.

    (6)За конзеравтивизмот на Груевски не би дебатирал. Јас за себе тврдам дека сум орто-конзеравтивец и дека ВМРО-ДПМНЕ е далеку од конзервтаивизам (особено не Британски – тоа се согласуваме, нели). Особено не “политички шарената“, удбомафијашки зачинета (и “поткрепена“) коалиција.

    (7) За разлика до 99,99% правници во Македонија, јас,како граѓанин, а мислам дека тоа право не може да ми биде “законски ускратено оти немам формално правна едукација“, значи јас – Муссо, преферирам COMMON LAW LEGAL SЅСТЕМ (оној кој се применува во најголем дел од светот, со исклучок на Европа – без Британија!) наместо CIVIL LAW LEGAL SYSTEM кој се применува само во ЕУропа и по некоја земја од Африка и Азија. И ова не дека многу ми се мили САД, Канда, Австралија, туку дека со лично искуство се имам уверено дека е тоа многу подобар, пефикасен, па и пофер правен систем. И тука ќе завршам, бидејќи за дебата не остана место (дисквалификација по едукативна основа, молам, Ваше право!) сакам да споменам дека Меѓународниот суд на правдата работи и одлучува на принципите на “општо правниот систем“ – англиски Common Law Legal System.

    Thumb up 0

    • Мирка Велиновска не е Устав на Република Македонија.
      Вие ја парафразирате Велиновска.
      Прочитајте го Уставот и кажете ми каде има такви работи за кои што зборува Велиновска.
      Затоа велам не треба да се бави секој со право.Таа има напишано текстови и текствови на таа тема.Како да е некој еминентен правник.

      Терминот „се бави“ го нема во Речникот на Македонскиот јазик(Зозе Мургоски), што треба да значи дека јас сум употребил странски термин.Меѓутоа, во речникот на Зозе Мургоски има термин се занимава:„…I 1. задржува нечиј интерес;окупира.2. окупира со пријатни или смешни нешта;забавува.II занимава се 1.одвојува време(на или за);го поминува времето во учење или за изучување(на определено прашање итн.);учи;се обучува(за или во):се занимава со проучувањето на флората во Македонија.2. прави или практикува нешто,осб. како професија:се занимава со медицина.3. покажува интерес за.“

      Термините „се бави“ и „се занимава“ во Речникот на словенечкиот книжевен јазик имаат пет толкувања, од кои што вториот е најблизок на она што сакав да го кажам со терминот „се бави“:„2. да се има нешто за предмет на своето занимање(во смисол на занает,м.з.), стручна работа:се занимава со поправање на чадори;се занимава со лечење/се занимава со занает, со трговија;жителите на тие краишта се занимаваат со сточарство/се занимаваат со рачна работа;се занимаваат со зајаци, одгледуваат зајаци/во вид на занимање, стручно да се занимаваш со нешто//да се има нешто за предмет на својата равбота, со еден збор:се занимава со домашни работи;се занимава со пишување песни;со готвење се занимава мајката, готви;во слободно време се занимава со сликање, слика;се занимава со градинарство/со тој случај се занимава полицијата, го решава;со таа тема се занимаваат сите часописи, пишуваат за неа.“

      Од наведеното е јасно дека вие не се занимавате со право, туку дијалектички и реторички расправате(а понекогаш и еристички, што не е дозволено).
      Расправањето не само што е дозволено за секого, туку е и пожелно во демократска земја.
      Се согласувам со вас дека е потребен нов устав, но не поради вашите причини.
      Нов устав е потребен бидејќи овој не е во склад со примарното и секундарното право на ЕУ, а што е најважно, не е во склад со Европската конвенција за човековите права.

      Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    Чекам викенд, малку да се растеретам и тука дебело ќе полемизирам со господинот Попески. Има нешто со што апсолутно се согласубам како и нешто со кое… не се согласувам и нема никогаш да се согласам. Молам, секој граѓанин има право на свој удел и став по основ на правниот систем. Правото и “бавење со правото“ НИКАКО НЕ Е РЕЗЕРВИРАНО само за правници! Би било така кога само на таа категорија и би се однесувало, но ако јас како граѓаин одам пред суд, имам законски обврски, секако и права, тогаш едно од тие права е да влијаам и врз актуеклниот правен поредок, еднакво со правниците. А листата на предлози ќе ја “надополнам“. Да наговестам – ќе почнам од Уставот кој, според мене, МОРА ДА СЕ НАДОПОЛНИ, МОДИФИЦИРА… абе ни треба НОВ УСТАВ со прецизни јасни и со трајни вредности формулации. Прости Марјан, но ова што сега го имаме е папазијанија, па нема шанси со таков Устав да го “средиме“ Уставниот Суд – нешто околку кое целосно се согласувам… Ние имаме комунистички устав, почитуван Марјане. Да не беше таков немаше ниту да иаме такви “орто-комунистички“ одлукина тој Суд.

    Thumb up 0

    • И м-р Груески мисли дека со право може да се бави секој.Зошто инаку би го ставил за министер Михајло Манески(комунистички обвинител), а пред него шефот на ВМРО Георгиески, Ѓорѓи Наумов(комунистички обвинител).Луѓе на кои што органот од точка 8 на колумнава што го предлагам, ќе им ги проверува предметите во кои што постапувале и ќе утврдува дали ги прекршувале човековите права.

      Според Аристотел, најважното и најтешкото нешто е правото.Само блажените треба да се бават со законодавство(Аристотел).Самиот напишал околу 150 устави, од кои што е сочуван само „Устав атински“.
      Кога ова ќе го рече човек кој што ги создал скоро сите денес познати науки, јасна е вистинитоста на исказот.
      Европа е тоа што е само заради Аристотел и Платон.
      Британците се тоа што се заради Аристотел:„…Енглези унапред, још у раној младости , испаштају своје империјалистичке грехе, јер их како у Кембриџу тако и у Оксфорду приморавају да читају сваку реч Никомахове етике(Вил Дурант, „Ум царује“, Дерета, Београд, 1991, стр.96).“
      М-р Груески ни преведува учебници од Кебриџ и Оксфорд, а не го знае најважното:Кембриџ и Оксфорд се Аристотел(или барем се обидуваат да бидат).
      Би го поставил ли човек што ја има прочитано „Никомахова етика“ Михајло Манески за министер за правда.Па тој беше задолжен во комунизмот правото да го убие(според марксизмот правото требаше да одумре).
      Груески на збор е за најуспешниот модел(британскиот), а на дело не ја има прочпитано ни „Никомахова етика“(Она што е Библијата за Христијанството, тоа е „Никомахова етика“ за филозофијата).
      За британската наука, кон која наводно се стреми Груески, „Никомахова етика“ е непогрешива:„Матју Арнолд каже да су у његова доба оксфордки професори сматрали Етику као непогрешну.Кроз три стотине године ова књига и Политика формирале су дух владајуќе класе у Енглеској…(Вил Дурант, „Ум царује“, стр.96).“

      Од ова јасно произлегува дека помеѓу британскиот конзервативизам и конзервативизмот на Груески нема ништо заедничко.
      Груески сака британски ред и култура без британски услови.Без Аристотел.
      Тој не знае дека причината за Британија е Аристотел.
      Тој не знае дека причината за Александар Македонски е Аристотел.
      Тој не го познава железниот закон;причина и последица.

      Не сте во право ни кога велите дека секој може да се бави со право.
      Има нешто што се вика постулациона способност.Да немаше министри како Михајло Манески(комунистички обвинител) уште во време на Груески ќе го разберевте значењето на овој поим.
      Имено, Словенците веќе одамна воведоа норма, која што и забранува на странката да вложи ревизија, доколку нема правен факултет и правосуден испит.
      Доколку ги слушате комунистичките правници, ќе ви речат дека тоа е за да имаат адвокатите работа.
      Доколку ги слушате Британците, или Аристотел преку нив, ќе разберете дека правото е најтешка работа и затоа странката мора да има адвокат за ревизија пред највисокиот суд.Само адвокатите имаат постулациона способност да вложат ревизија.Ќе ви најдам многу адвокати во Македонија и Словенија што отишле во пензија, а не вложиле ревизија, а камоли лице шпто не е правник.
      Но, комунизам и се е можно.Особено во ренесанса на комунизам.

      И за крај, за она карикатура од закон за бесплатна правна помош, која што треба да оди во прилог на моите наводи, а не оди.Не оди затоа што го правеше Михајло Манески(комунистички обвинител).Само да го препишеа словенечкиот и се ќе беше во ред.Но Михајло Манески(комунистички обвинител) знае само хрватски(или српски), а Хрватска е дури и поназад од нас на тој план.

      Thumb up 0

    • Можеби повеќе го преферирате Платон, отколку Аристотел.
      Ама кај него е уште подрастично.Тој своето дело „Закони“ го има довршено во длабока старост, како последно.
      Најкратко;Платон ги пишувал „Закони“ цели педесет години од својот живот.

      Thumb up 0