Вистина

„Вистината не е курва, која што им се беси околу вратот и на оние што воопшто не ја сакаат, туку таа е  горда убавица чија што наклонетост не знаеме дали ќе ја стекнеме и доколку и посветиме се што можеме(Schopenhauer, »SVET KOT VOLJA IN PREDSTAVA«, Društvo slovenska matica, Ljubljana, 2008, stran 16. Превел М.П.)“

По последната моја колумна, м-р Милошоски истрча во еден медиум близок до власта и продолжи во ист стил со пресудата. Медиумот го промовира во доктор, а на сајтот на парламентот ја нема таа промена. М-р Милошоски, како причина да не биде министер за надворешни работи, наведе дека немал време за семсјството. За да се докторира потребни се 180 ЕКТС, или 3.600 часа оптоварување со учење.

М-р Милошоски и нему наклонетите, досега не го побија мојот полисилогизам, а пофално е за него што не се служеше со еристика, за да ме побие.

Сега воведоа реторика, што е дозволено. По пресудата, нему наклонетите исфрлија еден скриен petitio principi во форма на ентимем(реторички силогизам).

Тие тврдат;Македонија ја склучила Привремената согласност, а договорите мора да се почитуваат.

Скриената премиса(она што не се изговара), а ми се припишува мене, гласи;тој што бара невалидност(ништавност) на договор, не почитува договор.

Заклучок:Попески не почитува договор.

Пред да  се одбранам од ентимемот што ме напаѓа, добро е моите читатели да знаат, во какви услови мислиме за најважното прашање јас и моите читатели на сајтов, а во какви услови мисли м-р Милошоски и неговите.

Ние сме како оние филозофи на Платон(»Teetet«, Plato, Beograd, 2000, stranica 138-139.), кои што секогаш имамaат време и своите расправи ги водиме удобно и во мир. Кога сакаме го напуштаме предметот на расправа и се бавиме со друг предмет на расправа. Така се случува и само еднаш месечно да расправаме. Но, кога ќе најдеме нов  доказ и тој повеќе ни се допадне од оној што ни е при рака;интензивно расправаме. Така, на почетокот беше „Стратегијата“ и ништавноста. Потоа преминавме на прејудициелна деклараторна тужба, за на крај да дојдеме до изјава за ништавност и жалба до Меѓународниот суд на правдата. Нам, не ни беше важно дали кратко, или долго расправаме, туку ни беше важно да ја достигнеме вистината.

М-р Милошоски и неговите пак, секогаш брзаат, како да ги дави вода во грло и не им дозволува да расправаат за тоа што сакаат, туку противниците(Грците, соросоидите и Црвенкоски) им стојат над глава и им кажуваат што смеат да говорат, а што не смеат, постојано мавтајќи им со Привремената и резолуциите. Така, м-р Милошоски и неговите не расправаат, туку водат борба за живот.

Значи, за разлика од м-р Милошоски и неговите, ние не сме слуги на расправата, туку секоја поединечна расправа е наш роб и чека да биде завршена, кога нам тоа ќе ни се свиди. Освен тоа, кај нас нема шефови, ниту пак ни е грижа за партиското членство, што постојано им приговара и наредува на м-р Милошоски и неговите.

Платон во „Државник“ не советува прво да ги одвоиме најголемите шарлатани меѓу софистите, од вистинските државници. На ова место мораме да застанеме и чесно да признаеме дека партијата на м-р Милошоски тоа го направи со комунистите(нецелосно) и соросоидите(Platon, »Državnik«:»-Најголемите шарлатани од сите софисти и најискусните во таа умешност. Иако е тоа многу тешко, мораме прво нив да ги одвоиме од вистинските државници и кралеви, доколку сакаме јасно да го запознаеме она што го бараме.“ Превел М.П.).

А еве уште една причина на Платон(„Држава„, седма книга), зошто м-р Милошоски може да произведе само софизам. Според Платон, човек треба да живее во склад со разумот и етиката, а особено многу да учи од животот. Доколку преживее на тој начин, на педесет години треба да се спушти во Платоновата пештера(нашиот комунизам) и да ги вади заробениците(Македонците од комунизмот).

Дали ова може да го прави м-р Милошоски со 33 години(со политика се бави од 1998, а можеби и порано)?

„-Оние пак, кои што се тркалаат во црното незнаење и малодушност ги понижува со распределување во робови(Platon, Državnik«, stranica 366).«

Токму вака не третираа комунистите нас Македонците, а сега УДБОМАФИЈАТА. Како робови. А тоа го постигнуваа со држење во незнаење.

И сега, не го прави ли тоа истото м-р Милошоски? Не не држи ли во незнаење со претставувањето на пресудата како добро?

Read More