Голем е зборот: благодарам

Постојат само две состојби: природна состојба и правна состојба.[2]

По барање на Грција, Западот и го прекрши на Македонија најважното човеково право на еден народ, правото на самоопределување, од член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН, кое што е норма ius cogens. Со склучување на Времената, а подоцна со Преспанскиот.

На опишаниот начин, Западот ја суспендира правната состојба и воведе природна состојба, која подразбира правење што се може и што се сака, или упростено-војна состојба.

Барањето на Грција Македонија да го смени името, претставува јавно изразена воља, која претставува максима, според која, доколку би станала општо правило, не би бил возможен никаков мир помеѓу народите, туку природната состојба би била овековечена. Бидејќи грчката максима, доколку стане општо правило, го крши член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН (најважен меѓународен договор), на секого му е јасно дека кршењето на Повелбата ги засега сите народи, чија слобода со тоа е загрозена. Затоа, тие се обединуваат против таквото неправо, за да му ја одземат моќта за чинење на тоа неправо. Но, немаат право да си ја разделат таа земја, ниту пак да направат таа да исчезне. Тоа би било неправда кон народот, кој не може да го загуби првобитното право да се обедини во политичка заедница. На државата што чини неправо, може да и се наметне ново уредување, кое што според својата природа е неповолно за склоност кон војна.[3]

Благодарност за Кант.

Според максимата на Грција, која што Западот со Времената и Преспанскиот ја претвори во општо правило; Германија може да бара од Австрија да го промени името во Јужна Германија, а Австрија од Словенија Јужна Австрија. Србија може да бара од Хрватска да го промени името во Западна Србија. Србија може да побара од Северна Македонија да го смени името во Јужна Србија.

 

 

Иако сојузниците од 1941 до 1944 во неколку политички документи го прифаќаат правото на самоопределување, него го нема во нацрт повелбата. Кон крајот на април 1945, кога во Сан Франциско е одржана конференцијата за Меѓународната организација, на инсистирање на Советскиот Сојуз повторно се разгледува ова прашање и правото на самоопределување станува дел од Повелбата на ОН.[4]

Благодарност за Русија.

“На пример, доколку е склопен некој меѓународен договор кој што е спротивен на ius cogens (се мисли на договор кој овозможува потлачување на народи, или елиминација на фундаментални слободи на цела популација), тој договор несомнено би го загрозувал не само народот против кој што е насочен, туку светската заедница како целина.”[5]

Благодарност за Касезе.

“Во својот коментар, Комисијата за меѓународно право ја илустрира поентата на член 29 повикувајќи се на правото на народите на самоопределување: ‘ Некои влади, одвреме навреме, изразуваа сомневања дека притисокот на некоја влада за акција на странската влада претставува само оправдување за ‘интервенција во фундаменталното право на секој народ да избере облик на власт под кој што тој сака да живее’ или за интервенција која би ‘потпомогнала одржување (ненародна влада) на власт, спротивно на желбите на мнозинството на нејзиниот народ и која со тоа е насочена кон тоа на дадениот народ да му го ускрати елементарното право… на самоопределување  (потенцирал М.П.). Дали би, да речеме, денес бил прифатлив ставот дека притисокот на владата на некоја суверена држава на воспоставување ex novo протекторат над таа држава или некој друг систем кој би ја направил зависна од некоја друга држава, би имал за последица отстранување на лошите импликации на тој систем? Општопризнатиот безусловен карактер на забрана на мешање во независноста на други држави и во правото на самоопределување на народот, јасно сведочи за тоа дека прифаќање на таков став би било исклучено(потенцирал М.П.).”[6]  

 

Благодарност за Комисијата за меѓународно право на ОН.[7]

Значи, ваква ситуација како што конструираа со помош на Запад, ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА) и СДСМ (УДБА), Комисијата за меѓународно право на ОН предвидела, како што предвидела и отстранување на последиците.

Солон, прашан, што треба да се прави за луѓето да чинат помалку неправда, одговорил, дека, кога на луѓето што не им е нанесена неправда, би се лутеле онолку, колку и оние на кои што им е нанесена неправда, помалку би се чинела неправда.[8]

Досега, само Русија постапувала по советот на Солон.

Не само што се лутела, туку ја леела и руската крв. Особено за Словените на Балканот.

Од другата страна, никаква благодарност.

Кога Аристотел го прашале, што застарува најбргу, тој одговорил; благодарноста.[9]

И покрај тоа, Русија и денес се однесува во склад со својата поговорка: “Своето ‘благодарам’ не жали го, а туѓото не очекувај го.”[10]

Оваа поговорка ја слушаме и преку Достоевски: “Кога еден Англичанец Гледстон пишува за руската војна со Турците:’Ослободувајќи милионски маси од сурово и понижувачко ропство, Русија ќе му направи на човештвото таква услуга , таква сјајна услуга, што историјата ќе мора тоа да го запамети и такво нешто никогаш нема да исчезне од благодарното паметење на народот.”[11]

Русија, без никаков интерс ги ослободи Словените (и други народи) на Балканот не штедејќи ја својата крв. Русија го ослободи светот од чудовиштето Хитлер не штедејќи ја својата крв. Русија (Сталин) го воскресна Македонскиот народ и му овозможи да го оствари правото на самоопределување на делот што се наоѓаше под Србија. Да не се случеше предавството на британскиот кодош Тито 1948, Македонскиот народ ќе го реализираше правото на самоопределување и во Грција, и во Бугарија.

Благодарам Русијо.

Достоевски раскажува еден пример од грозотиите на Турците врз поробените Словени. Во Москва дошла група словенски деца. Меѓу нив едно девојче помеѓу 8 и 9 години, кое често се онесвестувало. Турците, пред нејзини очи на татко и му ја дереле кожата и му ја одрале цела. На Достоевски му се гади таа цивилизирана Европа што дозволува дерење кожа заради нејзините интереси. За да може да тргува. За благосостојба.[12]

“Достоевски ќе крикне:”Не, сериозно: што има од таа благосостојба, која што се постигнува по цена на неправда и дерење на кожи?”[13]

Каква е таа благосостојба на Западот, што се постигнува по цена на дерење на кожата на цел еден народ.



[1] Превел М.П. ,RADIĆ, Tomislav, Vox populi : Zlatna knjiga poslovica svijeta, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 372.

[2] КАНТ, Имануел, Метафизика морала-Сремски Карловци; Нови Сад : Издавачка књижарница Зорана Стојановиќа, 1993, страница 150.

[3] Ибидем.

[4] КАСЕЗЕ, Антонио, Samoodređenje naroda-Beograd : Službeni glasnik, 2011, stranica 59.

[5] Превел М.П. , ибидем, страница 206-207.

[6] Ибидем, страница 238.

[7] Нејзин претседател беше мојот ментор д-р Ернест Петрич, а сега член во трет мандат. Само Хрватска и Албанија од цела Европа не гласаа за неговиот трет мандат.

[8] DIOGEN, Laertje, Život i Mišljenja istaknutih filozofa-Beograd, Dereta, 2003, stranica 40.

[9] Ибидем.

[10] Превел, М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox Populi : Zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izd.-Zagreb, Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 372.

[11] ИВАНОВИЋ, Живота, Fjodor Mihajlovič Dostojevski : Srbi između Rusije i Evrope-Beograd: Prosveta, 2013, stranica 130.

[12] Ибидем, страница 40.

[13]Превел М.П. , ибидем, страница 42.

  •