За кувет

Дефиницијата одговара на прашањето што е нешто. Ја прави јасна суштината на една ствар. Од доказот ни станува јасно дали одреден атрибут му припаѓа на одреден субјект.[1]

Затоа на мојот разумен читател му се јасни и најсложените поими. Употребуваме најдобри дефиниции и правиме совршени правни силогизми.

Поради тоа моите научни докази за името, тиранската платформа и договорот со Бугарија се несоборливи. Истовремено овие три прашања се најбитни за Македонија и затоа „Бојкотирам„ има најдобра програма од сите што се бават со политика.

Значи, најкратко, решенијата за овие три проблеми се во: а) член 1, став 2 на Повелбата на ОН, б) член 27 од Пактот за граѓански и други политички права и в) член 51 од Повелбата на ОН.

„Родина„ е исто така блиска до програмата на „Бојкотирам„.

Резултатите од изборите се одлични за „Бојкотирам„ и „Родина„. Камшикарот е поразен, а германскиот стипендист има 35.000 гласови помалку, отколку при последниот пораз.

„Левица„ е трета што е најблиска до програмата на „Бојкотирам„.

Д-р Апасиев докторирал Римско право, што го прави компетентен за политика.

Римското право е Аристотел.

Римјаните ја користеле филозофијата на Аристотел, преведена на јазикот на судска реторика, бидејќи Аристотел во своите дела Никомахова етика, Политика и Реторика, посебно го анализира правното искуство на грчките градски заедници, кои се прилично слични со римските.[2]

Значи, учењето од Аристотел во однос на учењето од денешните автори на Римско право е како да пиеш вода од извор, наместо од водоводни цевки.

Д-р Апасиев[3] има учествувано во научен проект за името.[4]

За мене особено е важно што татко му бил бранител, што ја гарантира македонската волја.

Со поставување на трите цели на „Бојкотирам„ : 1. правото на самоопредлување, 2. правата на малцинствата и 3. правото на постоење, се прави остра разлика помеѓу овие три субјекти со македонска волја, непријателот УДБА и предавникот Депанданс на УДБА, на другата страна.

Средствата што ќе ги предложам за постигнување на трите цели на „Бојкотирам„ ќе направат уште поголема разлика и Македонците нема да гласаат за Депандансот на УДБА.

Доколку гласачите на камшикарот прогледаа и го одстранија, дотолку поголем ќе биде притисокот од гласачите врз германскиот стипендист да ја прифати програмата на “Бојкотирам”, или неговите гласачи ќе го одстранат, како што гласачите на камшикарот го одстранија камшикарот.

ПРВО, трите субјекти со македонска волја да внесат во своите програми дека ќе донесат закон, со кој што комунистичкиот режим (комунистичката партија) од 1948 до 1991 ќе го прогласат за злосторнички. Во тој закон ќе има одредби со кои што ќе се продолжат некои рокови, кои што според сегашните закони се застарени.

Ваков закон донесе Чешка.[5]

Со овој закон ќе го одстраниме од политичкиот живот на Македонија непријателот на Македонија СДСМ, кој што е правен сукцесор на комунистите.

Најново е што и Брисел бара отворање на архивите на УДБА. Брисел дури сега сватил дека организираниот криминал на територијата на поранешна СФРЈ е изворниот грев за криминални работи на територијата на цела ЕУ.[6]

ВТОРО, трите субјекти со македонска волја да бараат, Врховниот суд на Република Македонија УДБА да ја прогласи за терористичка организација, како што тоа го направи во пресуда, Врховниот суд на Република Словенија.

ТРЕТО, да се обврзат дека ќе издадат книга во која што ќе видиме како е сплетена удбашката мрежа од 1948 до денес. Да видиме колку судии и обвинители има таму. Колку судии и обвинители, синови, ќерки и внуци на удбаши има таму.

Во Словенија д-р Јоже Пучник, жртва на УДБА, овозможи да се објават имињата на сите од кои што е сплетена удбашката мрежа.

Со првото средство ќе исчезне притисокот врз судиите и обвинителите.

Со второто средство, ќе извршиме легален притисок врз судиите и обвинителите да се определат во однос на УДБА и ќе знаеме на што сме.

Со третото средство ќе ги откриеме сите судии и обвинители поврзани со УДБА за да ги одстраниме.

ЧЕТВРТО, трите субјекти да се обврзат дека ќе воведат ново кривично дело за судиите, кои што го искривуваат правото, нелогично[7] судат и употребуваат недозволени докази.

Вакво кривично дело има Словенија во член 288 од својот КЗ.

Сите западни земји имаат вакво кривично дело.

ПЕТТО, судија кој во својата одлука нема да наведе барем еден прецеденс на ЕСЧП, веднаш да биде разрешен.

ШЕСТО, сите судења да се снимаат и да можат да се гледаат на телевизија.

Бидејќи судиите на УДБОМАФИЈАТА се легално средство за притисок, четвртото средство ќе го оневозможи тоа, бидејќи судијата од ловец ќе се претвори во ловина.

Петтото средство ќе ги натера да ги применуваат прсудите на ЕСЧП како задолжителни, а не ЕКЧП да ја третираат како необврзувачка декларација. Јас имам пресуда на ЕСЧП од 2010 во која е досуден највисокиот износ против Македонија, која што ни после 11 години не е операциоализирана. Еден од судиите на Врховниот суд, Васил Грчев, кој учествувал во кршењето на човековото право на суд е дури и унапреден во времето на Груевски, наместо да биде разрешен.

Шестото средство ќе овозможи да се види сета глупавост и лошотилок на судиите на УДБОМАФИЈАТА, поради што очекувам голем број судии сами да си заминат.

Адвокатот, правобранителот и обвинителот, мора да состават правен силогизам, што е најтешко, додека судијата само треба да оцени дали има правен силогизам, што е многу лесно. Способноста за составување премиси е редок дар, додека способноста за заклучување ја има секој човек со здрав разум.

И за крај два историски примери колку го возвиши македонскиот народ Западот со неуспешниот референдум, сакајќи да го понижи и да му го одземе достоинството.

На преговорите(Брест-Литовски) со Троцки, кобасичарите[8]( Килман) ја даваат формулата како го разбираат кобасичарите правото на самоопредлување. Тие му велат на Троцки дека кога ќе ги запоседнат Полска, Финска и Балтичките земји, ќе им овозможат извесен начин на самоопределување. Волјата на овие народи ќе се изрази со посредство на „националните„ органи створени од германските окупациони власти.

Троцки не ја прифатил оваа формула.[9]

Македонија, под окупација на кобасичарите и целиот Запад, а во режија на УДБА и Депандансот на УДБА, им приреди неуспешен референдум.

После неуспехот, кобасичарите си се вратија на старата формула од времето на Троцки и преку камшикарот и „националните„ органи формирани од кобасичарите, ни го сменија името.

Кобасичарите[10] два пати го одликуваа камшикарот за сработеното, но не му кажаа како завршуваат камшикарите. А еден Германец има напишано книга за тоа.[11]

Словенечките доброволци се обидуваат да ја освојат Корошка но неуспешно. Австријците преминуваат во противнапад. На Словенцитие пролетта 1919 им доаѓаат на помош Србите кои што го одбиваат против нападот и лесно ја освојуваат Корошка.

Победничките сили одлучуваат Корошка да оди на референдум. На 10. октомври 1920 мнозинството во Корошка гласа за Австрија, иако 70% од гласачкото тело говори словенечки. Најмалку 40% од Словенците, гласаат за Австрија. Словенците овој референдум го доживуваат како своја најголема катастрофа, бидејќи Корошка ја имаат за лулка на словенството.[12]

 


[1] ARISTOTEL, Organon, Kultura, 1970, Beograd, stranica 327.

[2] ВИЛЕ, Мишел, Rimsko pravo: njegova aktuelnost/Zemun : Biblioteka XX vek; Beograd ; Plato, 2001, stranica 43-44.

[3] Критиките што му ги давав во моите колумни остануваат валидни, бидејќи ниедна заблуда нема одстрането.

[4] СПОРОТ за името меѓу Грција и Македонија  : студентски проект/редактори Светомир Шкариќ, Димитар Апасиев, Владимир Патчев.-Скопје : Службен весник на Република Македонија, 2008.

[5] JANŠA, Janez, Okopi-Ljubljana : Mladinska knjiga, 1994, stran 87-91.

[6] https//demokracija.si/fokus/bruselj-odprtje-arhivov-…-vzporedne u-mehanizmu-v-Sloveniji-končno-stopil-na-rep/

[7] Пресудите мора да темелат на трите закони на мислење на Аристотел и на четвртиот закон на мислење на Лајбниц. Пресудата мора да има правен силогизам.

[8] Така Толстој ги нарекува Германците во “Војна и мир” и уште додава дека нив не ги победил само тој што не војувал со нив (Лав Н. Толстој, Рат и мир I , Просвета, 1961, Београд, страница 130).

[9] ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš : Gradina, 1990-II tom, stranica 103.

[10] И Достоевски ги нарекува кобасичари (Фјодор М. Достојевски, Браќа Карамазови, Просвета, Београд, 1972, страница 628.).

[11] “DIE REBELLION DER GEHENKTEN”.

  •