Измама и предавство

Комунистичката историја во СФРЈ нé учеше дека Тито му рекол на Сталин не, дека бил голем јунак. Од книгата на Алберт Светина „Од ослободителна борба до бандитизам“ може да се заклучи дека тоа е измама. Дека Тито е предавник, кој ги предал грчките комунисти. Книгата е објавена во 2004 година, а авторот по војната е втор човек на словенечката УДБА: „Заради помошта што му ја вети Западот, на цедило ги остави грчките комунисти, кои се бореа против Англичаните“. Спротивно на официјалната историја во СФРЈ, Светина пишува: „Со резолуцијата на Информбирото, Сталин се откажа од Тито, а не обратно“. Дека предавството било причина Сталин да се откаже од Тито пишува и Богдан Сајовиц во својата книга „УДБА“ објавена во 2006 година. Пред неколку месеци хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека е пронајден дневникот на Тито од 1950 година. Од него е утврдено дека интензивно учел англиски и преговарал со Западот за бег. Заклучокот е како на дланка, дека поради предавството на грчките комунисти, Сталин сакал да го ликвидира, а се очекувал и напад на СФРЈ, по кој Тито би побегнал на Запад.

Од ова може да се заклучи дека дејствувањето на Сталин било во корист на македонските интереси, а дејствувањето на Тито против. Со евентуален успех на грчките комунисти, Македонците во Грција во најмала рака би добиле автономна покраина. Следува уште еден заклучок, за Македонците важен и за сегашноста, а тоа е дека македонските комунисти се поделиле помеѓу Тито и Сталин. Пологичен е заклучокот дека тие што застанале зад Тито, учествувале во предавството на македонските интереси. Најлогичен е заклучокот дека истите владееја со Македонија 45 години во комунизмот и 20 години во транзицијата и бидејќи повторно се загрозени македонските интереси, повторно ќе нé предадат. Цела левица е нивна, а многу ги има и во десната влада. Сите сталинисти, партизани, борци, вмровци и други што се залагаа за интересите на Македонците скапуваа по затвори. Владимир Дедиер пишува дека околу 32.000 биле на Голи Оток и Свети Гргур, што е најголем прогон во Европа по Хитлер и Сталин. Стигнаа и третата генерација Титови наследници, кои преку разни инкубатори (академии на судии, на обвинители), а со централна поддршка на УДБА (не е грешка, преименувањето на оваа служба не значи дека нешто суштински се изменило во нејзините цели), ги зазедоа местата на своите претци.

За да биде текстов поверодостоен, ќе се послужам и со аргументи набавени од западни извори. Во 1997 година во Париз е објавена „Црна книга на комунизмот“ од група автори (Штефан Куртоаз, Николас Верт, Жан Луј Пане, Анджеј Пачковски, Карел Бартошек и Жан Луј Марголин). Според оваа книга, ЕЛАС (комунистите) се пред победа во граѓанската војна, но исходот го менуваат Британците, па Грција не станува комунистичка држава. Меѓутоа, во јануари 1946 година, СССР покажува интерес за Грција, вложувајќи интерпелација во Советот за безбедност на ОН, поради британската присутност во таа држава. На 12 февруари 1946 година, ККЕ (Комунистичката партија на Грција) носи одлука за востание со помош на југословенските комунисти. Очигледно е дека ваквата одлука е во склад со политиката на Сталин. На 30 март 1946 година, ККЕ ја презеде одговорноста за почнување на третата граѓанска војна. Првиот напад на ДА (Демократска армија, формирана 28 октомври 1946) го води генералот Маркос Вафиадис. Паралелно и истовремено, војува и ККЕ. Никос Захариадис (генерален секретар на ККЕ), по турнејата во Белград, Прага и во Москва, најавува скорашно формирање „слободна“ влада. Според авторите, грчките комунисти биле убедени дека можат да го изберат истиот пат како и Тито, четири години пред тоа.

За да биде поверодостојно и посликовито предавството на Тито кога станало очигледно дека комунистите победуваат во Грција, ќе ги цитирам авторите:

„Југословените отидоа толку далеку, што испратија во Грција дури доброволци – некаде околу десет илјади!, од редовите на својата армија. Многубројните извештаи на посебната истражна комисија на ОН за Балкан го утврдија исклучителното значење на таа помош за Демократската армија“.

Според авторите, во 1948 година Тито се одлучи за повлекување и така ги предаде македонските интереси и грчките комунисти. По ова, веројатно на секого ќе му стане јасно зошто Советот на Европа, ЕУ и САД секаде бараат лустрација, а во Македонија се рамнодушни. Десната опција, доколку сака да ја анулира оваа „предност“ на Титовите наследници, мора да побара помош од Советот на Европа, ЕУ и САД, за Македонија да расчисти со своето комунистичко минато. Тоа е единствениот начин да се докаже дека на власт е демократска десница, а истовремено да се отстранат сомневањата дека Советот на Европа, ЕУ и САД „одлично соработуваат со Титовите наследници“.

Пред неколку дена, еден од архитектите на словенечката самостојна држава, проф. д-р Димитриј Рупел, им испрати писма на сите амбасадори во Словенија (и самиот дипломат и министер за надворешни работи на Јанша) во кои ги известува дека Словенија не може сама да расчисти со комунистичкото минато. Доколку Словенија, која прва го напушти комунистичкиот котел, изврши лустрација на судството, во книга ги објави имињата на 14.000 кодоши, стана членка на ЕУ, а не може докрај да се справи со комунизмот, до толку повеќе Македонија е цврсто во канџите на комунизмот и десницата треба да побара помош.

Објавено во Нова Македонија на 24 март 2010

  • Здраво Марјан,

    прво, ти благодарам за одличните текстови, мислам дека просторот кој ти е овозможен е премал во однос на квалитетот којшто го нудиш.

    Би сакал да те надополнам во однос на текстот, според мене одговорноста за грчките комунисти во чии редови се наоѓале мнозинството Македонци, им припаѓа подеднакво и на Сталина и на Тито, не бил само Тито оној што своеволно одлучил да ги остави на цедило и оној што ги пренасочил македонските бригади на Срем наместо на Солун.
    Вината е поделена на повеќе актери, од Западот како и од Истокот, имено станува збор на “Договорот за Процентите“ меѓу Сталин и Черчил за тоа како да се подели Југоисточна Европа во сфери на влијание.
    Тито бил “подизведувачот“ на овој договор, без оглед на која страна се приклонил бидејќи и двете страни сносат директна одговорност.

    Потоа на 9 Октомври, 1944 Черчил и Сталин се состанале на конференција во Москва и Черчил предложил дека:

    1. Советскиот Сојуз треба да има 90 отсто влијание во Романија и 75 отсто во Бугарија;
    2. Обединетото Кралство треба да има 90 отсто влијание во Грција,

    3. додека во Унгарија и Југославија***, Черчил предложил дека тие треба да имаат по 50 проценти секој.

    Процентите на влијание ги негоцирале Ентони Идн и Вјачеслав Молотов, коишто сепак резултирале со зголемување руското влијание во Унгарија на дури 80% .

    ***Како замена за ова Сталин си го додржа ветувањето во однос на Грција.
    Британија ги поддржа грчките владини сили во граѓанската војна во 1947 додека Советскиот сојуз стоеше настрана и не им помогна на комунистичките партизани.

    “Stalin kept to his promise about Greece. Britain supported the Greek government forces in the civil war but the Soviet Union did not assist the communist partisans.“

    (P. M. H. Bell, The World Since 1945: An International History (2001), ISBN 0340662352)

    види слика: http://pic.mk/images/dtc58tif.gif

    Најважниот дел од овој договор:

    Во основа британската страна сакала слободно дејствување во своите операции во Грција, во замена, таа понудила слободни дејствија на Москва за престојните операции против Романија.

    Поздрав,
    М

    Thumb up 0

    • Марјан Попески

      Благодарам за подршката и убавите зборови.
      Се чини дека има мало недоразбирање во хронологијата на настаните, па доколку сум во право во ред, во спротивно, поправете ме.Имено точно е дека во 1944 година дури и Сталин не бил за отпор против Британците:
      „Кон тоа допринеле дури и Сталиновите директиви, кои што кон крајот на 1944 им одбрусил на комунистите да го скријат оружјето и да чекаат поприкладна шанса за да дојдат на власт.Тоа беше кажано потполно недвосмислено на 19. ноември 1944 во Кремљ во разгооворот помеѓу Сталин и Морис Торез, генерален секрета на француската партија…(Stephane Courtois, Nikolas Werth, Jean-Louis Panne, Andrzej Paczkowski, Karel Bartosek, Jean-louis Margolin, “LE LIVRE NOIR DU COMMUNISME”, Vtor del, podpoglavje Kominternata na delo, Pariy, 1997).
      Меѓутоа, јас во колумната пишувам за третата граѓанска војна во Грција, која што започнува 1946 година.Настаните што следат се делумно опишани во колумната и се сосема точни, а предавството на Тито било толку големо, што Сталин решил да го убие Тито.Тој од предавството на Тито заклучил дека западот ќе го нападне и забрзано се вооружувал за да ја освои цела Европа.За таа цел производството на оружје само во Чекословачка било зголемено за дест пати.Тито за Сталин бил нов Троцки, кој што морал да биде ликвидиран:
      „Бидејќи Тито не сакаше да му се подреди на Сталин(1948 година, м.з.) и ја начна неговата севозможност, го прогласија за нов Троцки.Сталин се обиде да го убие, но Тито беше сомничав и ја уживаше заштитата на својот државен апарат.Бидејќи комунистичките партии по светот не можеа да го ликвидираат, почнаа да дивеат симболични политички масовни убиства и исфрлање од своите редови на „титоистите“, како некакви жртвени јарци(истото погорецитирано дело, истото подпоглавје).“
      Значин не само што Сталин нема ништо со предавството на Тито, туку тој го сметал за најголемо зло за комунизмот.
      Значи, Тито сам ги предаде грчките комунисти, а со тоа и македонските интереси.Се до својата смрт, Сталин така и се однесуваше.
      Според истата книга, Тито е најголемиот крвник по Втората светска војна со Голи оток и Свети Гргур.Истата книга се повикува на личниот биограф на Тито Дедиер, кој тврди дека на овие два острови се однесени 31.000 жртви.Пресметката на комунистите со титоистите во другите комунистички држави не била ни приближна со злосторството на Тито, иако имало судски процеси и усмртувања.

      Thumb up 0