Плачи, плачи…

Јас се’ што ви говорам тоа го имам и видено, а доколку сум се излажал додека сум гледал, не ве лажам додека ви говорам..„.[1]

Задача на убавината е да ствара радост.[2]

Од лицата кои природата ги створи лични, колку малку останаа да не развеселуваат со својата убавина. Грижите, жалоста и лишувањата ги изопачија нивните црти, како што ги изопачуваат и нашите срца.[3]

Велат дека и најповршното познанство му дава за право на човек да задави друг човек.[4]

Во Турција имало семејства, во кои од татко на син никој не се насмеал откако била основана монархијата.[5]

Една умна глава вели дека 75% од обраќањата на луѓето еден кон друг се навреди.

Доколку се сложиме дека навредата е неволја, склон сум да заклучам дека секој човек некако интуитивно знае дека со навредата навредениот е ставен во неволја, а неволјата го слабее умот.[6]

Луѓето кога не навредуваат се трудат навредата да биде што поголема. А навредата е толку поголема, колку повеќе на неа мислиме.[7]

Повисоките по ранг и богатите никогаш не пропуштаат да го истакнат својот ранг и богатство. Но, смртта, пожарот и кражбата ги изедначуваат сите луѓе.[8]

Треба добро да внимаваме како се однесуваме кон своите блиски, бидејќи секоја смрт буди во оние кои остануваат рој од мисли за тоа што се’ пропуштиле и колку малку направиле. Колку работи заборавиле да ги направат и колку ствари пропуштиле да поправат. Нема потешко каење од залудно каење.[9]

Плачи, плачи…

Плачењето ја шири плуќата, го чисти лицето, ги мие очите и го поправа расположението.[10]

Наполеон рекол дека на еден кој што се’ би жртвувал за општо добро, доаѓаат милиони кои знаат само за уживање и суета. Дека во Париз човекот го ценат заради неговата кола, а не заради неговите доблести.[11]

Нема ништо пожално, отколку кога човек гледа како некоја убава ствар која ја рекол, умира во увото на глупавиот кој го слуша.[12]

Сиот човеков лошотилок и глупавост се понагласени во Америка.

Во Америка човек не смее да се надева на сожалување…Човекот постојано го третираат како куче, па на крај помислува дека е куче… Америка е полна со доктори измамници… Секој ја користи својата моќ и го навредува понискиот од себе. Кога човек еднаш ќе се навикне на тоа, звучи исто како правилно отчукување на часовникот… Секогаш, дури и во најјасни околности, ќе се најде некој кој сака да го загрижи својот близок.[13]

Разликата помеѓу американските правници, офицери, трговци и банкарски чиновници и работничкиот сталеж се сведува на разлика во храната што ја јадат, оделото што го носат и крајот во кој што живеат.[14]

Американската таканаречена демократија, не е ништо друго, туку лажен социјализам, маскиран со зборови кои што не можат да ја издржат пробата на речникот.[15]

Ниче беше во право. Светот им припаѓа на јаките – јаките кои што во исто време се благородни и кои што не се тркалаат во калта на трговијата и берзата. Светот им припаѓа на вистинските благородници, големи ѕверови со сина крв, на оние кои не знаат за компромис и колебливост.[16]

Плачи, плачи…Америко.

„Тринаесет колонии ги исфрлија своите управувачи и формираа таканаречена република. Робовите станаа свои сопствени господари. Повеќе не постоеја господари со меч. Но вие не можевте без господари, па се појави нов вид на господари; а тие не се големи, снажни, благородни луѓе, туку лукави трговци, заемодавци слични на пајаци. И тие повторно ве заробија – но не отворено, како што тоа би го направиле вистински благородни луѓе со силата на својата десница , туку скришум, по пат на лукавство, со вовлекување, ласкање и со лаги. Тие ги купија вашите ропски судии, ги расипаа вашите ропски законодавни тела и ги подложија вашите ропски синови и ќерки со пострашни ужаси од феудалното ропство. Два милиони од вашите нејаки деца денес работаат во трговската олигархија на Соединетите Американски Држави. А десет милиони од вас, робови, немаат ни добар покрив, ни доволно леб (потенцирал М. П.).“[17]

Маскирање на ропството; негово преоблекување во религиозна облека; негово воздигнување со моралот на постарата ќерка на еврејската религија, христијанството.[18]


[1] Стендал, Црвено и црно, Београд, ЛОМ, 2015, страница 378, 492.

[2] Џек Лондон, Мартин Идн, БИГЗ, НАРОДНА КЊИГА, РАД, Београд, 1977, страница 425.

[3] Čarls Dikens, Izabrana dela (Oliver Tvist, Priča o dva grada, Velika Očekivanja), Vulkan, Beograd, 2021, stranica 114.

[4] Монтескије, Персиска писма, Просвета, Београд, 1951, страница 51.

[5] Ибидем,е страница 59.

[6] Стендал, Црвено и црно, Београд, ЛОМ, 2015, страница 372.

[7] Ибидем, страница 316.

[8] Čarls Dikens, Izabrana dela (Oliver Tvist, Priča o dva grada, Velika Očekivanja), Vulkan, Beograd, 2021, stranica 135..

[9] Ибидем, страница 160.

[10] Ибидем, страница 173.

[11] Стендал, Црвено и црно, Београд, ЛОМ, 2015, страница 383.

[12] Монтескије, Персиска писма, Просвета, Београд, 1951, страница 89.

[13] Franc Kafka, Америка -Beograd, Laguna, 2016, stranica 41, 203, 235, 258, 274.

[14] Џек Лондон, Мартин Идн, БИГЗ, НАРОДНА КЊИГА, РАД, Београд, 1977, страница 361.

[15] Ибидем, страница 446.

[16] Ибидем, страница 446-447.

[17] Превел М.П. : Ибидем, страница 456.

[18] NIETZSCHE, Friedrich, Volja do moči: poskus prevrednotenja vseh vrednot : iz zapuščine 1884/88-ponatis iz leta 1991-Ljubljana, Slovenska matica, 2004, stran 208.

  •