Лагата е бесмртна душа на Македонскиот комунизам

Една умна глава изјави дека доколку само за пет минути беше укината,или забранета лагата, комунизмот веднаш ќе пропаднеше.

Јанша, според анкетите, идниот премиер на предвремените избори во декември во Словенија, го сврти овој постулат против словенечките медиуми: „Доколку би ја забраниле лагата во Словенија за еден ден, повеќето медиуми би пропаднале… (sds.si/news/9521).“

Доколку е вака во европска Словенија, уште полошо е во комунистичка Македонија со медиумите. Велам комунистичка, зашто највлијателните новинари се ортодоксни комунисти, а советниците на претседателот и премиерот, исто така. А доколку лагата е темелот на комунизмот, на тоа затруено дрво и плодовите се затруени.

Така се случи да имаме десна комунистичка и лева комунистичка влада.

Ова состојба во Македонија го крши вториот закон на мислењето: Законот за исклучена противречност, кој гласи; Два, помеѓу себе противречни суда, не можат истовремено да бидат вистинити.

Не може ортодоксен комунист да биде советник на десна влада. Тие две работи се исклучуваат една со друга.

На пример. Што ќе го советува Светомир Шкариќ претседателот. Само за комунизам. Тој, иако веќе 14 години Македонија ја има ратификувано ЕКЧП, тврди дека над Уставниот бил само бог и со тоа ја потврдува една од божјите заповеди на комунистичкото право, која што вели дека тоа ги третира меѓународните договори како декларации. Тој советува поништување на законот за лустрација (прочистување од комунизам).

Веќе насетувате дека сакам да ги потенцирам како најопасни правниците. Како најголеми комунистички мајстори на лагата.

Но, не е така и во Словенија, иако живеевме во иста држава. Додека кај нас претседател на Уставниот суд беше д-р Трендафил Иваноски, за кој што постои правосилна судска одлука дека бил соработник на тајната комунистичка полиција, во Словенија Уставниот суд со едногласна одлука на сите девет судии ја укина одлуката на градоначалникот на Љубјана со која што една улица во Љубјана е именувана според Тито.

Оваа одлука во Словенија се доживува како пораз на комунистите, но вас ве интересира дали е правилна.

Уставниот суд ја укина улицата именувана по Тито, бидејќи во тоа препозна симболично дејствие, со која што градската власт на Љубјана му изрече признание на некогашниот недемократски режим. Во одлуката U-I-109/10 од 03.10.2011.година, Уставниот суд посебно го потенцира почитувањето на човековото достоинство, кое што спаѓа во јадрото на Уставот. Со ова одлука, Уставниот и испрати порака на градската власт во Љубјана (комунистичка), дека со мнозинството што го има, не може да прави што ќе и текне. Иако одлуката на градските власти не крши ниеден закон, таа е во спротивност со вредностите што ги прокламира уставниот поредок.

Дека Тито е злосторник, во Словенија потврди и претседателот на здружението на борците, титовиот партизан д-р Јанез Становник.

За да не може на текстов да му се префрли невистинитост на претходниот заклучок, еве од кој постулат произлегува: „На прашање, дали тоа значи дека Тито е одговорен за масовните убиства, Становник одговори дека `никаде на светот нема војска, каде што би можело едно такво масовно убивање да се случи без знаење на врховното водство`. (http://www.rtvslo.si/index.php?c_mod=news&op=print&id=267711, превел М.П.).“

После ова, што мисли советникот на претседателот, Шкариќ, за постоењето на партијата „Титови леви сили“, која што коалицира со Црвенкоски, кој што не така одамна, предлагаше да му се подигне споменик на Тито.

Не го загрижува ли фактот дека сите девет уставни судии (меѓу кои и тројца еминентни професори) мислат дека се крши човековото  достоинство со именување на улица по Тито, а во Македонија и денес кога на власт е навоодно десна демократска опција, се глорифицира Тито.

Дали Шкариќ и другите комунисти во десната влада ни порачуваат дека ние Македонците немаме човеково достоинство и дека кај нас Тито може да се глорифицира?

Уставниот суд на Словенија најде основ за својата одлука во член 45 од Уставот кој што гласи:

Член 45
(право на петиција)

Секој државјанин има право да вложи петиција и други иницијативи од општо значење.

За да не мора советникот на претседателот да размислува и да истражува дали и во нашиот Устав има ваква одредба, јас велам има и тоа е одредбата на член 24, став 1 од Уставот која што гласи:

„Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор“, во врска со член 108 од Уставот.

На прашањето на Тито, комунистичките советници на претседателот и премиерот, треба да станат свесни дека и Македонците имаат право на достоинство.

Но, не само тоа. Тие се должни да превземаат дејствија и да ги советуваат претседателот и премиерот во духот на нашиот Устав, кој што не се разликува многу од словенечкиот (на неколку места е во спротивност со примарното и секундарното право на ЕУ).

Се дотогаш, тие ќе бидат само плодови на затруено дрво, поради кои што Македонија не направила ни милиметар кон напуштање на комунизмот и неговиот симбол Тито.

За  да можат судиите (во случајов, моите читатели) да донесат вистинит суд, дали Шкариќ и Претседателот на Уставниот суд на Република Словенија проф.д-р Ернест Петрич многу се разликуваат, еве еден дел од издвоеното мислење на Претседателот на Уставниот суд на Словенија, со кој што се укинува улицата на Тито:

„ 5. Последиците на тоталитаризмот сеуште притискаат бројни народи, како и европската историја.Токму заради тоа Парламентарното собрание на Советот на Европа ја потенцира потребата за осудување на злосторствата на тоталитарните режими, а со тоа и на тие режими како такви и Европскиот парламент изрази почитување на жртвите на сите тоталитарни режими.Исто така и Уставниот суд на Република Словенија, во низа одлуки ја потенцира нездружливоста на некогашниот комунистички режим со современите европски стандарди за заштита на основните човекови права(превел М.П.).“

И за крај. Знајте дека проф. д-р Ернест Петрич е на слична возраст(1936) како Шкариќ. Во СФРЈ станал професор, бил амбасадор.

  •