Душевно спокојство
Она што гледачот го трогнува до солзи е заносниот, со среќа исполнет поглед, со кој што убавата млада жена го гледа својот маж.
Потоа го обзема есенска тага заради големината и минливоста на човековата среќа.[1]
Затоа , како што би рекол, Аристотел (“Реторика”) во една поговорка; од животот треба да го прифатиме и доброто и лошото. Тоа би било значењето на поговорката што ја употребува; да се земе и калта и солта.
Како ниедно друго животно, човекот живее во стадо. Секое негово издвојување од стадото е болно и создава душевно неспокојство.
А, како што кажавме во претходната колумна, здравјето е најбитно за нашата среќа. Но веднаш зад него е душевното спокојство.[2]
Од друга страна, најмногу болка ни предизвикуваат другите членови на стадото.[3]
Затоа, првите ограничувања поради Корона вирусот, добро им дојдоа на сите.
Но, подолго некомуницирање со другите членови на стадото го нарушува душевното спокојство.
Подолгата изолација на припадниците на стадото има лоши последици и на оние, кои поради јачината на нивниот интелект, доброволно и порано се наоѓале во самолизолација во однос на стадото. Оваа последица на самоизолацијата на членовите на стадото, не е лесно да се забележи, а ние ќе ја потенцираме, за да можете да се подготвите за периодот по изолацијата.
Имено, како што телото, после долго седење во соба станува толку осетливо према надворешните влијанија, па и најблагиот ветер му шкоди, така поради непрекината самотија и повлеченост, ние стануваме преосетливи. На зборови упатени кон нас, па и на погледи, стануваме вознемирени, жалосни и навредени. Небитни настани не вознемируваат и не жалостат.[4]
Овие последици на осаменоста и повлеченоста, која што е неопходна поради светската епидемија, е пренагласена кај оние со најјак интелект.
Значи, самиот факт што ве предупредуваме на овие последици, треба да ве натера да се вооружите со допонитлно трпение за периодот по повлеченоста и осаменоста.
Фактот, што оние кои остануваат во метежот на животот, на вакви ситни ствари и не обрнуваат внимание, не наведува на заклучок дека овие последици ќе исчезнат со учество во тој метеж на животот, така што со луѓето ќе комуницираме за она што тие нависина го знаат (со ѕидар за да ни направи преграден ѕид, со ветеринар за нашето милениче, со лекар за нашето здравје, со правник за нашиот спор и слично) и ништо повеќе од она што навистина го знаат.
Исто така помага, доколку дел од претходната осаменост, понесеме во метежот на животот што ќе следи. Мислиме на следново : она што ќе го кажат луѓето, да не го земаме за сосема сигурно; морално, да не очекуваме многу од нив; интелектуално, да не очекуваме од луѓето многу. На овој начин, по повод мислењето на луѓето, ќе ја зацврстиме онаа потребна равнодушност, која што е најсигурно средство, човек да стане пофално толерантен. На овој начин, човек, иако се наоѓа меѓу луѓе, во своето стадо, тој нема да биде сосема во нивно друштво. Тој кон стадото ќе се однесува чисто објективно, а тоа ќе го сочува од близок допир со стадото, од секакво валкање, па дури и од повреда.[5]
На опишаниот начин постигнуваме две цели што се битни за нашето спокојство: ем го задоволуваме нашиот инстикт за припадност на стадото, ем се заштитуваме од навреди, валкања, па дури и повреди што може да ни ги нанесе стадото.
Во услови на повлеченост и осаменост, нагласено е незадоволен нашиот инстикт за припадност на стадото.
Поради тоа, состојбата со нашето здравје, сонот, храната, температурата на воздухот, времето и други надворешни работи, имаат поголемо влијание од обично, врз нашето расположение, а ова пак на нашите мисли. Поради тоа, нашето гледиште за некоја ствар, толку многу зависи од времето, па и од самото место каде што се наоѓаме. Затоа, како што вели Гете; треба да се користиме со доброто расположение, кое доаѓа така ретко.[6]
Особено Аристотеловата логика е сигурен лек за душевно неспокојство.
Ние дури мислиме, дека психоанализата на Фројд е применета Аристотелова логика во лечењето на душата, комбинирана со најголемите достигнувања на Шопенхауер на полето на психологијата.
Затоа, треба да му веруваме на Аристотел кога вели, дека доколку сакаме се´ да покориме (тука спаѓа и стравот од епидемијата, како и она што следи по него) да му се покориме на умот и разумот.[7]
Доколку успееме да го сочуваме здравјето и душевното спокојство за врме на епидемијава, треба да размислиме и што треба да преземеме за периодот што следи по неа. Притоа треба да имаме во предвид дека и случајот игра голема улога. Доколку сами жртвуваме средства и време за периодот на епидемијата[8]и по неа, сме вложиле премногу за една опасност која ни се заканува од далеку. Велат дека веќе постојат стари лекови (против маларија и јак антибиотик) кои во комбинација даваат одлични резултати. Неколку сериозни држави велат дека се блиску до пронаоѓање вакцина. Поради ова нашите индивидуални жртви не треба да бидат преголеми. Евентуалната вакцина, или лек против Корона вирусот, можат да направат нашите индивидуални жртви да станат непотребни, бидејќи опасноста исчезнала. Промените што сме ги направиле поради епидемијава, можат да ни наштетат во животот по епидемијата. Затоа, во своите зафати не смееме да одиме предалеку во иднината, туку треба да сметаме и на случај. Мораме на оваа епидемија смело да и погледнеме в очи, во надеж дека и таа, како и многу црни облаци во досегашниот наш живот, ќе помине без да не убие.[9]
А што се однесува до евентуалните материјални загуби што можат да настанат поради епидемијата; ни самиот цел живот, а камоли материјалните добра, не се вредни за човек кукавички да се тресе и да му се стега срцето. Затоа живејте како храбри луѓе и испружете и ги на несреќата смелите гради.[10]
Значи, оседлај го добро коњот и јавај спокојно.
Почитувај ги прописите за однесување во оваа епиемија, како и правилата на некои од државите што најдобро се справија со епидемијата и јавај спокојно.
Шопенхауер и Хегел живееле во ист град кога избувнала чума.
Двајцата избегале.
Хегел се вратил прерано, се заразил и умрел.
[1] НИЧЕ, Фридрих, Putnik i njegova senka, Beograd, Paideia, 1998, stranica 121.
[2] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 30.
[3] Ибидем.
[4] Ибидем, страница 36-37.
[5] Ибидем, страница 37.
[6] Ибидем, страница 43.
[7] Ибидем, страница 46.
[8] Медицинската струка не остави на цедило. Некои велат дека на лето ќе престане епидемијата, некои велат дека ќе трае три години, а некои дека никогашнема да исчезне.
[9] Ибидем, страница 83.
[10] Ибидем, страница 88.
Последни коментари