Смрт, живот, страв

Во ова време на смрт, се сеќаваме на Америка и нејзините домородци.

Каква штета што ова освојување не го направи Александар Македонски.

Американците ги уништи тоа што беа подобри од Западна Европа и со тоа сами себе се предадоа. Подобри од Западна Европа во побожност, во почитување на закони, во доброта. Европските завојувачи ги подложија со лукавства и пеливански мајстории. Ги подложија со чудесно светкање на огледалца и ножеви, за кои домородците даваа цели богатства во злато и драги камења. Доколку на ова му се додадат громовите на западноевропските пушки и топови, кои што би го збуниле и Цезар, јасно е дека беа фатени на изненадување. Ги изиграа со привидно пријателство и добронамерност. Споредете ја ова несразмерност во корист на завојувачот и вие ќе им одземете секаква вредност на нивните победи.[1]

Зошто ова освојување на Америка не му припадна на Александар Македонски, па благо да го оплемени она што е диво, а да го зајакне и размножи доброто семе на староседелците. Тој би ги споил доблестите на Македонците со доблестите на староседелците. Какво воодушевување би предизвикало тоа кај луѓето од онаа страна. Тоа би предизвикало подражавање, а подражавањето братски односи и меѓусебно разбирање.

Спротивно на ова, Западна Европа ги научи на издајство, разврат, грамзивост, нечовечност и свирепост, се‘ по примерот на Западна Европа. Превисока цена за да се тргува. Толку градови срушени до темел, толку народи истребени. Заради тргување со бисер и бибер. Победи без чест.[2]

И сега против Русија, основната понуда на Западот е смртта. Наместо огледалциња; тенеќиња (луксузни автомобили) и други глупости. За возврат го сакаат целокупното богатство на Русија.

Меѓутоа, Русија е илјадагодишна држава. Плус има и громови.

„Кој што сака добро да умре, треба на време да почне да умира (Германска).„[3]

Во бесвесна состојба се губи секаков поим за време. Сеедно е дали во таква состојба ќе останеме три месеци, или десет илјади години. И едниот и другиот рок, мораме после будењето да го примиме на доверба. Затоа сеедно е дали својата индивидуалност ќе ја добиеме назад после три месеци, или после десет илјади години.[4]

Стариот завет човекот го подложува на владеење на закони, кое што доведува до спасение. Меѓутоа, Новиот завет, наместо закони, проповеда царство на блаженството, во кое се влегува преку вера, преку љубов кон ближниот и аскетизам и порекнување на сопствената волја. Тој дури и го отфрла Стариот завет.[5]

„Не плаши се од смртта, доколку сакаш да живееш (Руска).„[6]

Сеќавањето, кое што е насочено на она што во моментот го посматраме и оние впечатоци кои што на тоа се однесуваат, се чини како во нашата душа да пишуваат говори. Кога таквиот впечаток ќе го запише она што е вистинито, и претставата е вистинита, и вистинити се оние говори кои што настануваат во нас како последица на тоа. Но, кога таков еден писар во нас ќе го запише она што е лажно, резултатот е спротивност на вистина. Тоа значи дека во нашата душа, покрај писарот, постои и сликар, кој што го слика она што е кажано. Сликарот тоа го прави, откако ќе се ослободи од претставите и зборовите настанати преку видот. Истово ова важи и за сите видови страв, гнев и слично на тоа. Дека сето тоа, понекогаш е лажно.[7]

Разумен човек не е добро, себеси и својата душа да им ја довери на зборовите и да им служи. Стварите треба да ги проучуваме онакви какви што се, а не според нивните имиња. Така се открива вистината.[8]

Смиреноста не е природен дар, туку доаѓа како последица на размислувањето за

корисното, како дел од етичното.[9]

Навикнете се на помислата, дека за нас смртта ништо не значи, бидејќи се’ што е добро и лошо се наоѓа во чувствата, а смртта претставува крај на сите чувства. Ова сознание смртноста на животот го претвора во задоволство, бидејќи ја одзема желбата за бесмртност. Животот не содржи ништо страшно, за оној кој што сватил дека во неживеењето нема ништо страшно. Будала е секој што се плаши од смртта што доаѓа, а не затоа што таа ќе му зададе некакви маки кога ќе дојде. Бидејќи, она што не не вознемирува кога е стварно присутно, тоа може да предизвика само мала болка кога го очекуваме. Според тоа, смртта, нема никаква работа со нас; бидејќи додека ние постоиме, смртта ја нема, а кога таа ќе стигне, тогаш нас не нема. Затоа, како што при изборот на јадењата, не избираме поголем оброк, туку повкусен, така се обидуваме да уживаме во времето што е најдобро, а не најдолго.[10]

„Што повеќе мислиш на смртта, толку подобро ќе живееш (Англиска)[11]

За се’ што работиме и ствараме, целта е да бидеме слободни од телесни болки и слободни од обеспокојувачкиот страв. И кога тоа сме го постигнале, се стишува секаква олуја која беснее во нашите души. Имаме се’ што е потребно за целосно задоволство, како на душата, така и на телото.[12]

„Еднаш, некој старец насекол дрва и носејќи ги, требало да изоди долг пат. Но, истоштен од патот, го одложил товарот и почнал да ја повикува смртта. А кога смртта се појавила и го прашала, поради која причина ја повикува, старецот рекол: ‘За да го поткренеш товаров!’„[13]


[1] МОНТЕЊ, Мишел Де, Ogledi-Beograd : Ušće, 2001, stranica 263-265.

[2] Ибидем.

[3] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, страница 296.

[4] ШОПЕНХАУЕР, Parerga i parlipomena-1.Deretino izd.-Beograd: Dereta, 2013, stranica 125.

[5] Ибидем, страница 144.

[6] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, страница 411.

[7] ПЛАТОН, Menaksen; Fileb-Beograd : Rad, 2001, stranica 83 i 86.

[8] ПЛАТОН, Kratil, Teetet, Sofist, Državnik-Beograd : Plato, 2000, stranica 80-81.

[9] Епикур во : DIOGEN, Laertije, Život i mišljenja istaknutih filozofa-Beograd : Dereta, 2003, stranica 371.

[10] Епикур во : DIOGEN, Laertije, Život i mišljenja istaknutih filozofa-Beograd : Dereta, 2003, stranica 372.

[11], Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, страница 411.

[12] Епикур во : DIOGEN, Laertije, Život i mišljenja istaknutih filozofa-Beograd : Dereta, 2003, stranica 373.

[13] АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 63.

  •