Скокање во височина

„Мечки лови оној што може, а не оној што сака (руска поговорка).“

Проф. д-р Петрушевска е единствената, што пред мене го посочи правото на самоопределување како решение  на најголемиот проблем што го има Македонија.[1]

Значи, способноста да се прави разлика што е битно, а што небитно е способност за ловење мечки. Тие што ја немаат таа способност, им се префрлува дека ја кршат логичната доследност во форма на ignoratio elenchi (непознавање на спорната точка).

За тие што сакаат а не можат, велиме дека се честољубиви. 

„Честољубивите и болвите, имаат мерак да скокаат во височина (германска поговорка).“

Најистакнати помеѓу честољубивите што не можат, а сакаат, се д-р Камбоски и д-р Фрчкоски, кои што, за да биде несреќата поголема за Македонија, се во интелектуален конфликт по прашањето за Рамковниот договор.

Вториот, го избриша од Уставот правото на самоопределување, а бидејќи првиот никогаш не приговараше на тоа, ниту во правото на самоопределување ја гледа спорната точка за решавање на проблемот, слободно можеме да кажеме дека и двајцата не ја познаваат спорната точка.

Меѓутоа и двајцата имаат мерак да скокаат во височина.

Проблемот со овие двајца што сакаат да скокаат во височина е во тоа што секој си има армија професори подржувачи, а бидејќи д-р Камбоски стана Претседател на МАНУ, а д-р Фрчкоски беше лустриран, армијата на д-р Камбоски станува побројна и посилна. Зад него е и власта. Додека беа равноправни, тоа беше една смешна галама, но сега веќе меракот за скокање на д-р Камбоски стана државна политика. Бидејќи ова државна политика стана опасна за Македонија, мораме да кажеме и да докажеме, дека по однос на Рамковниот договор исправни се ставовите на д-р Фрчкоски.

Иронијата да биде поголема, исправноста на неговиот став ќе ја докажеме со правото на самоопределување, кое што тој го избриша од нашиот Устав.

Д-р Камбоски за Рамковниот договор вели:

„Рамковниот договор е еден капитулантски акт, капитулантски чин кој долгорочно ќе има тешки последици за сите граѓани на Република Македонија.“[2]

Фрчкоски за Рамковниот договор вели:

„Секој договор има потенцијал, енергија ако е направен на „здрави нозе“. Јас мислам дека овој договор е здрав, бидејќи се држи до некои стандарди…“[3]

Другите аргументи му се argumetum ad baculum, argumentum ad verecundiam и argumentum ad hominem.

Многу е битно да се види кој е во право, бидејќи колумните на д-р Ванкоска и Велиновска за Рамковниот договор темелат на ставот на д-р Камбоски, но деталите кај овие две можат да доведат до тоа, Македонскиот народ да им поверува. На едната и е аргумент преамбулата, а другата веќе ја прогласува Македонија федерација.

На наше задоволство, а за жал на д-р Камбоски и д-р Фрчкоски и проблемот со Рамковниот договор се разрешува со правото на самоопределување.

Имено, каталогот на човековите права, Пактот за граѓански и политички права, содржи само еден член за малцинствата, а тоа е член 27. Тој е основ доктрината да изјави дека постои право на внатрешно самоопределување. Овој член вели дека на малцинствата нема да им биде одземено правото, заедно со другите членови на својата група да ја уживаат својата сопствена култура, да ја манифестираат и практцираат својата вера и да го употребуваат својот јазик.

Ова се правата што ги има албанското малцинство во Македонија. Ништо повеќе. Сите обиди во меѓународното право малцинствата да добијат повеќе права, беа одбиени со аргументација дека малцинските права се заштитени преку заштита на човековите права. Албанците тоа го знаат и своите права ги бараат пред се преку Европската конвенција за човековите права, што на Македонија никако не може да и штети.

Аргументот на преседанот со Косово е несоодветен, бидејќи Македонија никогаш на Албанците не им ги кршеше човековите права, како што тоа го правеше Србија[4]. Албанците во Македонија секогаш учествуваа во власта на највисоко ниво. Да беше поинаку, ќе поминевме како Србија и ќе имавме „Илирида“.

Албанците беа и војнички поразени[5], а Рамковниот договор беше меѓународен инструмент, со кој што поразените милитантни структури се интегрираа во државата.

Каде гледа Велиновска проблем со новата преамбула, кога и таму стои дека Македонија е држава на Македонскиот народ. Каде гледа д-р Ванкоска промена на унитарниот карактер на Македонија?

Аргументите со знамињата се несоодветни и обични еристички трикови на следбениците на д-р Камбоски.

Па во Словенија во Уставот уште во 1991 година е запишано дека малцинствата имаат право да го истакнуваат знамето на народот на кој што му припаѓаат (Италија, Унгарија), па Словенија си остана унитарна држава. Народот на Албанија е дел од дефиницијата[6] за албанското малцинство, но тоа на Никоски не му е јасно, па му префла на д-р Фрчкоски зошто тоа влегло во Уставот (пред десетина дена во „Нова Македонија“).

Зарем не знаат д-р Камбоски, а сега и власта дека во дефиницијата на малцинство е лојалноста кон државата и дека на нелојланото малцинство можат да му бидат одземени правата согласно член 4 од Пактот за граѓански и политички права. Доколку некој треба да се плаши, тоа е оној несреќен „војвода“  и албанското малцинство заради нелојалност, бидејќи преку телевизија се закануваше со војна, верувајќи му на д-р Камбоски дека Македонија капитулирала.

И за крај еден пример.

За време на војната во Хрватска, српското малцинство се дигна на востание и освои војнички голема територија на Хрватска. Меѓународната заедница кај српското малцинство не виде причини за надворешно самоопределување (како во случајот со Косово) и никогаш не го призна самоопределувањето на српското малцинство. Хрватска дури доби помош од Меѓународната заедница и дел од територијата врати под своја јуридикција со воена сила.

Меѓутоа, Источна Славонија, никогаш не беше ослободена со сила, ниту пак имаше обид тоа да се направи.

На 12. 11. 1995. година, Хрватска склучи со претставниците на локаните српски органи основна спогодба за Источна Славонија, Барања и Западен Срем. Составен дел на таа спогодба беше покана до ОН, на ова подрачје да воспостават привремена управа за период од една година. Советот за безбедност донесе резолуција 1037 (1996) и воспостави преодна управа на ОН за Источна Славонија (УНТАЕС). Целта на ова управа беше да и се помогне на Хрватска да воспостави ефекктивна власт на територијата на Источна Славонија, врз основа на начелото дека областа е дел од територијата под суверенитет на Хрватска. Ова не беше спроведено за една, туку за две години, а дури во почетокот на 1998 година и престана функцијата на преодната управа.[7]

 

 

 

 


[1] „Спротивно, инсистирањето на РМ дека употребата на какво било име во меѓународниот сообраќај, вклучително и името Македонија, самото по себе ниту фактички е ниту може да биде фактор на загрозуање нечија безбедност, уште помаку опстанок, и дека тој некој што него го проблематизира доведува во прашање серија од темелни ius cogens принципи на меѓународното јавно право врз кои почива современата меѓународа заедница: самоопределување на народите, исклучива внатрешна надлежност на државите; суверена равноправност на државите, е без сомнение најрелевантниот критериум кој го „цементира“ спорот како правен par excellance („Спорот за името“, студентски проект, раководители роф. Д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Татјана Петрушевска, ЈП Слжбен веснк на РМ, Скопје 2008, страница 306.).“

 

[2] Ибидем, страница 329.

За да не ни се префрли дека е извлечен од контекст, прочитајте ги и страница 342-349.

[3] Ибидем, страница 332.

[4] Уште во СФРЈ, 1977, проф.д-р Петрич од Љубљана преку ставот на G. Decker кажа дека едно малцинство што е постојано дискриминирано и тлачено до степен да е загрозено неговото право на постоење, има право на надворешно самоопределување, а токму поради овие причини тоа се случи дваесетина години подоцна: »Vsak narod  je dolžan, kot poudarja G. Decker, spoštovati tudi pravico do samoodločbe drugih narodov; »še posebej je dolžan priznavati pravico do narodnega obstoja drugih narodov«. (G. Decker, op. Ct., str 230.) Če tega ne stori, če ne omogoči narodni manjšini obstoja in razvoja ali je res ogrožena manjšina, dolžna samomorilsko vztrajati v lojalnosti do države-in do kdaj-kjer nima zagotovljene osnovne možnosti za svoj narodni ali celo fizični obstoj.« (Dr.Ernest Petrič, »Mednaodnopravno varstvo narodnih manjšin«, Založba obzorja, Maribor, 1977, stran 150.)

[5] Генералот Ангелов изјави дека Македонија не загуби ниедна битка.

Бидејќи беше храбар и ранет, а во мир се однесуваше достоинствено, се грижи за своето семејство и својата татковина, а материјалните добра не му се во преден план; естетскиот суд на Кант е на негова страна, спореден со секој политичар во Македонија.

[6] Најдобра дефиниција за малцинство дава членот на Комисијата за меѓународно право на ОН и нејзин поранешен Претседател, проф. д-р Ернест Петрич од Словенија:

»Definicija »manjšine«, kot jo je oblikovala podkomisija, vsebuje tele elemente: iti mora za nedominantno skupino prebivalstva dežele; skupino, ki ima svoje etnične, verske ali jezikovne značilnosti in tradicije, različne od ostalega prebivalstva, in jih želi ohranjevati; podano mora biti praviloma zadostno število oseb, da more skupina ohranjevati svoje značilnosti in tradicije; skupina mora biti lojalna do države, katere državljanstvo ima (pudaril M.P.). (Ибидем, страница 80)

 

[7] Danilo Turk, »Temelji mednarodnega prava«, GV Založba, Ljubljana, 2007, stran 126-127.